Galaxy Watch3 41mm BT
Најнапредно следење здравствени параметри на паметен часовник
Часовник кој внимава на тебе. Galaxy Watch3 комбинира продуктивност како паметен телефон и водечка технологија за следење здравствени параметри, споени во еден премиум и класичен уред. Нашиот најнапреден Galaxy часовник досега, Galaxy Watch3, ти помага лесно да имаш контрола над обврските и здравјето — ставајќи ја твојата благосостојба во твои раце.1, 2, 3, 4
CLASSIC и PREMIUM
Единствениот часовник со прецизна ротирачка рамка за навигација на апликациите
Избери од две големини, 45 mm или 41 mm, секоја со изглед кој долго се памети. Достапна во мистично црна, мистично сребрена и мистично бронзена нијанса, уникатната ротирачка рамка го истакнува елегантниот дизајн за изглед кој плени во текот на целиот ден.5
ВЕЛИЧЕСТВЕН ДИЗАЈН
Со поголем дисплеј, но полесен и потенок за удобно носење
Благодарение на суптилната ротирачка рамка, полесно можеш да го видиш и да се фокусираш на она што ти треба, на уште поголем екран. Galaxy Watch3 е потенок и помал и дури околу 15 % полесен со софистициран изглед и намалена рамка, идеален за твојата рака.6
КОЖНО РЕМЧЕ
Врвен квалитет, сè до ремчето
Дизајнот на Galaxy Watch3 е комплетиран со уникатно премиум кожно ремче. Старата кожа дава природен изглед, а кога ќе го свртиш, ќе видиш зајакната кожа која штити од обезбојување.
ПРИКАЗ НА ЧАСОВНИКОТ
Убав и паметен во комбинација
Дополни го препознатливиот изглед на Galaxy Watch3 со најголемиот избор на бројчаници, сите совршени за елегантното тело. Направи си сопствена комбинација со повеќе од 40 функции и добивај ги информациите кои ти требаат додека лесно пристапуваш до твоите омилени апликации.
Земи го здравјето во свои раце, преку зглобот
КИСЛОРОД ВО КРВТА
Диши полесно со вграденото мерење на кислород во крвта
Galaxy Watch3 користи црвени LED и инфрацрвени зраци за да го процени нивото на кислородна сатурација (SpO2) т.е. количината на кислород во твојот крвоток. Бидејќи кислородната сатурација е директно поврзана со физичките перформанси, може да го користиш Galaxy Watch3 за да ја подигнеш рутината на повисоко ниво.15, 16, 17
Angled view of a 45mm Galaxy Watch3 in Mystic Black with Blood Oxygen measurement GUI.
Side view of a 45mm Galaxy Watch3 in Mystic Black with fall detection GUI.
Front view of a 45mm Galaxy Watch3 in Mystic Black with sleep score measurement GUI.
ДЕТЕКТОР НА ПАЃАЊЕ
Детектор на паѓање кој нема да те изневери
Истражувај без страв. Со помош на подобрениот акцелерометар, Galaxy Watch3 автоматски детектира посериозни паѓања и праќа SOS до твојот контакт за итни случаи со твојата локација.18, 19, 20, 21
СЛЕДЕЊЕ НА СПИЕЊЕТО
Наспиј се квалитетно
Galaxy Watch3 ги евидентира твоите РЕМ фази, длабокиот сон и вкупното време на спиење за да го следи твојот сон и да ти помогне да го подобриш неговиот квалитет. Samsung склучи партнерство со Националната фондација за сон за да вклучи едукативна содржина и совети за спиење директно на твојот уред и за да ти помогне да го разбереш и подобриш спиењето.22
ВЕЖБАЊЕ ДОМА
Извежбај најдобро што умееш, па повтори уште еднаш
Збогатен со над 120 програми за вежби за дома, Galaxy Watch3 ти помага да се раздвижиш во слободното време. Избери од телефонот и пушти на телевизорот – а додека вежбаш, ќе го прикажува срцевиот ритам во реално време. За уште поточни бројки, користи го Ridge Sport Band.23, 24, 25, 26, 27
АНАЛИЗА НА ТРЧАЊЕТО
Секој следен чекор нека биде подобар
Водичот за трчање на Galaxy Watch3 ти помага да го одржуваш напредокот додека добиваш совети во реално време. Напредниот алгоритам анализира како се движиш за да ти помогне да го подобриш држењето и да не се повредиш. Дури можеш да ги измериш вредностите на максималната кислородна потрошувачка VO2 max и да држиш чекор со твоите дневни, неделни и месечни перформанси директно од телефонот.28
Сега на дофат имаш уред моќен како паметен телефон
АВТОМАТСКО ПОКАЖУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА НА РАЗГОВОРИ
Разговорот нека трае
Кога добиваш нова порака, Galaxy Watch3 ја покажува историјата на разговори за лесно да го следиш разговорот. Може да гледаш и слики без да допираш повторно, со што е многу полесно да си го задржиш темпото додека трчаш.29, 30
ПАМЕТНИ ОДГОВОРИ
Додај контекст со паметен одговор
Остани поврзан со другите дури и кога си во движење – без неспретно да го пипкаш телефонот. Опцијата за паметни одговори на Galaxy Watch3 ги анализира пораките и фотографиите кои ги примаш и ти предлага одговори, кои се поделени во различни категории, како храна, прослави, „селфи“ фотографии и многу други.31, 32
МУЗИКА
Музиката трае и трае
Музиката не престанува кога се префрлуваш од еден уред на друг. Пушти песна на твојот Galaxy Note20, потоа отвори ја преку иконата Samsung Music app на екранот на часовникот за лесно да ги менуваш песните преку твојот Galaxy Watch3. Или може да ги допреш и да задржиш на слушалките Galaxy Buds Live за да ѝ се препуштиш на музиката.38, 39, 40, 41
АПЛИКАЦИИ ЗА ЧАСОВНИК
Здружи се со други апликации
Собери група од Galaxy апликации да бидат дел од твојот телефон и твоето секојдневие. Наоѓај го телефонот и гледај ги фотографиите од твојот часовник или префрлувај се од еден уред на друг за да ја контролираш музиката и да проверуваш потсетници. Совршените партнери се на твојот зглоб.42
LTE
Остави го телефонот дома
Впушти се во нови доживувања без да ти тежи телефонот. Сè уште можеш да се јавуваш, да стримаш и да ги следиш своите чекори — и тоа од часовникот. Исклучи се од телефонот, но остани поврзан со животот. 43
Моќно доживување збогатено со фаворитите од Galaxy
- 5ATM / IP68 Проценка на отпорност на вода и прашина која покажува дека Galaxy Watch3 може да издржи малку вода и прашина.44, 45
- Издржливост по воени стандарди Издржливост во екстремни временски услови и температури за активен начин на живот.46
- GPS Лесно можеш да ја следиш својата локација и да си дозволиш скршнувања од патот, заедно со вградениот сензор за барометар.47
ШТО ИМА ВО КУТИЈАТА
Подготвен за работа уште штом го извадиш од кутијата
GALAXY ЕКОСИСТЕМ
Многу начини за повеќе работа и игра
Едноставно поврзи го Galaxy Watch3 со твоите компатибилни Galaxy уреди преку твојата корисничка сметка на Samsung Cloud. Додека одиш на работа или додека вежбаш, можеш брзо и лесно да се префрлиш од часовникот на Galaxy Note20 или од часовникот на Galaxy Buds Live преку Bluetooth.48
КОМПАТИБИЛНОСТ
Се усогласува со други уреди
Galaxy Watch3 е компатибилен и може лесно да се поврзе со голем број Galaxy и не-Galaxy уреди.
- *Компатибилен со Android 5.0 (L OS) или понов, со RAM поголема од 1,5 GB.
- *Компатибилен со iPhone 5 и понови верзии, iOS 9.0 или понови верзии.
- *Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од регионот, операторот и уредот.
- *Функцијата за активација за Mobile Network на Galaxy Watch3 со уреди кои не се од марката Samsung може да не е достапна во некои земји.
- *Компатибилен со Android 5.0 (L OS) или понов, со RAM поголема од 1,5 GB.
- *Компатибилен со iPhone 5 и понови верзии, iOS 9.0 или понови верзии.
- *Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од регионот, операторот и уредот.
- *Функцијата за активација за Mobile Network на Galaxy Watch3 со уреди кои не се од марката Samsung може да не е достапна во некои земји.
- Достапноста на бои, големини и модели може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Достапните модели на ремчиња може да се разликуваат во зависност од земјата.
- Сликата е симулирана за илустрација.
- UI подлежи на промени.
- Достапноста на бои и големини може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Бројките се од споредба на моделите Galaxy Watch3 45 mm Stainless Steel и Galaxy Watch 46 mm Stainless Steel. Може да има разлики во мерењата во зависност од положбата на мерење.
- За точни резултати, корисниците треба да го калибрираат својот уред најмалку еднаш на четири недели.
- Корисниците треба да го мерат крвниот притисок кога се во мирување, исто како со обичен апарат, и да не го мерат притисокот додека вежбаат, пушат цигари или пијат.
- Достапноста може да се разликува во зависност од пазарот. (Во моментот е достапен во Кореја. Во САД и други земји ќе биде достапен откако ќе добие согласност/одобрение/дозвола од регулаторен орган.)
- Историјата на мерење на крвниот притисок може да се прегледа со апликацијата Samsung Health Monitor на спарен паметен телефон.
- За спарување, потребен е Galaxy паметен телефон со Android 7.0 OS или понова верзија и Galaxy Watch Active2 или следните Galaxy Watch уреди.
- За спарување, потребен е Galaxy паметен телефон со Android 7.0 OS или понова верзија и Galaxy Watch Active2 или следните Galaxy Watch уреди.
- СНИМАЊЕТО СО ЕКГ ИЛИ АПЛИКАЦИЈАТА SAMSUNG HEALTH MONITOR НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА ОТКРИВАЊЕ СРЦЕВ УДАР. НЕ СЕ НАМЕНЕТИ ДА ГИ ЗАМЕНАТ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МЕТОДИ НА ПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАГНОЗА ИЛИ ЛЕКУВАЊЕ.
- Достапноста може да се разликува во зависност од пазарот. (Во моментот е достапен во Кореја. Во САД и други земји ќе биде достапен откако ќе добие согласност/одобрение/дозвола од регулаторен орган.)
- Оваа функција не е поддржана во Јапонија, Ангола, Јужноафриканската Република, Тајланд, Иран, Либија, Франција, Алжир и Бразил.
- Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- SpO2 се дефинира како заситеност на крвта со кислород. Нормалните нивоа кај луѓе се приближно 95-100 %. Факторите како интензивно вежбање, количината на кислород во воздухот, надморската височина и разни здравствени состојби може да резултираат во пониски вредности.
- Galaxy Watch3 може да започне итен повик и порака ако паднеш и не се движиш.
- Galaxy Watch3 не може да ги детектира сите паѓања.
- Колку поголема физичка активност, толку е поверојатно дека ќе предизвикаш активирање на функцијата Fall Detection поради интензивната активност која може да делува како паѓање.
- За праќање SOS повици и пораки е потребно поврзување на мрежа и спарување со паметен телефон.
- Функциите на часовникот за следење на спиењето (РЕМ фази, длабок сон и вкупно време на спиење) може да се користат самостојно, но се препорачува спарување со паметен телефон за да можеш да ги прегледуваш резултатите од спиењето. Прегледот е можен само на спарен паметен телефон.
- Следењето на физичката активност на часовникот може да се користи како самостојна функција, но податоците кои се зачувуваат на часовникот може само делумно да се прикажуваат по одреден временски период. Се препорачува спарување со паметен телефон за да се зачуваат сите податоци.
- Наменето само за следење на општа добросостојба и физички активности.
- За оваа функција е потребна апликацијата Samsung SmartThings и поврзување преку Bluetooth.
- Паметниот телефон, телевизорот и Ridge Sport Band се продаваат одделно. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Достапноста на програмата со вежби може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Детален графикон е достапен само на спарен паметен телефон.
- Поддржаните апликации за пораки може да се разликуваат во зависност од земјата или регионот.
- Потребно е поврзување на Wi-Fi/LTE на Galaxy Watch3, а за функцијата е потребно спарување со паметен телефон.
- Функцијата поддржува девет јазици: корејски, англиски, германски, шпански, италијански, француски, руски, украински и полски.
- Потребно е поврзување на Wi-Fi/LTE на Galaxy Watch3, а за функцијата е потребно спарување со паметен телефон.
- Bitmoji е трговска марка на Snap Inc.
- За праќање стикери Bitmoji потребна е апликацијата Bitmoji со верзија 10.84 или понова.
- Функцијата Bitmoji е поддржана само на апликацијата Message.
- Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Потребно е поврзување на Wi-Fi/LTE на Galaxy Watch3, а за функцијата е потребно спарување со паметен телефон.
- Задолжителна е најава на Spotify. Потребна е претплата.
- Достапноста на услугата Spotify може да се разликува во зависност од земјата.
- Spotify е поддржана само на уреди кои работат со верзија 8.5.56 и понови. Потребно е конфигурирање на поставките за подлогата на допир преку апликацијата Galaxy Wearables.
- Galaxy Note20 и Galaxy Buds Live се продаваат одделно. Достапноста на Galaxy Note20 и Galaxy Buds Live може да се разликува во зависност од земјата и регионот.
- Достапните апликации може да се разликуваат во зависност од операторот или земјата.
- Функцијата LTE е достапна само на LTE модели. Достапноста на LTE модели може да се разликува во зависност од операторот или земјата.
- Galaxy Watch3 има проценка за отпорност на вода од 50 метри според ISO стандардот 22810:2010. Не е соодветен за нуркање или активности во вода со висок притисок. Ако уредот или рацете се влажни, мора добро да се исушат пред ракување.
- IP68 се заснова врз условите за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар, во временски период до 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа.
- Усогласено со Воениот стандард на САД (MIL-STD-810G)
- Користењето GPS може да го забрза трошењето на батеријата.
- Galaxy Note20 и Galaxy Buds Live се продаваат одделно. Достапноста на Galaxy Note20 и Galaxy Buds Live може да се разликува во зависност од земјата и регионот.
Спецификации
-
NFC Да
-
Верзија Bluetooth Bluetooth v5.0
-
Големина (Главен_Дисплеј) 1.2" (30.2mm)
-
Процесор 1.15GHz
-
Големина на ROM (GB) 8
-
Сензори Accelerometer,Barometer,Gyro Sensor,Light Sensor,Optical Heart Rate Sensor
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 3.16 MB
- 04/03/2021
МАКЕДОНСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 2.98 MB
- 04/03/2021
АЛБАНСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 2.88 MB
- 04/03/2021
ХРВАТСКИ -
Упатство за корисниците
- Верзија 1.0
- 2.97 MB
- 04/03/2021
СРПСКИ
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети