Користете ја апликацијата Samsung Find за да ја споделите вашата локација со пријателите, детето, семејството и другите контакти

Апликацијата Samsung Find ви дава можност да ја споделите вашата локација со семејството, контактите и другите корисници на сметки на Samsung. Оваа функција може да помогне во следењето на членовите на семејството и да им помогне на корисниците да најдат споделени уреди.

Различни уреди Galaxy поврзани со апликацијата Samsung Find

Забелешки:

  • Samsung Find е поддржана на сите модели на телефони/таблети Galaxy со One UI 2 (Android Q OS) или понова верзија.
  • Samsung Find се обезбедува како претходно инсталирана на нови уреди со верзија One UI 6.1. Верзијата One UI 6.1 за уредите може да се преземе од продавницата на Galaxy.
  • Апликацијата Samsung Find мора да се инсталира на уредот на корисникот со којшто споделувате.
  • Менито за споделување уреди не е видливо ако не е создадена семејна група.

Создавањето семејни групи е поддржано во One UI 5.1 и понова верзија во САД и One UI 6.1 и понова верзија во Европа.

Почетна страница на Поставувања Почетна страница на Поставувања

Чекор 1. Отворете Поставувања > допрете Samsung account > изберете Семејство.

Информации за тоа што можете да правите со семејна група Информации за тоа што можете да правите со семејна група

Чекор 2. Допрете Направи семеј. група.

Скок-прозорец за покана на членовите на семејството во групата Скок-прозорец за покана на членовите на семејството во групата

Чекор 3. Допрете Покани член на семејството > изберете или Покани некого или Направи детска сметка.


* Не можете да додадете повеќе од пет дополнителни луѓе во семејната група.

Апликацијата Samsung Find може да ја види локацијата на детето на родителскиот уред ако детето се најавило на апликацијата Samsung Find со детската сметка и ја споделило својата локација со родителската сметка.

Картичката Луѓе на Samsung Find Картичката Луѓе на Samsung Find

Чекор 1. Најавете се на вашата детска сметка во апликацијата Samsung Find > допрете ја иконата „+“ во картичката Луѓе.

Членови на семејната група Членови на семејната група

Чекор 2. Изберете со кого да споделувате.


* Ако не ја гледате Семејната сметка во списокот на дестинации за споделување локација, треба да ја регистрирате сметката во Семејната група во Samsung account.

Опции за траење на споделувањето на локацијата на вашето дете Опции за траење на споделувањето на локацијата на вашето дете

Чекор 3. Изберете го временскиот опсег во којшто сакате детето да ја споделува својата локација > допрете Сподели за да продолжите со родителска согласност за споделување на локацијата на детето.


* Откако ќе заврши процесот на родителска согласност, известувањето за споделување локација се испраќа до родителскиот уред.

Можете да одредите со кои членови на семејството сакате да го споделите вашиот уред. Ако ја вклучите дополнителната опција за споделување локација, тие ќе можат да ја видат локацијата на вашиот уред.

Карта што ја прикажува локацијата на избраниот уред. Карта што ја прикажува локацијата на избраниот уред.

Чекор 1. Отворете Samsung Find > изберете ја картичката Уреди > допрете го името на вашиот уред (пример: Овој телефон) > допрете Повеќе.

Информации за избраниот уред. Информации за избраниот уред.

Чекор 2. Допрете го знакот плус до Додај луѓе.


* Ќе бидат наведени само луѓето во вашата Семејна група.

Скок-прозорец за да им се овозможи на другите да го најдат избраниот уред. Скок-прозорец за да им се овозможи на другите да го најдат избраниот уред.

Чекор 3. Допрете го името на човекот со кого што сакате да ја споделите вашата локација > изберете Дозволи > допрете го прекинувачот за да вклучите Сподели ја локацијата на уредот.

Можете лесно да го најдете споделениот семеен уред преку тон за ѕвонење, така што ќе ја проверите локацијата или насоката ако го изгубите.

Картичката Уреди на Samsung Find Картичката Уреди на Samsung Find

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Samsung Find > допрете Уреди > допрете Семејни уреди > изберете уред > допрете Повеќе.

Информации за споделен уред на член на семејството Информации за споделен уред на член на семејството

Чекор 2. Може да ги контролирате споделените семејни уреди со споделување локации, испраќање сигнал за пребарување во близина и активирање звук на нив.

Картичката Луѓе на Samsung Find Картичката Луѓе на Samsung Find

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Samsung Find > изберете ја картичката Луѓе > изберете со кој контакт ќе престанете да ја споделувате вашата локација > допрете Повеќе.

Опции за да престанете да ја споделувате вашата локација со конкретен контакт или да го отстраните Опции за да престанете да ја споделувате вашата локација со конкретен контакт или да го отстраните

Чекор 2. Исклучете го прекинувачот Сподели локација или допрете Отстрани за да го прекинете споделувањето на вашата локација.

Благодариме за повратните информации