Што да правите ако екранот на Вашиот Galaxy телефон не се ротира

Кога гледате видеа или презентирате со Вашиот Galaxy телефон, можете да го смените режимот на екранот од режим на пејзаж во портрет режим или обратно. Може да го заклучите режимот на екранот во портрет или режим на пејзаж или, пак, да го поставите екранот автоматски да се ротира. Ако екранот не се ротира, проверете ги поставките за Автоматско ротирање следејќи ги упатствата дадени подолу.

Пред да се обидете со препораките дадени подолу, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на Вашиот уред се ажурирани до најновата верзија. За да го ажурирате софтверот на Вашиот мобилен уред следете ги овие чекори: 

Чекор 1. Одете на Поставки > Ажурирање софтвер.

Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.

Чекор 3. Следете ги упатствата дадени на екранот.

Погрижете се дека е вклучено Автоматско ротирање

Автоматското ротирање, според стандардните поставки кога ќе го добиете телефонот, е вклучено, но може да се оневозможи во секое време и да се заклучи во портрет режим или режим на пејзаж. Заклучувањето на екранот во портрет режим или режим на пејзаж е исто како да сте го исклучиле Автоматското ротирање. Кога е оневозможено Автоматско ротирање, екранот ќе се заклучи во портрет режим или режим на пејзаж, без разлика како го држите телефонот. Следете ги следниве чекори за да го поставите ротирањето на екранот.

Чекор 1. Лизгајте надолу по екранот за да го отворите Брзиот панел.

Чекор 2. Ако во моментот е овозможено Автоматско ротирање, ќе се појави сина икона за Автоматско ротирање. И обратно, ако карактеристиката Автоматско ротирање е во моментот оневозможена, ќе се појави сина икона за Портрет режим или Режим на пејзаж.

Чекор 3. Ако екранот е заклучен во Портрет режим или Режим на пејзаж, а Вие сакате да го смените, допрете ја иконата (или портрет или пејзаж) за да активирате Автоматско ротирање. Ако Автоматско ротирање е веќе активирано, нема потреба да избирате ништо.

Автоматско ротирање чекор.

Откако ќе овозможите Автоматско ротирање, затворете го Брзиот панел. Потоа, држете го уредот во посакуваната положба – или исправен или во хоризонтална положба.

Напомена: 

  • Во зависност од тековните поставки, може ќе ги видите исконите за портрет, пејзаж или автоматско ротирање на Брзиот панел. Иконите за портрет и пејзаж се во сива боја кога се активни, додека иконата за Автоматско ротирање е сина кога е овозможена.
  • Портрет режимот е кога телефонот е поставен исправено, а режимот на пејзаж е кога телефонот е поставен во хоризонтална положба.
  • Ако апликацијата што ја користите не поддржува ориентирање, екранот нема да се смени кога го движите телефонот. Не сите апликации функционираат во портрет режим и режим на пејзаж.

Ако екранот е заклучен во портрет режим или режим на пејзаж, иконата за ориентација на екранот ќе биде така означена. Иконата за Автоматско ротирање ќе се појави само ако е активирана функцијата за Автоматско ротирање. Ако видите икона што вели портрет режим или режим на пејзаж, може да ја допрете за да овозможите Автоматско ротирање. А може и да не правите ништо ако претпочитате положбата на екранот на телефонот да биде заклучена.

Режим на пејзаж портрет режим.

① Режим на пејзаж       ② Портрет режим   

Ако не можете да ја најдете иконата за ориентација на екранот, можно е случајно да сте ја отстраниле од Брзиот панел. За да ја додадете иконата за ориентација на екранот на Брзиот панел, следете ги следниве чекори.

Копче за автоматско ротирање чекор 1. Копче за автоматско ротирање чекор 1.

Чекор 1. Допрете Повеќе опции (трите вертикални точки) на Брзиот панел.

Копче за автоматско ротирање чекор 2. Копче за автоматско ротирање чекор 2.

Чекор 2. Допрете Уреди копчиња.

Копче за автоматско ротирање чекор 3. Копче за автоматско ротирање чекор 3.

Чекор 3. Допрете и држете ја иконата за Автоматско ротирање, а потоа повлечете ја до посакуваната положба на Брзиот панел.

Копче за автоматско ротирање чекор 4. Копче за автоматско ротирање чекор 4.

Чекор 4. Допрете Готово. Сега, иконата за Автоматско ротирање ќе биде лесно достапна и ќе можете соодветно да ги приспособувате поставките за ориентацијата на екранот.

Дури и ако е овозможено Автоматско ротирање, можете привремено да го заклучите екранот да не се ротира. Ова може да е корисно ако сакате да го ротирате телефонот без да ја менувате ориентацијата на екранот кога гледате PDF или документ.

За да го заклучите екранот на телефонот да не се ротира некое време, држете го прстот на екранот додека го ротирате телефонот. Сè додека го држите прстот на едно место, екранот нема да ја менува ориентацијата. Кога ќе го подигнете прстот, екранот ќе се изротира како што бил претходно поставен.

Привремено заклучување на автоматско ротирање.

Ако екранот не се ротира, дури и кога е овозможено Автоматско ротирање, исклучете го телефонот и повторно вклучете го. Овој проблем може да се реши со едноставно престартување на телефонот. Следете ги следниве чекори за да го престартувате и да се обидете повторно.

Чекор 1. Лизгајте надолу по екранот за да го отворите Брзиот панел.

Чекор 2. Допрете ја иконата за Вклучување, а потоа допрете Престартувај.

Престартувајте го телефонот.

Ако Автоматското ротирање сè уште не функционира откако го престартувавте телефонот, обидете се повторно во Безбеден режим. Ако нема проблем во Безбеден режим, тогаш проблемот може да е предизвикан од инсталирана апликација од трета страна на Вашиот телефон. За да најдете која апликација го предизвикува проблемот, може да се обидете да ги деинсталирате апликациите почнувајќи од последната која сте ја инсталирале. Следете ги следниве чекори за да влезете во Безбеден режим.

Чекор 1. Отворете брзи поставки. Допрете на иконата за Вклучување која се наоѓа на горниот дел на екранот.

Чекор 2. Допрете и држете на опцијата за Исклучување сè додека не се прикаже иконата за Безбеден режим.

Чекор 3. Допрете на Безбеден режим. Ако успешно влеговте во Безбеден режим, на дното на екранот ќе се прикаже Безбеден режим.

Стартувајте го телефонот во Безбеден режим.

Напомена: Екранските снимки и менијата може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако искусувате тешкотии со Вашиот Samsung мобилен телефон, таблет или носиви електронски уреди, може да ни испратите прашање преку апликацијата Samsung Members. Откријте повеќе за тоа како да испратите извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window