Проблеми со безжично полнење
Имате ли проблеми со безжично полнење? Ако уредот поддржува безжично полнење и сè уште имате проблеми, следете го водичов за решавање проблеми во продолжение. Може да има неколку причини за проблемот, како на пример нестабилно поврзување меѓу подлогата за полнење и уредот, слабо поврзување поради футролата на телефонот или користите полнач што е некомпатибилен со уредот.
Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:
Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).
Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).
Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.
Проверка 1. Дали уредот Ви е правилно поставен на подлогата за полнење?
Проверете дали уредот е поставен директно во центарот на подлогата и без никакви пречки. Најчестата причина за спреченост на безжичното полнење е неправилно поставување на подлогата за полнење. Безжичното поврзување помеѓу уредот и подлогата за полнење може да биде прекината и да се исклучи струјата за напојување. Преклопливите уреди, како што е Galaxy Fold или Galaxy Z Flip, треба да бидат затворени и поставени со задната страна насочени кон полначот. Прочитајте во прирачникот за корисникот за да проверите каде е местото на контакт за полнење на конкретниот уред.
Проверка 2. Отстранете ги сите додатоци од уредот пред да го полните
Отстранете ги футролата, маската или некои други додатоци на уредот. Не ставајте метални предмети, магнети или RFID-картички, држачи или банкарски картички помеѓу уредот и безжичниот полнач. Тие може да ги блокираат безжичните сигнали или да предизвикаат прегревање.
Отстранете ја футролата пред полнење.
Магнетните лепенки или метални футроли може да пречат при безжичното полнење.
Пред полнење, отстранете ги сите држачи, банкарски картички или предмети што се прикачени на уредот.
Проверка 3. Уверете се дека користите безжичен полнач или кабел овластен од Samsung
Користете само безжични полначи одобрени од Samsung. Безжичните полначи од Samsung се компатибилни со повеќето уреди Galaxy и се наменети за полнење при оптимални услови. Освен тоа, задолжително користете ги струјниот адаптер и УСБ-кабелот приложени со безжичниот полнач.
Брзо безжично полнење е поддржано само на уреди сертифицирани од Samsung и Wireless Power Consortium (WPC). Ако користите брз безжичен полнач што не е од Samsung, проверете го сертификатот од производителот или на почетната страница од WPC.
Ознака за сертификација „WPC(Qi)“ на безжични полначи овластени од Samsung.
Забелешка:
- Некои брзи безжични полначи без сертификат WPC(Qi) се тестирани до потенцијално преоптоварување во струјното коло за полнење на телефонот. Како такви, функцијата за брзо безжично полнење може да биде ограничена и може да не работи правилно на брзи безжични полначи без овој сертификат. На пример, полначот може да биде сертифициран од страна на Samsung за брзо безжично полнење во категоријата за WPC-сертификација и брзото полнење да биде ограничено на неверифицирани полначи.
- Ова е безбедносна мерка за да спречи оштетување на уредот. Ако сакате да ја користите карактеристиката Брзо безжично полнење на безжичен полнач што не е овластен од Samsung, пред користење потврдете дека полначот има сертификат WPC(Qi) и сертификат за Брзо безжично полнење од Samsung. Може да го најдете ако побарате ознака за сертификација WPC(Qi) или ако прочитате во информациите за производот.
Проверка 4. Опција за Брзо безжично полнење
Ако уредот поддржува брзо полнење, тогаш се препорачува AFC (Приспособливо брзо полнење). Ако уредот се полни бавно, проверете дали уредот ја поддржува карактеристиката брзо полнење.
Забелешка:
- Не може да ја овозможите или да ја оневозможите оваа карактеристика во тек на полнење.
- Брзото полнење нема да биде овозможено кога уредот ќе биде поврзан на компјутер или УСБ-уред што не поддржува брзо полнење.
Проверка 5. Проверете дали уредот се прегрева
Дали уредот е потопол од вообичаено? Прегревањето може да влијае врз перформансите на уредот и врз полнењето. Ако работите се повеќе апликации истовремено, играте игри подолго време или стримувате содржина, батеријата може да се прегрее. Затворете ги сите некористени апликации, исклучете го уредот и оставете го да се излади. Обидете се да го полните кога нема да биде прегреан.
Проверка 6. Видете ги перформансите на безжичниот полнач со Samsung Members
Може да ги проверите перформансите на безжичниот полнач со апликацијата Samsung Members. Ако ги следите уредите и ако го ставите уредот на безжичен полнач, самиот ќе ги дијагностицира проблемите (ако има) и ќе ги прикаже резултатите.
Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window