Како да решите проблем со слаб квалитет на звук за време на телефонски повик
Ако се појавува слаб квалитет на звукот при дојдовен повик, како на пример шум или прекини во зборувањето од другата страна, тоа може да биде проблем поврзан со покриеноста на мрежата или во поставките на уредот. Следете го водичот подолу за да го решите проблемот.
Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:
Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).
Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).
Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.
Проверете дали операторот ја покрива областа во која се наоѓате
Ако се појавува слаб квалитет на звукот во одредени области или локации, тоа може да биде поради слаб сигнал во уредот. Проверете дали операторот овозможува постојана мрежна покриеност во вашата област.
Оштетена СИМ-картичка може да влијае врз квалитетот на повикот. Проверете дали е оштетена СИМ-картичката и уверете се дека е наместена правилно.
Забелешка:
- Положбата на фиоката за СИМ-картичка може да се разликува зависно од моделот на уредот.
- За да ја тестирате СИМ-картичката, обратете се кај мобилниот оператор. Доколку има и друг уред во близина што го користи истиот оператор, може да ја тестирате СИМ-картичката со тој уред.
- Ако и понатаму се појавува проблемот откако ќе се преинсталира валидна СИМ-картичка, престартувајте го уредот. Можеби ќе треба да го престартувате повеќе од еднаш.
Можеби ќе може да го решите проблемот со аудио при дојдовни повици само со присилно престартување на уредот.
Забелешка:
- Местоположбата на копчето за Гласност и Странично копче може да се разликува зависно од моделот на уредот.
Забелешка:
- Проверувајте го квалитетот на аудиото при дојдовен повик по секој чекор.
- Ако сте ги следеле чекорите наведени погоре, но проблемот се јавува и понатаму, можно е уредот да е оштетен физички. Проверете во Центарот за поддршка за релевантни информации.
- Сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window