Galaxy Watch6 Classic Bluetooth (43mm)
Поголем екран. Потенка рамка
Sapphire Crystal стакло.
Јасна разлика во издржливоста
Дизајниран да го издржи секојдневното абење. Екранот на Galaxy Watch6 Classic е дизајниран со Sapphire Crystal стакло за да ја заштити неговата безвременска убавина. А завршниот слој има IP68 и 5ATM оцени, така што можеш да го носиш со себе на сите авантури.5, 6
Испробај ја подобрената
ротирачка рамка1
Прифати го безвременскиот класичен стил. Инспирирана од извонредниот изглед на подводните часовници, тенката ротирачка рамка на Galaxy Watch6 Classic ја носи историјата во иднината со потечно, реактивно лизгање за интуитивна интеракција со екранот. А кружната рамка е изработена од елегантен не'рѓосувачки челик за попрефинет изглед.
За миг префрли
се од канцеларија во теретана
Ремчињата се менуваат лесно и непречено со само едно брзо притискање на копчето. Практичната водилка ти овозможува лесно да го поставиш новото ремче, само нежно притисни го додека не слушнеш кликнување. Брзо и лесно премини од работа на тренинг или обратно.7
Поголема моќ за процесирање за да правиш повеќе секоја минута
Заврши повеќе нешта за пократко време со надградениот процесор на Galaxy Watch6 Classic. 18 % побрзиот CPU и брзото активирање на апликациите овозможуваат да бидеш продуктивен и ефикасен во текот на денот.1
Galaxy Watch6 Classic 's processor is being assembled with the bezel and display.
Се полни за рекордно време
Со едно целосно полнење, часовникот трае до 40 часа. Брзо наполни го часовникот до 45% за само 30 минути и подготвен си да ја истражуваш прекрасната природа на отворено или да уживаш во заслужената пауза во кревет.8, 9, 10
Front view of Galaxy Watch6 Classic can be seen with the charging screen GUI on display. The number is going up from '50%' to '100%', implying the battery is being fully charged.
Практично снимање,
без раце
On the left is Galaxy Z Fold5 on Flex mode. On the right is Galaxy Watch6 Classic displaying the same screen as Galaxy Z Fold5 , illustrating the Camera Controller feature.
Спари го часовникот со Galaxy Z Fold5 за да сликаш одблиску или од далечинa. Flex режимот и Camera Controller на Galaxy Z Fold5 ти овозможуваат лесно да се префрлаш од режим на фотографирање или снимање, да зголемуваш или намалуваш, директно од својот зглоб. А за да сликнеш слика, само допри го копчето за бленда на часовникот.11, 12
Започни на
часовникот,
продолжи на телефонот
Здружи се со твојот Galaxy Z Fold5 за да си го следиш напредокот непречено. Користи го Galaxy Watch6 Classic за да водиш евиденција на вежбите и на здравствените параметри. Потоа, синхронизирај го часовникот со апликацијата Samsung Health за да ги прикажеш активностите на поголем екран, вклучувајќи направени чекори на дневно ниво, интензитет на вежби, срцебиење и многу други. 11
Daily steps icon and progress bar can be seen. The number of steps go up from 824 to 3,456 and the progress bar advances accordingly. On the right is the Galaxy Z Fold5 displaying the Samsung Health app with the detailed data.
Моќ да направиш многу
повеќе во еден ден
Денот нека ти тече непречено, дури и кога не го носиш телефонот. Може да вршиш повици, да праќаш пораки и да стримаш музика директно од Galaxy Watch6 Classic . Или да го лоцираш паметниот телефон со помош на функцијата Find My Phone на твојот часовник. 11, 13, 14, 15, 16
Со меѓународниот роаминг цел свет ти е на дланка
Без разлика дали си во нов град, планинариш или уживаш на плажа, меѓународниот роаминг те поврзува со саканите или ти помага да правиш резервации, па дури и ти овозможува пристап до важни информации. 13, 17
Разбуди се со нашето најнапредно следење на спиењето
Добиј детална слика за твоето спиење со подобрена анализа и подетален увид за да го подобриш квалитетот на сонот. Сега, може да му пристапиш и на тренерот за спиење на Galaxy Watch6 Classic за да изградиш подобри навики за спиење. Стави го платненото ремче и носи го часовникот и во кревет за да се наспиеш добро. Не заборавај да го поставиш часовникот во режим на спиење за зелената LED-сијаличка на PPG-сензорот да се смени во невидлива инфрацрвена LED-светлина, да го затемниш екранот и да ги исклучиш известувањата. 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25
Information on the time spent in each sleep stage can be seen: Awake 35m, REM 1h 30m, Light 4h 30m, Deep 55m. The information is also displayed as a graph.Дојди во твојата персонализирана зона за срцебиење
Часовникот може да го процени твојот физички капацитет за да ја одреди твојата персонализирана зона за срцебиење. Ако има таква зона што сакаш да ја оствариш, може таа цел да ја поставиш рачно. Додека вежбаш, ќе добиеш известување кога ќе влезеш во целната зона, независно дали тоа е со согорување масти, кардио или вежби со висок интензитет. Излези од зоната и пак ќе добиеш известување — и ќе можеш соодветно да го приспособиш напорот.41
5 different curved lines that form a U-shape can be seen. Each is in different shade of color from yellow to red. A white dot placed in the middle of each line moves along the lines as a same-colored heart and heart rate number indicating the Personalized HR Zone changes. GUI of Personalized HR Zone can be seen, with the function button enabled and 5 HR Zones. With the increasing heart rate from 90 to 114, 125, 158 and 174, the selected zone changes from 1 to 5, respectively.
Следење на вежбањето - Следи го напредокот за да постигнеш врвни перформанси
Добиј вреден увид во твојот напредок и постигнувањата со Galaxy Watch6 Classic . Следи над 90 различни вежби или, пак, може дури и да креираш своја приспособена активност, да ги евидентираш секојдневните активности и да го следиш напредокот. Може да активираш автоматско детектирање за одбрани вежби, како трчање, одење, а сега и возење велосипед, за да преминеш од загревање директно на висок интензитет.42, 43, 44
Промена на планот?
Смени го ремчето.
Смени го лицето на часовникот
Креирај го изгледот на Galaxy Watch6 Classic по твоја мерка и вкус. Избери од големиот избор на ремчиња за да го смениш изгледот од секојдневен во класичен, во зависност од расположението. Приспособи го лицето на часовникот со елегантен дизајн или комбинација за брзо да пристапуваш до омилените апликации. 4845
Време е да си го пронајдеш својот Watch
- Споредено со Galaxy Watch4 Classic.
- Споредбата на големината на екранот се заснова врз мал модел Galaxy Watch6 Classic (43 mm).
- Споредбите на големината на екранот и широчината на рамката се засноваат врз мал модел Galaxy Watch6 Classic (43 mm).
- Големината на екранот на малиот моделGalaxy Watch6 Classic (43 mm) е споредена со онаа на малиот модел Galaxy Watch4 Classic (42 mm).
- Galaxy Watch6 Classic е водоотпорен во вода со длабочина од најмногу 50 метри во период од 10 минути, согласно со оценката 5ATM. Не е соодветен за нуркање или активности во вода со висок притисок. Ако уредот или рацете се влажни, мора добро да се исушат пред ракување. Galaxy Watch6 Classic има заштита од навлегување (IP68) прашина и слатка вода во длабочина од најмногу 1,5 метар во период од најмногу 30 минути. За повеќе информации, погледнете во упатството за корисници, како и во упатствата за грижа/употреба.
- Врз основа на Vickers цврстина измерена со постојано оптоварување од 200 gf.
- Достапноста на ремчињата за Watch може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Дополнителните ремчиња за Watch се продаваат одделно.
- Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
- Тестирањето го спроведе Samsung во XXX 202X со користење претпродажна верзија на Galaxy WatchX (BT & LTE), секоја спарена со Samsung телефон; сите уреди се тестирани со софтверска верзија за претпродажба, Galaxy Watch магнетен УСБ-Ц кабел за брзо полнење (EP-OR900) и Samsung 25W УСБ-Ц адаптер за напојување (EP-TA800). Времето на полнење се разликува во зависност од регионот, поставките, начинот на користење и факторите во средината; вистинските резултати може да се разликуваат.
- Samsung адаптерот УСБ-Ц од 25 W (EP-TA800) се продава одделно.
- Galaxy Z Fold5 се продава одделно.
- Camera Controller е поддржано на Galaxy Watch4 и подоцна објавени модели на Galaxy Watch кога се спарени со серијата Galaxy S9 и понови верзии. Функцијата за зумирање на Camera Controller е достапна на серијата Samsung Galaxy Watch4 и подоцна објавени модели на Galaxy Watch што се спарени со паметен телефон од Galaxy S серијата, Galaxy Note серијата и Galaxy Z серијата којшто работи на One UI 5.1 или понова верзија со поддршка за Camera Controller.
- Потребно е LTE поврзување за да се користат одредени карактеристики на Galaxy Watch6 Classic. LTE поврзувањето е достапно само на LTE модели.
- Bluetooth моделите мора да се спарат со компатибилен мобилен уред поврзан со мобилна мрежа.
- Не се сите апликации и услуги компатибилни со Wear OS.
- Функцијата Find My Phone е поддржана кога Galaxy Watch со Wear OS е спарен со паметен телефон што работи на Android 10 или понова верзија. За користење на оваа функција, спарениот паметен телефон треба да биде најавен на Samsung сметка.
- Ако се овозможи меѓународниот роаминг, тоа може да доведе до трошоци за роаминг, во зависност од пакетот на операторот на паметниот телефон.
- За GPS-функцијата потребно е мрежно поврзување. Може да се користи на LTE модели без спарен паметен телефон. Моделите што не се LTE треба да се поврзат преку Bluetooth со спарениот паметен телефон.
- Со овозможување GPS, апликациите Galaxy и апликациите од други производители може да ги соберат информациите за твојата тековна локација за да обезбедат услуги што се засноваат врз локација.
- Достапноста на одредени апликации може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Достапноста на Samsung Wallet и неговите карактеристики може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Потребна е апликацијата Samsung Health верзија 6.24 или понова.
- Galaxy Watch6 Classic мора да е спарен со Samsung Galaxy паметен телефон со оперативен систем Android 10.0 и најмалку 1,5 GB меморија.
- Функциите за следење на спиењето се наменети само за општа добросостојба и физички активности. Не се наменети за откривање, дијагноза, лекување на каква било медицинска состојба или нарушување на спиењето. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирај се со медицинско лице.
- На тренерот за спиење му се потребни податоци за спиењето од најмалку 7 дена, вклучувајќи ги и деновите за викенд.
- Достапноста на функцијата за мерење на нивото на кислород во крвта може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Invisible LED е овозможено кога ќе се вклучи режимот за спиење.
- Платненото ремче се продава одделно и е компатибилно со Galaxy Watch4 и понови серии Galaxy Watch. Достапноста на ремчињата за часовник може да се разликува во зависност од земјата/регионот или операторот.
- Функцијата за следење на циклусот е достапна за предвидување датуми на менструалниот циклус и други циклуси, а е овозможена од Natural Cycles. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за софтвер како медицински уред (SaMD), функцијата за следење на циклусот според температурата на кожата функционира само на телефони и часовници купени во земјите во кои е моментално достапна оваа услуга. НЕ Е НАМЕНЕТО ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА. Ако во моментов земате хормонска контрацепција или подлежите на хормонско лечење коешто инхибира овулација, оваа услуга нема да биде корисна за следење на овулацијата. Прикажаните мерења се само за лична употреба. За да се подобри точноста на предвидувањата, се препорачува часовникот да се носи најмалку 4 часа при спиење, 5 пати седмично. Предвидувањата може да се разликуваат во зависност од правилното користење на часовникот, влезните податоци, условите во опкружувањето, итн. Наменето е за корисници на возраст над 18 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според нив, без консултација со квалификувано медицинско лице. Потребна е најновата верзија на Samsung Health апликацијата.
- Предупредувањата за срцебиењето се наменети само за следење на општата добросостојба и физички активности. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување, следење или управување со каква било медицинска состојба или болест. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Корисниците треба да побараат медицински совет од лекар.
- Достапноста на функцијата за известување за неправилен срцев ритам (IHRN) може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за софтвер како медицински уред (SaMD), функцијата работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што не е одобрена услугата). Не е предвидено за обезбедување известувања при секоја епизода на неправилен ритам што укажува на атријална фибрилација (AFib). Исто така, ако нема известувања тоа не значи дека нема никакви болести. Не е предвидено за корисници за кои се знае дека имаат аритмија, ниту за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според нив, без консултација со квалификувано медицинско лице.
- Достапноста на апликацијата ECG може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за софтвер како медицински уред (SaMD), апликацијата ECG работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде не е одобрена услугата). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е предвидено за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според резултатите од уредот, без консултација со квалификувано медицинско лице.
- За точно отчитување на крвниот притисок, потребно е да се калибрира на секои 4 недели со монитор и манжетна за крвен притисок. Потребен е Galaxy паметен телефон што работи на Android 7.0 или понова верзија.
- Достапноста на апликацијата за мерење крвен притисок може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за софтвер како медицински уред (SaMD), апликацијата за мерење крвен притисок работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што не е одобрена услугата). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor . Не е предвидено да го користат лица на возраст под 22 години.
- Корисниците треба да го мерат крвниот притисок кога се во мирување, исто како со обичен апарат, и да не го мерат притисокот додека вежбаат, пушат цигари или пијат. Апликацијата за следење крвен притисок не е наменета за дијагностички цели во врска со хипертензија или други срцеви состојби или за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според резултатите од уредот, без консултација со квалификувано медицинско лице. Апликацијата за мерење на крвниот притисок не е наменета да ги замени традиционалните методи на поставување дијагноза или лекување.
- Историјата на мерења на крвниот притисок може да се прегледа со апликацијата Samsung Health Monitor на спарен паметен телефон.
- Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување. Наменето само за следење на општа добросостојба и физички активности.
- Телесниот состав е поддржан само во серијата Samsung Galaxy Watch4 и подоцна објавените модели на Galaxy Watch. Телесниот состав не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или друго вградено медицинско помагало или, пак, ако сте бремени. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Резултатите од мерењето може да не бидат точни ако сте помлади од 20 години. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирај се со медицинско лице.
- Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.
- На Galaxy Watch6 Classic мора да биде инсталирана најновата верзија на Wear OS .
- Функцијата за детектирање паѓање мора да биде овозможена на апликацијата Galaxy Wearable на Galaxy паметниот телефон за да може да се користи детекторот за паѓање на часовникот.
- За вршење итен повик е потребно мрежно поврзување или спарување со Galaxy паметен телефон.
- Информациите собрани од часовникот, апликацијата Samsung Health или поврзаниот софтвер не се наменети за одредување дијагноза, лекување, олеснување, третирање или спречување болест или друга состојба.
- За да ги ажурираш опсезите на секоја зона за срцебиење кога трчаш, според кардиопулмоналните способности, треба да трчаш надвор подолго од 10 минути со постојана брзина од 4 km/h или побрзо.
- Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.
- Автоматската детекција на вежби мора да се вклучува во Поставки. Автоматската детекција не е достапна за сите видови вежби.
- Достапно само на серијата Galaxy Watch6 и мора да се спари со компатибилен мобилен уред.
- Достапноста на ремчињата за Watch може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Дополнителните ремчиња за Watch се продаваат одделно.
- Цените со попуст за скршени уреди ќе бидат значително пониски од оние за целосно функционални уреди, освен доколку има посебна актуелна промоција што значително ја менува цената на скршените уреди.
- Купи на Samsung.com пред ДД.ММ.ГГГГ. Вредност од XX МКД според кој било XXX (бренд, производ) паметен часовник. Трошоците важат ако не ни го испратите уредот за откуп. Важат правилата и условите.
- Потребно е поврзување со Bluetooth, Wi-Fi или LTE.
- Апликациите од други производители мора да се преземат одделно.
- Компатибилно со Galaxy Watch со Wear OS овозможено од Samsung. Потребно е спарување со паметен телефон на кој е инсталирана најновата верзија на Smart Switch.
- Податоците и содржината достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од оперативниот систем.
- Типичниот капацитет е тестиран во лабораториски услови на други производители. Типичниот капацитет е проценетиот просечен капацитет, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960-3.
- Тестирањето го спроведе Samsung во јуни 2022 со користење претпродажна верзија на Galaxy Watch 5 (BT & LTE), секоја спарена со Samsung телефон; сите уреди се тестирани со софтверска верзија за претпродажба, Galaxy Watch магнетен УСБ-Ц кабел за брзо полнење (EP-OR900) и Samsung 25W УСБ-Ц адаптер за напојување (EP-TA800). Времето на полнење се разликува во зависност од регионот, поставките, начинот на користење и факторите во средината; вистинските резултати може да се разликуваат.
- Типичниот капацитет е тестиран во лабораториски услови на други производители. Типичниот капацитет е проценетиот просечен капацитет, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960-3. Номиналниот капацитет е 573 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
Спецификации
-
NFC Да
-
Верзија Bluetooth Bluetooth v5.3
-
Големина (Главен_Дисплеј) 1.3" (33.3mm)
-
Процесор 1.4GHz
-
Склад (GB) 16
-
Сензори Accelerometer,Barometer,Bioelectrical Impedance Analysis Sensor,Electrical Heart Sensor,Gyro Sensor,Geomagnetic Sensor,Hall Sensor,Infrared Temperature Sensor,Light Sensor,Optical Heart Rate Sensor
Поддршка
Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот
-
Упатство за корисниците (OS 5.0)
- Верзија 1.0
- 4.92 MB
- 03/12/2024
СРПСКИ -
Упатство за корисниците (OS 5.0)
- Верзија 1.0
- 4.96 MB
- 03/12/2024
МАКЕДОНСКИ -
Упатство за корисниците (OS 5.0)
- Верзија 1.0
- 4.41 MB
- 03/12/2024
АЛБАНСКИ -
Упатство за корисниците (OS 5.0)
- Верзија 1.0
- 4.9 MB
- 03/12/2024
ХРВАТСКИ
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети