Galaxy Watch4 40mm LTE
SM-R865FZKAEUF
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Galaxy Watch4
Часовникот што те познава најдобро
Најголем дел од луѓето сакаат да знаат повеќе за самите себе за да може да станат своја најдобра верзија. Затоа, ние го создадовме новиот Galaxy Watch4 да те придружува на твојот пат кон твојата поздрава верзија. 1
ФИТНЕС
Фитнес
на
дланка
ТЕЛЕСЕН СОСТАВ
Не е доволно само да го
слушаш телото.
Запознај го
Следи го твојот фитнес напредок со нашиот прв паметен часовник којшто го мери телесниот состав. Дознај го процентот на масно ткиво во твоето тело, скелетните мускули, водата во телото и многу повеќе за да ги постигнеш твоите цели. Сензорот Samsung BioActive и нашиот најбрз чип ги носат најголемите иновации на Galaxy Watch досега. 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10
Добиј мерење на телесниот состав (BIA) со само два прста за 15 секунди. Во секое време, секаде.
Новиот сензор Samsung BioActive го доловува составот на телото во реално време за да те информира додека си ги поставуваш здравствените цели.
Следи го
напредокот кон
твоите цели
Постави си цели за тежина, процент на маснотии во телото и скелетни мускули. Следи го напредокот и добивај потсетници за мотивација на Galaxy Watch4. Прослави ги твоите достигнувања со значки и изгради здраво тело. 2, 3, 4, 5, 7, 11, 12
На зелен Galaxy Watch4 со ремче во крем боја е прикажана порака „Fantastic“ којашто го слави постигнувањето на зададена цел за телесен состав.
Постави си цели за тежина, процент на маснотии во телото и скелетни мускули. Следи го напредокот и добивај потсетници за мотивација на Galaxy Watch4. Прослави ги твоите достигнувања со значки и изгради здраво тело. 2, 3, 4, 5, 6, 7, 10
ГРУПЕН ПРЕДИЗВИК
Твоите пријатели од тренинг
се тука за тебе
По текстуалната порака, има два емотикони: приказ на ветер и еден пар очи што гледаат налево.
Се гледаме на финишот, Давид!
12:45 PM
Покажана е предната страна на Galaxy Watch4 со зелено ремче, а лицето на часовникот покажува „3. место“ во групен предизвик за пешачење со пријателите. Околу часовникот има различни луѓе, исечени во круг. На горната лева и долната десна страна има меурчиња со текст, секое насочено кон лицето на кое се однесува.
Пред и по зборот „Внимавај“ има по еден емотикон-извичник.
Внимавај Изабела наближува...
12:46 PM
Уживај во секој чекор со твоите пријатели и семејството со Galaxy Watch4. Води евиденција на чекорите и натпреварувај се со пријателите на забавен начин преку платформа за допишување во живо. Предизвиците доаѓаат со значки за учесниците и систем на поени за вежбите да бидат позабавни, мотивирачки и задоволувачки.
СЛЕДЕЊЕ ДНЕВНИ АКТИВНОСТИ И ВЕЖБАЊЕ
Избери каква било вежба.
Ќе ја следи
Следи ги твоите активности и резултатите од вежбањето на часовникот и телефонот. Број чекори, сметај калории и остани во мрежата со GPS. Galaxy Watch4 детектира физичка активност за да ги следи твоите навики и поддржува повеќе од 90 вежби за поточни извештаи од вежбањето. 13
ТРЧАЊЕ И ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД
Напреден увид за трчање
и возење велосипед
Измери како се менува твоето тело додека вежбаш и проверувај го пулсот додека се одмораш. Со напредниот индекс и интервален тренинг достапен на Galaxy Watch4, можеш да ги оптимизираш тренинзите и да тренираш за нови цели што ќе си ги поставиш. 5
Интервален тренинг Однапред постави ги траењето, растојанието и бројот на партии за трчање и возење велосипед што се дел од твојот интервален тренинг на Galaxy Watch4. Потоа, следи го водичот за тренизи со висок и низок интензитет директно од твојата рака.
HEALTH
A watch that's watching out for you
BLOOD PRESSURE & ECG
All the data your heart desires
Meet the Samsung BioActive Sensor that measures ECG and blood pressure in real time. After initial calibration, the sensors quickly check your blood pressure. You can also check abnormal heart rate and rhythm through ECG and send data straight to your phone to be easily shared. 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23
Blood Pressure Measure Blood Pressure using an Optical Heart Rate Sensor known as the PPG Sensor.
ECG Measure ECG using an Electrical Heart Sensor.
КИСЛОРОД ВО КРВТА
Мери ги нивоата
на кислород во
крвта директно
од раката
Вграденото мерење на кислород во крвта на Galaxy Watch4 ти овозможува да го проверуваш нивото на кислород во крвта во секое време. Кислородната сатурација е директно поврзана со физичките перформанси, па затоа следењето на нејзиното ниво може да ти помогне да си го одржуваш здравјето. 24, 25
НАПРЕДНО СПИЕЊЕ
Најхолистичката анализа на спиењето на Galaxy Watch
Покажан е сребрен Galaxy Watch4 со сребрено ремче врзано околу него, а на лицето на часовникот е прикажана функцијата за следење на сонот.
Функцијата за следење на спиењето детектира и врши холистичка анализа на фазите од спиењето додека одмораш. Со подобрените опции за мерење може да ги провериш нивоата на кислород во крвта и рчењето (не велиме дека рчиш). Плус, добиваш напреден увид во советите од Националната фондација за сон за поквалитетен и подолготраен сон. 5, 24, 26, 27, 28, 29
ТРЕНЕР ЗА СПИЕЊЕ
Твојот тренер за здрав сон
Научи како да развиеш здрави навики за спиење со тренерот за спиење. Со следење на твоите навики за спиење и пополнување на нашите прашалници, нашата програма назначува еден од осумте симболи на животни коишто го претставуваат твојот тип на спиење. Потоа, добиваш програма за спиење што трае од 4 до 5 седмици, со корисни совети за спиење, задачи и списоци. 5, 24, 30, 31, 32
Најди го симболот
за спиење што
одговара на твојот
тип на спиење
ДИЗАЈН
Навраќање на оригиналниот дизајн
Покажани се два Galaxy Watch4 уреди, еден во розово златна боја на левата страна и еден во сребрена боја на долната десна страна. И двата имаат лица на коишто се прикажани обоени дизајни што го покажуваат времето.
ДИЗАЈН
Елегантен, беспрекорен, безвременски
Galaxy Watch4 има едноставен дизајн со аеродинамична алуминиумска метална рамка. Има модерен изглед и функционалност за твоите тренинзи и секојдневни задачи.
Избери од многуте ремчиња, вклучувајќи го Hybrid кожното ремче и спортското ремче за да си направиш сопствена комбинација за твојот стил. Почести ја раката со висококвалитетни материјали, удобност и површини отпорни на пот. 33, 34, 35
ЛИЦЕ НА ЧАСОВНИКОТ
Нов ден.
Ново лице на часовникот
Покажан е Galaxy Watch4 уред и неговите различни стилови на лице на часовник.
Избери си аналогно или дигитално лице на часовникот со различни заднини, фонтови и бои што одговараат на твојот вкус, времето или пригодата. Зачини го карактерот со лице на часовникот со AR Emojis за да го покажеш твојот стил, додека анимираните цртежи покажуваат што правиш, како трчање или слушање музика.
НОВ ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ
Вистински
тимски играч
Прикажан е зелен Galaxy Watch4 поставен странично и се гледаат икони од разни апликации.
Првиот паметен часовник со оперативен систем Wear овозможен од Samsung, Galaxy Watch4, овозможува непречен пристап до омилените апликации на твојата рака. Имаш голем избор на апликации, од оние за стримање музика до огромна библиотека на апликации за здравје и фитнес. 36, 37
Одлични кога се сами. Заедно сме незапирливи
*Galaxy S22+, Galaxy Tab S8 Ultra, Galaxy Buds Pro и Galaxy Watch4 се продаваат одделно.
Galaxy отвора свет
на можности
Градиме посветла иднина дури и во движење
Поддржувањето на глобалните цели сега е полесно. Придружи се на движењето за да го направиш светот подобро место за живеење, директно од раката, на апликацијата Samsung Global Goals за Galaxy Watch.
- Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
* Корисничкиот интерфејс подлежи на промена.
* Достапните карактеристики и апликации миже да се разликуваат во зависност од регионот, поврзаниот уред, оперативниот систем или операторот.
* Сите слики на оваа страница се симулирани за илустрација.
- НЕ СМЕЕШ да го мериш телесниот состав ако имаш вграден пејсмејкер или друго вградено медицинско помагало.
- НЕ СМЕЕШ да го мериш телесниот состав ако си трудна.
- Резултатите од мерењето може да не бидат точни ако си помлад/а од 20 години.
- Наменето само за следење на општа добросостојба и физички активности. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било медицинска состојба или болест. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирај се со медицинско лице.
- Достапноста на BIA може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Сите карактеристики и корисничкиот интерфејс подлежат на промена.
- Компатибилен со Android 6.0 или понов, со RAM поголема од 1,5 GB.
- Активирање на уредот е можно само по поврзување на паметен телефон што поддржува Google Mobile Services (GMS). Проверете кај производителот дали вашиот паметен телефон поддржува Goodle Mobile Services (GMS).
- Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од регионот, операторот и уредот.
- Достапно само на серијата Galaxy Watch4 и мора да се спари со компатибилен мобилен уред.
- Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата или операторот.
- Galaxy Watch4 е водоотпорен до 50 m според стандардот ISO 22810:2010. Не е соодветен за нуркање или активности под висок притисок. Ако уредот или рацете се влажни, мора добро да се исушат пред ракување.
- Опцијата Watch-Mobile Interworking за возење велосипед е достапна на серијата Galaxy Watch4 со Samsung Health верзија 6.21 или понова.
- Компатибилен со Android 6.0 или понов и минимум 1,5 GB RAM.
- Сликата е симулирана. UX/UI подлежи на промени
- Карактеристиките за ЕКГ и БП се користат само до 22+ години. За точни отчитувања на БП, потребна е калибрација на секои 4 недели со монитор на БП и манжетна за рака. Потребен е паметен телефон Galaxy со Android 7.0 или понова верзија.
- Корисниците треба да го мерат својот крвен притисок кога се во мирување, како што би правеле со традиционалната манжетна, и да се воздржат од мерење кога вежбаат, пушат или пијат.
- Достапноста на функцијата и апликацијата може да се разликуваат во зависност од регионот, поврзаниот уред, верзијата SW и операторот.
- Историјата на измерениот крвен притисок може да се прегледа во апликацијата Samsung Health Monitor на спарен паметен телефон.
- За користење на апликацијата Samsung Health Monitor, потребни се паметен телефон Galaxy Watch и Samsung Galaxy. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација како медицински уред, апликацијата Samsung Health Monitor работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна.
- Поддржани часовници: Galaxy Watch4, Galaxy Watch3, Galaxy Watch Active2 и подоцна објавените Galaxy Watch и Active модели (со исклучок на Galaxy Fit)
- Поддржани паметни телефони: паметен телефон Samsung Galaxy со верзија на Android N OS или повисока
- Апликацијата Samsung Health Monitor Blood Pressure е достапна во 39 земји (Австрија, Азербејџан, Белгија, Бразил, Бугарија, Чиле, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Хонг Конг, Унгарија, Исланд , Индонезија, Ирска, Италија, Кореја, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сингапур, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, ОК и ОАЕ, од 11 август 2021 година).
- Апликацијата за крвен притисок е „медицински уред“ во земјите каде што е потребна и добивана регистрација/одобрување. Имајте предвид дека достапноста на апликацијата за крвен притисок може да се разликува во зависност од земја. Ве молиме користете го откако ќе ги прочитате чекорите 1-4 „Мерки на претпазливост пред употреба“ и „Како да се користи“.
- Апликацијата за крвен притисок не е наменета за никакви дијагностички цели во врска со хипертензија или други срцеви заболувања или корисници под 22 години. Корисниците не треба да толкуваат или да преземаат клиничко дејство врз основа на излезот од уредот без консултација со квалификуван здравствен работник. Апликацијата за крвен притисок не е наменета да ги замени традиционалните методи на дијагноза или третман.
- Достапноста може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
- Следењето на кислородот во крвта е наменето само за следење на физичкото здравје и добросостојба и не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било медицинска состојба или болест. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирај се со медицинско лице.
- За користење на функцијата за управување со спиењето, Galaxy Watch4 мора да се спари со паметен телефон.
- За најдобри резултати во откривање и евидентирање на рчењето, постави го паметниот телефон на стабилна површина блиску до главата, а долниот дел на паметниот телефон насочи го кон главата.
- Стандардната поставка за откривање на рчењето е исклучена. Корисниците може да ја вклучат поставката со нивните паметни телефони во секое време преку апликацијата Samsung Health, верзија 6.18 или понова.
- Напреден увид во евиденцијата на Националната фондација за сон е достапен само на паметен телефон спарен со Galaxy Watch4.
- Достапно само на серијата Galaxy Watch4; потребно е најновото ажурирање на софтверот
- Потребна е апликацијата Samsung Health верзија 6.21 или понова.
- Потребен е телефон Samsung Galaxy со оперативен систем Android 8.0 или понова верзија.
- За оптимално прецизно отчитување, Galaxy Watch4 треба да биде поставен стабилно на зглобот. Кога не вршиш отчитување, може да го олабавиш ремчето за да има простор да диши. Најдобро е ремчето да не биде ниту премногу затегнато, ниту премногу лабаво: треба да ти биде удобно на зглобот.
- Ако почувствуваш црвенило, чешање или други иритации, извади го Galaxy Watch4 и консултирај се со медицинско лице пред да продолжиш со употреба. Таква реакција може да биде резултат на алергија, долги периоди на носење, некои навики за користење, како на пр. премногу затегнато или изложеност на пот или други иританти.
- Часовникот Galaxy Watch4 и ремчето(ињата) одржувај ги чисти, така што ќе ги бришеш со мека, сува крпа.
- Достапните апликации за пораки може да се разликуваат во зависност од земјата или регионот.
- Оперативниот систем Wear овозможен од Samsung работи со телефони со последна верзија на Android (не вклучувајќи го изданието Go и телефони без Google Play Store). Поддржаните карактеристики може да се разликуваат во зависност од платформите и земјите, а компатибилноста подлежи на промена.
Спецификации
-
Големина (Главен Дисплеј)
1.2" (30.4mm)
-
Тежина на тело (g)
25.9 g
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.0
-
Сензори
Акцелерометар, барометар, жиро сензор, геомагнетски сензор, сензор за светлина, сензор за оптички отчукувања на срцето, електричен сензор за срце, сензор за анализа на биоелектрична импеданса, сензор за сала
-
Склад (GB)
16
-
CPU-брзина
1.18GHz
-
Големина на SIM-картичка
Embedded-SIM
-
Инфра
3G WCDMA,4G LTE FDD
-
3G UMTS
B1(2100),B5(850),B8(900)
-
4G LTE
B1(2100),B3(1800),B5(850),B7(2600),B8(900),B20(800),B28(700)
-
Формат на аудиорепродуцирање
MP3,M4A,3GA,AAC,OGG,OGA,WAV,AMR,AWB
-
Технологија на локација
GPS,Glonass,Beidou,Galileo
-
Wi-Fi
802.11 a/b/g/n 2.4+5GHz
-
NFC
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.0
-
Профили Bluetooth
A2DP,AVRCP,HFP,HSP
-
Wear OS овозможен од Samsung
-
Технологија (Главен дисплеј)
Super AMOLED
-
Големина (Главен Дисплеј)
1.2" (30.4mm)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
396 x 396
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
CPU-брзина
1.18GHz
-
CPU-тип
Dual-Core
-
Меморија (GB)
1.5
-
Склад (GB)
16
-
Достапен склад (GB)
7.6
-
Акцелерометар, барометар, жиро сензор, геомагнетски сензор, сензор за светлина, сензор за оптички отчукувања на срцето, електричен сензор за срце, сензор за анализа на биоелектрична импеданса, сензор за сала
-
Димензии на тело (ВхШхД,мм)
40.4 x 39.3 x 9.8 mm
-
Тежина на тело (g)
25.9 g
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
247
-
Отстранлива
Не
-
Време на користење (часови, AOD исклучено)
До 40 Hours
Неодамна прегледано