Galaxy Watch FE (Bluetooth, 40mm)
Galaxy Watch FE е осмислен и усовршен за да те следи на патот кон подобро здравје. Цел ден, секој ден. Користи го за да следиш над 100 тренинзи, да го измериш телесниот состав, да поставиш лични фитнес цели и да ги згазиш. Со ова брилијантно парче можеш и да добиеш увид во навиките за спиење и за срцето. Со Galaxy Watch FE, сега е совршен момент за да направиш подобра верзија од себеси.
Биди модерен и фит со овој часовник на зглобот
Galaxy Watch FE е достапен во три нови бои: црна, розово-златна и сребрена, а има и нови ремчиња за секоја боја. Затоа е совршен додаток на секоја модна комбинација, без разлика дали е за нешто опуштено или за тренинг.
Стакло од сафирен кристал: издржливост, преосмислена
Изработен со стакло од сафирен кристал, Galaxy Watch FE е отпорен на гребнатини и паѓања. Тој е отпорен и на прашина и на прскање, па затоа е совршен за да го носиш при секојдневните активности.
Ремче на часовник кое се менува со само еден клик
Едноставно притисни го копчето за откопчување и со само еден клик ќе го смениш ремчето со ново. Има многу ремчиња од кои може да бираш, па избери го она кое најмногу ти одговара!
*Сликата е симулирана за илустрација.Најважна е благосостојбата
Однеси ја играта на повисоко ниво со напредното следење на тренинзите на Galaxy Watch FE
Лесно мерење на телесниот состав
Измери си го телесниот состав директно преку зглобот и постави достижни фитнес цели за да напредуваш секој ден.
"* Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува. ** Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот. *** Не е наменето за откривање, поставување дијагноза или лекување. Наменето само за следење на општата благосостојба и физичките активности. **** Функцијата Телесен состав е поддржана само на серијата Samsung Galaxy Watch4 и на поновите модели на Galaxy Watch. Функцијата Телесен состав не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или друго вградено медицинско помагало или, пак, ако сте бремени. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Резултатите од мерењето може да не бидат точни ако сте помлади од 20 години. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице."

Редно време е да си ги згазиш фитнес целите
Galaxy Watch FE е многу повеќе од само часовник; тоа е личен инструктор што ти ги следи перформансите и те мотивира со наградни беџови и мотивациски пораки.
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.
Следење на тренинзите: евидентирај го својот пат до подобро здравје
Galaxy Watch FE следи над 100 тренинзи, од јога до пливање, па дури и приспособени вежби. Заборави да го започнеш тајмерот? Без грижа. Без разлика дали трчаш, пешачиш или возиш велосипед, автоматски ја препознава и евидентира активноста.
* Автоматското детектирање е достапно за одредени тренинзи.**Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.Секој метар е важен
Анализирај ги ставот и темпото при трчање со помош на Galaxy Watch FE и тренирај со пет различни нивоа на интензитет за да ги подобриш своите перформанси.
Напредна анализа на трчањето
Напредната анализа на трчањето не само што им помага на тркачите да ги зголемат ефикасноста и перформансите, туку и дава увиди за да се спречат повреди, овозможувајќи нови рекорди на крајната цел.
Персонализирана зона за срцебиење
Пронајди го вистинското темпо и подобри го трчањето со помош на персонализираната зона за срцебиење. Освој ги зададените цели според своите физички способности. А, кога ќе завршиш со трчање, прегледај ги деталните резултати и следи си го напредокот.
Samsung Health, сега на твојот зглоб
Клучните карактеристики на апликацијата Samsung Health на Galaxy Watch FE даваат детални увиди во целокупната состојба на телото. Користи ја апликацијата Samsung Health која сега е удобно сместена на твојот зглоб. Одржи си го здравјето и сруши ги личните рекорди.
* Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.** Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.Тренер за спиење: ти помага квалитетно да се наспиеш секоја вечер
Добриот сон е клучен за квалитетен живот, а за тоа треба да ги разбереш своите навики за спиење. Galaxy Watch FE ги анализира шаблоните на спиење за да ти помогне да се одмориш, да спиеш безбедно и удобно.
Пакет за следење на срцето: постојан мониторинг
Остани спокоен со помош на пакетот за следење на срцето на Galaxy Watch FE. Вградениот PPG сензор во ова интелигентно парче периодично го мери пулсот и веднаш те предупредува кога пулсот е превисок или пренизок. Ако се забележат нерегуларности, Galaxy Watch FE те советува да направиш детален ECG преглед на срцевиот ритам, помагајќи ти проактивно да управуваш со ризикот.
Детектор на паѓање: во случај да ти треба итна помош
Функцијата Детектор на паѓање испраќа СОС порака кога ќе забележи паѓање. Можеш веднаш да пристапиш до медицинските податоци на заклучениот екран за да ѝ помогнеш на итната служба.
*На Galaxy Watch FE мора да биде инсталирана најновата верзија на Wear OS.**Функцијата за детектирање паѓање мора да биде овозможена на апликацијата Samsung Galaxy Wearable app на Samsung Galaxy паметниот телефон за да може да се користи детекторот за паѓање на часовникот.***За вршење итен повик е потребно мрежно поврзување или спарување со Samsung Galaxy паметен телефон.****Информациите собрани од часовникот, апликацијата Samsung Health или поврзаниот софтвер не се наменети за одредување дијагноза, лекување, олеснување, третирање или спречување болест или друга состојба.*****Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.

Приспособи го: твој часовник, по твое
Персонализирај го Galaxy Watch FE и истакни го својот стил. Избери од широкиот асортиман ремчиња во разни стилови и материјали, како и од уникатните прикази на часовникот и издвој се од толпата.
* Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.
* Вистинскиот кориснички интерфејс/корисничко искуство може да се разликува.
Спореди
Спецификации
-
NFC Да
-
Верзија Bluetooth Bluetooth v5.3
-
Големина (Главен_Дисплеј) 1.2" (30.4mm)
-
Процесор 1.18GHz
-
Склад (GB) 16
-
Сензори Aкцелерометар, Барометар, Сензор за анализа на биоелектрична импеданса, Електричен сензор за срцето, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Сензор за светло, Оптички сензор за пулсот на срцето
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price before: {{model.prices.priceDisplay}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети