Што е толку посебно
кај QLED телевизорите?
QLED телевизорите ги користат многуте уникатни карактеристики кои ги нудат квантните точки, како што е „висока осветленост“. Осветленоста се однесува на тоа колку светол изгледа екранот и таа светлина е важен фактор кој влијае на другите елементи кои сочинуваат квалитетна слика. Прво, соодносот на контрастот природно се подобрува кога светлината е повисока. Кога може да се изразува светол и темен приказ на видеа и слики, тоа е познато како HDR - high dynamic range (висок динамички опсег). Овој HDR, кој е суштинска компонента на квалитетот на сликата, дополнително се подобрува, обезбедувајќи чисти и богати слики.
Сега, ајде да видиме како сето тоа влијае на бојата.
Ефектот на светлината врз квалитетот на бојата е едноставен. На пример, во спектарот на црвената боја има опсег на светли и темни црвени нијанси, но QLED телевизорите подобро го изразуваат овој опсег на бои. Оваа уникатна QLED технологија, заедно со други технологии, како што е Direct Full Array, обезбедува сосема поинаков квалитет на слика и пореалистично гледање споредено со телевизори кои немаат QLED технологија.