Што е 4K телевизор?

Што е работата со 4K?
Продолжи да читаш за да дознаеш.

Што значи 4K?

4K телевизор е телевизор со 4K резолуција. Тоа значи дека телевизорот има 3840 хоризонтални пиксели и 2160 вертикални пиксели, што значи вкупно околу 8,3 милиони пиксели. На спецификациите за производот, резолуциите обично се дадени како „3840 x 2160“ за 4K телевизори.

Резолуцијата е термин кој кажува со каква густина овие мали точки, пикселите, се ставени на екранот. Поединечните пиксели се собираат заедно за да ја направат сликата која ја гледаш на екранот, така што колку повеќе пиксели има толку е повисока резолуцијата. Буквата „K“ во 4K значи „kilo“ (1000), што значи телевизор кој постигнал хоризонтална резолуција од околу 4000 пиксели.

Колку е добар квалитетот?

4K телевизорите имаат четири пати повеќе пиксели од традиционалните Full HD (1920 x 1080) телевизори. Дури и на ТВ екрани со иста големина, квалитетот на сликата на 4K телевизор е поживописен и подетален благодарение на поголемата густина на пикселите. Оваа разлика е особено очигледна на телевизори со големи екрани. На пример, ако го споредиш квалитетот на традиционален 65" Full HD телевизор со 65" 4K UHD телевизор, ќе забележиш разлика во пикселите кои го сочинуваат екранот. Кај телевизори со висока резолуција, пикселите се помали отколку кај телевизори со пониска резолуција, а иста големина, така што да можеш да уживаш во поинтензивно доживување без ограничувања на растојанието за гледање и да гледаш одблиску без да ги забележиш поединечните пиксели.

Каква 4K содржина е достапна?

Кога за првпат беа воведени 4K телевизорите, немаше многу 4K содржина за гледање. Тоа предизвика неодлучност кај некои потрошувачи кога купуваа телевизори. Сега, има толку многу достапна 4K содржина што тоа повеќе не претставува проблем.

Во моментот, има разни форми на 4K содржина, од 4K емитување, 4K стриминг услуги, 4K Blu-ray плеери и дискови, па дури до UGC видеа снимени со 4K камери или 4K паметни телефони. Има приближно 80 канали низ целиот свет кои емитуваат во 4K (според Wikipedia), а услугите VoD (видео содржина на барање) како Netflix, Amazon Prime, Vudu и Rakuten, исто така нудат многу разни содржини, како 4K филмови и ТВ серии. Плус, ако имаш 4K Blu-ray плеер лесно можеш да купуваш и да уживаш во 4K видеа од места како Amazon.com.

Од неодамна, многу луѓе уживаат во снимање видеа со 4K камери или паметни телефони со вградени 4K камери и ја споделуваат таа содржина со други корисници преку платформи за споделување видеа, како Youtube и Vimeo. Затоа, слободно истражувај сѐ што те интересира.

Уживај во сета своја содржина
со 4K квалитет

Би било одлично ако сета снимена содржина би била снимена во 4K, но сѐ уште има многу содржина со пониска резолуција во споредба со 4K содржина. Сепак, не мора да се грижиме за тоа, затоа што постои скалирањето.

Па, што е 4K скалирање и што прави тоа за тебе?

Кога гледаш FHD содржина со пониска резолуција на 4K телевизор, скалирањето е технологијата која ја зголемува нејзината резолуција, ја конвертира и оптимизира за да одговара на дисплејот на 4K телевизорот. Со други зборови, таа не ја растега сликата — ја надградува за 4K екранот. Скалирањето автоматски ја анализира резолуцијата за да ја намали вревата, да ги подобри деталите и да обезбеди оптимален контраст и боја за да можеш да ја гледаш оваа содржина со квалитет како 4K. И, бидејќи секој бренд различно го врши скалирањето, погрижи се да го избереш оној кој тоа го прави најдобро.

Ноќна глетка на градот прикажана на ТВ екран е поделена со 4K резолуција и Full HD резолуција квалитет на слика. Сликата со 4K квалитет на десната страна дава пореалистичен приказ за разлика од другата страна која покажува слика со Full HD квалитет.

Што е 4K? Што е UHD?

Да поедноставиме, UHD е кратенка од Ultra High Definition што значи ултра висока дефиниција, а 4K резолуцијата е еден вид UHD резолуција.

Различни брендови користат разни изрази за иста работа, како Ultra HD, 4K телевизор, телевизор со ултра висока дефиниција и 4K UHD TV. Како што минуваше времето, телевизиската индустрија сметаше дека изразот „4K“ е полесен и поинтуитивен за потрошувачите и започна сѐ почесто да го користи. Денес, најголем дел од производителите и дистрибутерите го користат терминот 4K телевизор или 4K UHD TV. Неодамна, на пазарот се појави уште еден вид на UHD телевизор: 8K телевизорот.

Вклучи се и ти
во 4K

Телевизори со висока резолуција се нешто кое треба да се земе предвид при купување на производи за долгорочна употреба, како што се телевизорите. Ако купуваш нов телевизор, тогаш направи си услуга и избери 4K телевизор

Погледни ги сите најнови иновации за Samsung QLED телевизори

Погледни ги сите најнови иновации за Samsung QLED телевизори