Најдобар телевизор за
играње игри

Игрите изгледаат повистински од кога и да било
досега. Продолжи да читаш за да откриеш како
твојот избор на телевизор може да го направи играњето
уште подобро.

Кога ќе бидеш подготвен да купиш нов телевизор за играње игри, треба да го земеш предвид следново:



Играта започнува наскоро, затоа земи го она што ти треба.

Практично поврзување

Кога играш на конзоли за игри како Xbox One, PS4 и Nintendo Switch, првото нешто за кое треба да размислиш е колку е практично поставувањето на средина за играње. Колку неверојатно би било кога твојот телевизор би можел автоматски да препознае конзола за игри кога е поврзана? А, што е уште подобро, телевизорот покажува каков вид конзола за игри е поврзана и се префрла на таа порта секој пат кога таа ќе се вклучи. Не заборавај ја функцијата за автоматска детекција.

Телевизор за играње игри со автоматска детекција е поврзан со конзола за игри преку HDMI кабел, а потоа телевизорот се вклучува во режим на игри со вклучување на конзолата за игри.

Оптимизирани слика и звук

Никогаш не е лесно да се видат скриените непријатели во темница. Меѓутоа, со технологија како динамичниот стабилизатор на црна боја тоа повеќе не е проблем. Динамичниот стабилизатор на црна боја работи со анализирање на темните сцени во играта и детектирање на предметите во неа. Потоа, ги оптимизира црните нивоа и помага да се откриваат нештата кои не се гледале претходно. Покрај тоа, HDR технологијата, која ги прави нештата да изгледаат пореално, и поставките за оптимизиран звук, се исто така задолжителни. А, со звукот кој е оптимизиран да се приспособува на секаков тип на игри, може да бидеш сигурен/а дека уживањето во сите твои игри е загарантирано.

Мало доцнење на слика

Не трепкај! Кога играш спортски, акциони или FPS (игри со пукање каде играчот ја искусува акцијата преку очите на протагонистот) игри, задоцнување од само една секунда одлучува кој ќе победи, а кој ќе изгуби. Затоа, времето на реакција на телевизорот е толку важно и зошто за играње игри е задолжително да се поседува телевизор со мало доцнење на слика. Кога се мери брзината, доцнењето на сликата — времето помеѓу притискање на копче на управувачот и реакцијата на играта — се мери во ms (милисекунди). Колку е помало доцнењето на инпутот, толку побрза ќе биде реакцијата. Значи, телевизор кој има мазна обработка на екранот без т.н. кинење (FreeSync) додека одржува мало доцнење на сликата е дефинитивно подобар избор.

Истата сцена од играта покажува различно доцнење на слика. Сцената од игра со мало доцнење на сликата на десната страна има брзо време на реакција споредено со сцената со големо доцнење на сликата на десната страна.

Режим на игри

За да им помогне на гејмерите да започнат со својата игра веднаш, телевизорите за играње игри нудат функција наречена Режим на игри, која автоматски ги поставува потребните спецификации, како што се слика и звук, на оптимални нивоа, додека истовремено одржува мало доцнење на сликата. Запомни, подобрениот квалитет на сликата не треба да го зголеми доцнењето на сликата, бидејќи вистински Режим на игри го подобрува квалитетот на сликата без да влијае на доцнењето на сликата.

На телевизор за играње игри е прикажана сцена од трка на коли во Режим на игри кој ја прави сцената пореалистична и живописна.

Голем екран

Често се вели дека кога се купува телевизор, поголем е подобар—а истото важи и кога бираш најдобра големина на телевизор за играње. Ова е особено точно кога се тркаш со пријателите во игра со повеќе играчи или се натпреваруваш во танцување со семејството во твојот дом. Со поголем екран, секоја игра е позабавна и повозбудлива.

Па, што чекаш?
Избери го најдобриот телевизор за играње игри за тебе.
Твојата мисија започнува тука.