Samsung
Tizen OS

Откриј бескрајна забава, нови животни искуства и попаметни начини да го поврзеш домот. Сето тоа е овозможено од Samsung Tizen OS и е вградено во Samsung паметниот телевизор. Само вклучи.

Откриј ги сите омилени содржини на едно место

Samsung Tizen OS

Samsung Tizen OS1 го подобрува пребарувањето содржини, минимизирајќи го времето на пребарување и максимизирајќи го уживањето. Пристапи до апликациите на Samsung TV и истражи широк асортиман содржини — вклучително и до серии, филмови и игри — сѐ на едно место.

Инстант пристап до најпопуларните стриминг услуги

На Samsung телевизорите ги има најпопуларните стриминг апликации1 како што се Netflix и YouTube. Само пушти го новиот телевизор и впушти се во омилените содржини.

Уживај во попаметни начини да го поврзеш домот

SmartThings

Оптимизирај ги твоите домашни уреди за паметен стил на живеење, приспособен на твоите потреби. Со вградениот IoT центар во Samsung паметните телевизори може да ги поврзеш уредите што се компатибилни со SmartThings3 и да уживаш во приспособен паметен дом што го поедноставува секојдневието.

Приспособено според поединечните преференции

Персонализиран кориснички интерфејс во домот4

Дозволи сите во домот да се најават на сопствената сметка и да имаат приспособено искуство. Секој може да добива персонализирани препораки и да ги бара омилените содржини. Уживај во сопствените избор и селекција без да ги измешаш со оние на другите членови од семејството.

Твојата приватност. Обезбедена.

Samsung Knox Security

Твојата приватност е сега заштитена на Samsung TV. Нека чувствителните податоци како што се pin-кодовите или лозинките бидат заштитени со Samsung Knox Security.5 Дури и ги заштитува домашните IoT уреди поврзани со телевизорот.

Симулирано и служи исклучиво како пример. Анимираниот карактер G-nusmas го избира неговиот профил на Samsung TV и го внесува неговиот PIN број. Твоите лозинки и податоци? Не грижи се! Заштитени се со повеќеслојна безбедност. Лого на центар за сертификација за IT безбедност CISS-1291-2024. Ограничено на одредени PIN-кодови или лозинки. Телевизор со логото на Knox Security е поврзан со уреди како што се фрижидерот, робот-правосмукалката, рерната, клима уредот и машината за перење. Поддржува заштита и енкрипција на податоци само кога уредите се поврзани со Samsung TV преку SmartThings. Блокаторот за фишинг сајтовите ги заштитува твоите податоци за најава. Samsung Knox Security е активен во текот на денот и редовно се ажурира. Безбедното ажурирање на софтверот е загарантирано најмалку три години од пуштањето на производот во продажба. Потребно е најновото ажурирање на софтверот. Samsung TVs се заштитени со Samsung Knox. Симулирано и служи исклучиво како пример. Анимираниот карактер G-nusmas го избира неговиот профил на Samsung TV и го внесува неговиот PIN број. Твоите лозинки и податоци? Не грижи се! Заштитени се со повеќеслојна безбедност. Лого на центар за сертификација за IT безбедност CISS-1291-2024. Ограничено на одредени PIN-кодови или лозинки. Телевизор со логото на Knox Security е поврзан со уреди како што се фрижидерот, робот-правосмукалката, рерната, клима уредот и машината за перење. Поддржува заштита и енкрипција на податоци само кога уредите се поврзани со Samsung TV преку SmartThings. Блокаторот за фишинг сајтовите ги заштитува твоите податоци за најава. Samsung Knox Security е активен во текот на денот и редовно се ажурира. Безбедното ажурирање на софтверот е загарантирано најмалку три години од пуштањето на производот во продажба. Потребно е најновото ажурирање на софтверот. Samsung TVs се заштитени со Samsung Knox.

Истражи ги паметните телевизори

  • Преглед

  • Големина на екран

  • Апсолутна 8K резолуција, пред сѐ
  • 85/75/65"
  • Нашето најнапредно 4К искуство
  • 98/85/75/65/55/50/43"
  • Бескрајни црни бои со самоосветлувачки екран
  • 77/65/55"
  • Извонредни, долготрајни бои
  • 98/85/75/65/55/50/43/32"
  • Твојата уметничка галерија на телевизор
  • 85/75/65/55/50/43/32"
  • Безусловно прекрасен
  • 65/55/50/43"

ЧПП:
Стриминг апликации и емитување на екранот на Samsung паметните телевизори

  • Како да гледам YouTube на Samsung паметни телевизори?

    YouTube апликацијата може да се најде на Samsung паметните телевизори што поддржуваат YouTube.

    1. Поврзи го паметниот телевизор на домашната мрежа.
    2. Отвори ја YouTube апликацијата на почетниот екран.
    3. Најави се со својата сметка на YouTube.
    4. Оди до видеата на YouTube што сакаш да ги гледаш и избери ги.
  • Netflix апликацијата може да се најде на Samsung паметните телевизори што поддржуваат Netflix.

    1. Поврзи го паметниот телевизор на домашната мрежа.
    2. Отвори ја Netflix апликацијата на почетниот екран и притисни на копчето [NETFLIX] на далечинскиот управувач. (Напомена: Достапноста на копчето [NETFLIX] може да се разликува во зависност од земјата.)
    3. Најави се со својата сметка на Netflix.
    4. Оди до филмовите и сериите на Netflix што сакаш да ги гледаш и избери ги.
  • Disney+ апликацијата може да се најде на Samsung паметните телевизори што поддржуваат Disney+.

    1. Поврзи го паметниот телевизор на домашната мрежа..
    2. Отвори ја Disney+ апликацијата на почетниот екран и притисни на копчето [Disney+] на далечинскиот управувач. (Напомена: Достапноста на копчето [Disney+] може да се разликува во зависност од земјата.).
    3. Најави се со својата сметка на Disney+..
    4. Оди до филмовите и сериите на Disney+ што сакаш да ги гледаш и избери ги.
  • Некои апликации како Netflix и YouTube имаат вградена функција за емитување екран што го олеснува споделувањето екран меѓу мобилниот и телевизорот.

    1. Поврзи ги мобилниот уред и телевизорот на истата Wi-Fi мрежа.
    2. Осигури се дека и мобилниот уред и телевизорот ја имаат апликацијата што сакаш да ја користиш за емитување екран.
    3. Најави се на својата сметка или креирај сметка. Најави се на истата сметка на мобилниот уред и на телевизорот.
    4. Отвори ја содржината што сакаш да ја гледаш преку мобилниот уред.
    5. Допри ја иконата за емитување. (Напомена: Локацијата на иконата за емитување може да се разликува во зависност од апликацијата што ја користите и ориентацијата на телефонот.)
    6. Избери го својот телевизор за да ја гледаш содржината на него.

Откривај интересна содржина, апликации и брендови

Samsung соработува со партнери за да овозможи реклами и препораки за корисниците кои ќе им помогнат да откриваат содржина, апликации и брендови на уреди со Smart Hub UI, вклучувајќи ги и нашите паметни телевизори. Овие реклами може да се појават на одредени простори на уредот, на пример како интерактивни реклами (каде нема да има понатамошно дејство, освен ако корисникот не се вклучи во интеракцијата) или како банери или, пак, (онаму каде е достапно) во рамки на одредени апликации како што е Samsung TV Plus.

Корисникот има можност да одбие да добива персонализирани реклами преку апликацијата Privacy Choices или преку поставките на уредот, но сепак може да се појавуваат генерички реклами. Достапноста на рекламите, нивниот формат и кампањите може да се разликуваат во зависност од регионот, моделот и годината кога е издаден моделот. За повеќе информации, посетете ја https://smarthub.termsnprivacy.com.

· Фотографиите е симулирани за илустрација. Промените на спецификациите за корисничкиот интерфејс, изгледот и дизајнот може да бидат променети без известување. Корисничкиот интерфејс може да се разликува во зависност од регионот.

· Деталните спецификации може да се разликуваат во зависност од моделот, затоа погледнете ја страницата со детали за производот.

1. Samsung Tizen OS: * Содржината и услугите може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување. Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub. За некои содржини и услуги е потребна регистрација и претплата. Потребна е Samsung account за да е достапен целиот спектар карактеристики на Samsung Tizen OS, вклучувајќи ги карактеристиките и апликациите на паметниот телевизор, освен за Кина, Турција и Израел. Ако одлучите да не се најавите, ќе можете да се поврзете само на терестријална телевизија (важи само за уреди со тјунери) и на надворешни уреди, (на пр. преку HDMI). Можеби ќе треба да користите посебен уред (на пр. PC или мобилен телефон) за да креирате Samsung account. Може да биде потребна претплата за некои услуги. Одредени услуги за гледање може да не се достапни во сите региони.
2. Бескрајни бесплатни содржини: Бројот на канали, вклучувајќи ги и каналите овозможени од Samsung TV Plus и апликации на трети страни се тековни, почнувајќи од мај 2024 г. во секоја земја. Каналите може да се разликуваат во зависност од земјата и подлежат на промени без известување. Потребна е Samsung account. Може да е потребно преземање апликации, регистрација и најава за пристап до каналите овозможени од трети страни.
3. SmartThings: Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, добавувачот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување. Потребно е Wi-Fi-поврзување, Bluetooth или поврзување на друга безжична мрежа и најава на Samsung account. Поврзаните уреди се продаваат одделно. За употреба на т.н. мирна технологија (анг. calm technology) потребно е да се согласите и на известувањето за приватност на SmartThings и на автоматски регистрираниот уред. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување.
4. Персонализиран кориснички интерфејс во домот: Може да креирате до 6 различни сметки на една услуга. Покритието на услугата за препораки може да се разликува во зависност од земјата и моделот.
5. Samsung Knox Security: „Заштитени од Knox“ важи за сите Samsung TVs овозможени од Tizen®, пуштени во продажба од 2015 г. Безбедното ажурирање на софтверот е загарантирано најмалку три години од пуштањето на производот во продажба. Потребно е најновото ажурирање на софтверот.