Паметен дом
со SmartThings

Паметно работење со SmartThings! Samsung паметните телевизори имаат вграден SmartThings центар што ти овозможува да ги контролираш домот и животот. Поврзи ги паметните уреди, оптимизирај ја енергетската ефикасност, подобри си ги секојдневните рутини и многу повеќе — и тоа сѐ со помош на Samsung паметниот телевизор.

Поврзи ги домашните уреди за попаметен стил на живеење

Samsung паметен телевизор е закачен на ѕид во дневна соба, а до него има логотипови на SmartThings и Matter. На ТВ екранот е прикажан почетниот екран на SmartThings. Разни икони се појавуваат околу апаратите во домот, како што се ламбата, клима уредот, ролетните, робот-правосмукалката и освежувачот за воздух за да ја истакнат поврзаноста. Се зумира екранот на телевизорот. На ТВ екранот е прикажана картичката „Ламба“. Статусот се менува од „Исклучено“ во „Вклучено“. Потоа, екранот ја прикажува картичката „Ролетни“. Статусот се менува од „Затворени“ во „Отворени“. Потоа, екранот ја прикажува картичката „Освежувач за воздух“. Статусот се менува од „Исклучено“ во „Автоматски“. Се одзумира за да се прикаже целата соба, каде што се покажани засегнатите уреди во сменетата состојба

Паметно работење со SmartThings!

Нека телевизорот ги детектира, поврзува и прикажува сите уреди во домот. Со помош на вградениот SmartThings1 центар што поддржува IoT стандарди како што е Matter, може да се поврзе со разни компатибилни уреди што го подобруваат секојдневието. Нема потреба од дополнителен центар или донгл — едноставно дозволи Samsung паметниот телевизор да биде мозокот на твојот паметен дом.

Управувај со својот паметен дом преку телевизорот

3D преглед на мапа2

Уживај во интуитивен 3D приказ на целиот паметен дом. Со само еден брз поглед види ги локацијата, статусот потрошувачката на енергија и други податоци од компатибилните поврзани уреди. Тоа се сите информации што ти требаат за да управуваш со паметниот дом. Со само еден практичен приказ.

Сите апликации што ќе ти го разубават секојдневието - на едно место

На почетниот екран на Samsung Daily+ се прикажани разни апликации и услуги. Текстот најгоре гласи: „Паметно работење со SmartThings“ и „Збогати си го секојдневието со SmartThings“. Екранот лизга надолу и ги нагласува најкористените паметни уреди и разните функции за работниот простор. Екранот повторно се качува нагоре и покажува како категоријата се менува од „Популарно“ во „Здравје“. Екранот повторно лизга надолу и ги нагласува опциите „Technogym“ и „Следење на тренингот“ достапни во категоријата „Здравје“. Кај „Следење на тренингот“ е нагласена опцијата Galaxy Watch 6.

Samsung Daily+

Уживај во апликации и услуги што ти помагаат да управуваш со секојдневните активности и начинот на живот. Samsung Daily+3 обезбедува пристап до апликации како SmartThings, Следење на тренингот, Работен простор и многу повеќе.

Подобри ги домашните тренинзи

Следење на тренингот4

Следи го напредокот на вежбањето и гледај ги омилените содржини истовремено. Само поврзи го својот носив уред со телевизорот за да добиваш податоци во реално време, како на пример срцебиење и калории, коишто ќе се појавуваат на екранот.

Пристапувај до корисни информации во текот на денот, дури и кога телевизорот е исклучен

Дневна табла

Пристапувај до корисни информации во текот на денот, дури и кога телевизорот е исклучен. Може да ја приспособиш дневната табла5 со виџети како што се: временска прогноза, домашен статус, енергија, белешки, совети и многу повеќе. Дневната табла може да ја исклучиш без да ги користиш рацете со помош на гласовна активација или кога ќе се доближиш до телевизорот.

Човек поминува покрај Samsung паметен телевизор во неговата дневна соба. Како што поминува, екранот на телевизорот се вклучува и го прикажува часот 09:00, како и датумот, понеделник, 25 март, а потоа лизга надолу низ неколку опции за „Дневната табла“. На првиот екран е прикажана временската прогноза со моментална температура од 16 степени Целзиусови и предвидена температура од 15 степени во 08:00, 17 степени во 12:00 и 16 степени во 16:00 часот. На вториот екран се прикажани белешките, со честитка за роденден од Лиса пратена во понеделник, 7 август. На третиот екран е прикажан домашниот статус на уредите поврзани со SmartThings. Прикажани се 26 степени Целзиусови, влажност од 67,3 проценти и 3 вклучени светилки. На четвртиот екран се прикажани советите, а даден е советот „Притиснете и задржете го виџетот за да го смените редоследот“. На петтиот екран е прикажана енергијата со информации што гласат „Имате искористено 7,2 проценти од месечната цел“, со 28,21 проценти досега за овој месец, а месечната цел е 50,00. На шестиот екран е прикажана камера на која се гледа поштарот пред врата.

Благодарение на интелигентната анализа заштедуваш енергија

AI Energy Mode

Со AI е лесно да заштедиш енергија. Со AI Energy Mode6, телевизорот ги детектира нивоата на осветлување и го анализира однесувањето, а потоа го приспособува осветлувањето на начин со којшто се намалува целокупната потрошувачка на енергија. Исто така, ги анализира содржините на екранот, сцена по сцена, за суптилно да го приспособи осветлувањето за подобра енергетска ефикасност.

Samsung TV е закачен на ѕид во дневна соба. Светлата соба се затемнува и осветлувањето е како да е ноќно време. Телевизорот ја детектира оваа промена преку сензор и ја оптимизира потрошувачката на енергија, што е прикажано преку икона-приклучник со намален број цртички. AI Energy Mode ти овозможува да ја подобриш заштедата на енергија додека гледаш телевизија, па дури и кога не си пред телевизорот. Телевизорот испраќа бранови низ собата за да детектира дали има некој. Празната линија на каучот посочува дека нема никој во близина, а потоа телевизорот ја оптимизира потрошувачката на енергија, што е прикажано преку икона-приклучник со намален број цртички.

Како се користи AI Energy Mode со апликацијата SmartThings

Користи ја апликацијата SmartThings за да го контролираш режимот AI Energy Mode. Може да го вклучиш и да го исклучиш, да поставуваш приспособени месечни цели, да бираш кои уреди да работат и многу повеќе.

На Samsung паметниот телевизор е прикажан 3D преглед на мапа. Во близина, една дланка држи паметен телефон на којшто е прикажан почетниот екран на SmartThings. Со еден допир, паметниот телефон пристапува до категоријата „Секојдневие“ каде што има разни опции за управување со домот. Потоа, ја избира опцијата „Енергија“ за да ја прикаже потрошувачката на енергија во реално време. Откако ја избира опцијата „Енергија“, на екранот се прикажува количината на енергија што ја трошат разните уреди во домот. Еден од истакнатите уреди е телевизорот. Потоа, лицето го вклучува AI Energy Mode.

Истражи ги паметните телевизори

  • Преглед

  • Големина на екран

  • Апсолутна 8K резолуција, пред сѐ
  • 85/75/65"
  • Нашето најнапредно 4К искуство
  • 98/85/75/65/55/50/43"
  • Бескрајни црни бои со самоосветлувачки екран
  • 77/65/55"
  • Извонредни, долготрајни бои
  • 98/85/75/65/55/50/43/32"
  • Твојата уметничка галерија на телевизор
  • 85/75/65/55/50/43/32"
  • Безусловно прекрасен
  • 65/55/50/43"

· Фотографиите е симулирани за илустрација. Промените на спецификациите за корисничкиот интерфејс, изгледот и дизајнот може да бидат променети без известување. Корисничкиот интерфејс може да се разликува во зависност од регионот.

· Деталните спецификации може да се разликуваат во зависност од моделот, затоа погледнете ја страницата со детали за производот.

1. SmartThings: Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, добавувачот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување. Потребно е Wi-Fi-поврзување, Bluetooth или поврзување на друга безжична мрежа и најава на Samsung account. Поврзаните уреди се продаваат одделно. За употреба на т.н. мирна технологија (анг. calm technology) потребно е да се согласите и на известувањето за приватност на SmartThings и на автоматски регистрираниот уред. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување. Функционалноста на вградениот центар е достапна на Samsung паметните телевизори од 2022 година наваму. За сите модели на телевизори од 2022 година и за моделите на телевизори од серијата Crystal UHD од 2023/2024 година е потребен донгл додаток за SmartThings, којшто се продава одделно.
2. 3D преглед на мапа: Сликата е симулирана и служи само за илустрација. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување. Оваа функција може да не е достапна кај одредени модели. За детален список со поддржани уреди, посетете ја веб-локацијата https://partners.smartthings.com/supported-devices.
3. Samsung Daily+: Samsung не е одговорна за ниту една услуга од трета страна и не е одговорна за какви било штети или загуби предизвикани од какви било услуги од трети страни. Достапните услуги и корисничкиот интерфејс подлежат на промени без претходно известување.
4. Следење на тренингот: Поддржани уреди се Galaxy Watch 4 ↑ со Galaxy мобилен уред (One UI 4.1.1 и понови верзии) со најновата верзија на софтвер. Уредите мора да се најавени на истата Samsung account. Поставете ги часовникот и мобилниот уред во близина на екранот за да ја користите функцијата за следење на тренингот.
5. Дневна табла: Обезбедените услуги може да се разликуваат во зависност од земјата.
6. AI Energy Mode: Стапката на заштеда на енергија може да се разликува во зависност од регионот, моделот, големината, условите на гледање или типот на содржина. Производите испорачани во Eco режимот стандардно ги имаат некои од карактеристиките на AI Energy Mode. Така што, заштедата на енергија со вклучување на AI Energy Mode може да се чини пониска во споредба со стандардниот режим. AI Energy режимот не функционира со режимот за игри. Заштедата на енергија е врз основа на резултатите од интерното тестирање и може да се разликува во зависност од содржината што се прикажува и нивоата на опкружувачкото осветлување.