SolarCell Remote

Прикажани се два SolarCell Remote далечински управувачи, поставени еден до друг. На првиот се гледа модерната и функционална предна страна, додека, пак, на вториот далечински управувач се гледа задната страна со соларниот панел на екранот. Прикажани се два SolarCell Remote далечински управувачи, поставени еден до друг. На првиот се гледа модерната и функционална предна страна, додека, пак, на вториот далечински управувач се гледа задната страна со соларниот панел на екранот.
Да градиме попаметна иднина со SolarCell Remote далечинскиот управувач. Кажи им збогум на батериите за еднократна употреба и прифати ја одржливата моќ. Со само едно притискање, уживај во омилените содржини и откривај нови паметни карактеристики.

Полни го со светлина, а не со батерии

SolarCell Remote

Време е да ја наполниш својата одржливост. SolarCell Remote1 може д се полни со сончева светлина или со внатрешно осветлување благодарение на соларниот панел на задниот дел. Веќе нема потреба од батерии за еднократна употреба.

SolarCell Remote е сѐ што ти е потребно

Намали го нередот така што ќе користиш само еден далечински управувач. SolarCell Remote може да работи со телевизорот и со уредите што се компатибилни со него, како конзоли за играње и саундбар системи, така што нема да ти треба посебен далечински за секој уред.2

Пристапувај до апликациите со само едно притискање на копче

Полесна контрола

Лесно пристапувај до омилените содржини со копче наменето за тоа да те однесе директно до омилената стриминг услуга.3

На екранот е прикажан крупен кадар од SolarCell Remote. Во заднина има слика од луѓе и храна. На екранот е прикажан крупен кадар од SolarCell Remote. Во заднина има слика од луѓе и храна.

Само кажи што сакаш

Повеќе гласовни асистенти4

Целосно ново ниво на практичност што ти е на дофат на прсти. Благодарение на вградениот микрофон, SolarCell Remote поддржув гласовни асистенти како што се Bixby и Amazon Alexa. Може да побараш да се смени каналот, да пребарува серии, отворени апликации и многу повеќе.

Иконата за микрофон на SolarCell Remote е видливо истакната, нагласувајќи ги неговите способности за гласовна команда. Едно дете го држи далечинскиот управувач и зборува директно во него. Околу далечинскиот управувач се појавуваат три меурчиња со текст, при што секое прикажува различна команда. Во меурчињата пишува: „Зголеми го звукот“, „Прикажи ми акциски филмови“ и „Каква е временската прогноза денеска?“ Иконата за микрофон на SolarCell Remote е видливо истакната, нагласувајќи ги неговите способности за гласовна команда. Едно дете го држи далечинскиот управувач и зборува директно во него. Околу далечинскиот управувач се појавуваат три меурчиња со текст, при што секое прикажува различна команда. Во меурчињата пишува: „Зголеми го звукот“, „Прикажи ми акциски филмови“ и „Каква е временската прогноза денеска?“

Како се спарува SolarCell Remote
со Samsung TV

  • 1. Вклучи го телевизорот.
  • 2. Насочи го далечинскиот управувач кон телевизорот.
  • 3. Истовремено притисни и задржи ги копчињата [Return] и
        [Play/Pause].
  • 4. Пушти ги копчињата кога ќе видиш
        порака на телевизорот која
        посочува на тоа дека далечинскиот управувач е поврзан.

Два палци истовремено ги притиснуваат копчињата Return и Play/Pause на SolarCell Remote. Оваа активност го прикажува процесот на спарување на далечинскиот управувач со Samsung TV. Два палци истовремено ги притиснуваат копчињата Return и Play/Pause на SolarCell Remote. Оваа активност го прикажува процесот на спарување на далечинскиот управувач со Samsung TV.

Истражи ги паметните телевизори

  • Преглед

  • Големина на екран

  • Апсолутна 8K резолуција, пред сѐ
  • 85/75/65"
  • Нашето најнапредно 4К искуство
  • 98/85/75/65/55/50/43"
  • Бескрајни црни бои со самоосветлувачки екран
  • 77/65/55"
  • Извонредни, долготрајни бои
  • 98/85/75/65/55/50/43/32"
  • Твојата уметничка галерија на телевизор
  • 85/75/65/55/50/43/32"

· Фотографиите е симулирани за илустрација. Промените на спецификациите за корисничкиот интерфејс, изгледот и дизајнот може да бидат променети без известување. Корисничкиот интерфејс може да се разликува во зависност од регионот.

· Деталните спецификации може да се разликуваат во зависност од моделот, затоа погледнете ја страницата со детали за производот.

1. SolarCell Remote: За да го наполните далечинскиот управувач со соларна енергија, поставете го далечинскиот управувач свртен надолу, така што соларниот панел ќе биде свртен нагоре. Поставете го во дневната просторија со вклучени светла или, пак, може да го поставите во близина на прозорец каде ќе впива природна сончева светлина. Во случај да се испразни батеријата на далечинскиот управувач, може да ја полните со USB-C кабел. За да го проверите преостанатото ниво на батерија на далечинскиот управувач, погледнете го менито на телевизорот (Поставки > Општи поставки и приватност > Енергија и заштеда на енергија > Достапна батерија на далечинскиот управувач). Дизајнот и распоредот на копчињата на далечинскиот управувач SolarCell Remote може да се разликуваат во зависност од регионот.
2. Оваа функција може да не е достапна кај одредени модели.
3. Дизајнот и распоредот на копчињата на далечинскиот управувач SolarCell Remote може да се разликуваат во зависност од регионот. Поддршката за функционалноста на копчињата може да биде откажана во секој момент, без претходно известување.
4. Повеќе гласовни асистенти: Samsung може во кое било време и по сопствено убедување, без претходно предупредување или известување, да ги промени услугите за гласовен асистент или да го одложи и/или прекине давањето на услугите за гласовен асистент или кој било дел од услугата. Наведените содржини, ТВ услуги и можности може да не се достапни во сите региони и територии. Потребна е Samsung account. Гласовната команда Bixby препознава англиски (САД/Обединетото Кралство), француски, шпански, германски, италијански, кинески и корејски јазик. Не ги препознава сите акценти, дијалекти и изрази. Amazon, Alexa и сите поврзани логоа се трговски марки на Amazon.com, Inc. или нејзините поврзани компании.