Подобри си го секојдневието

Маж е во својата дневна, гледајќи го новиот Smart Hub UI на својот Neo QLED. Маж е во својата дневна, гледајќи го новиот Smart Hub UI на својот Neo QLED.

Помини 24 часа со Neo QLED

09:00 часот

Пристигнете на работа, и тоа во својот дом

Сработи ја денешната работа од дома

Работен простор

Постави си домашна канцеларија со Neo QLED. Работниот простор овозможува непосреден пристап до датотеките и соработка со колегите. Исто така, поврзи го својот паметен телефон со Neo QLED за поудобен и поопширен преглед на своите активности.

  • * Далечинското поврзување со компјутер е поддржано само за Windows 10 Professional или понови верзии, како и Mac OS 10.5 или понови верзии.
  • * За автоматското препознавање на канцеларискиот компјутер е потребна важечка корисничка сметка на Samsung, како и инсталирање на апликацијата Easy Connection to Screen на компјутер (не е поддржано за Mac OS). Оваа карактеристика е достапна за моделите на производот кои имаат карактеристика „Advanced“ за отсликување компјутер на телевизор. За достапност, погледнете ги спецификациите на производот за секој модел.
  • * За да поврзете паметен телефон со Samsung Dex потребен е компатибилен мобилен уред.

Попаметен начин да го обединиш тимот

Апликација Video Call

Веднаш собери го целиот тим од удобноста на својата дневна соба за лесно да остваруваш повици со апликациите за видео повици како што е Google Duo.

  • * Потребна е компатибилна Samsung SlimFit камера, Logitech камера или камера од мобилен телефон (посетете ја [*] за повеќе информации). Се продава одделно.
  • * Одредени услуги може да не се достапни во времето на купување на производот.

13:00 часот

Одмори се и поиграј ја омилената игра

Гејмингот тукушто стана поживописен

Super Ultrawide GameView & Game Bar

Победувај во повеќе игри, со невиден широк приказ на дејствијата во сооднос 21:9 и 32:9 и надграден Gamebar, кој веднаш ги проверува оптимизациите на играта и статистиката во реално време.

  • * Super UltraWide GameView е достапно само за поддржани игри за ултраширок екран и игри за компјутер.
  • * Некои наслови на игри може да не ја поддржуваат или да имаат ограничена употреба на оваа функција.
  • * Можеби ќе биде потребна промена на резолуцијата на екранот на надворешниот уред.

Дополнително подобрување на јасноста на движењата

Motion Xcelerator Turbo Pro

Нурни директно во одлично гејминг доживување, со исклучителна јасност на движењето. Neo QLED со карактеристиките Motion Xcelerator Turbo Pro поддржани за резолуции од 4K кои имаат ултрафина стапка на освежување од 144 Hz.

Веднаш реагира на твоите команди

Auto Low Latency Mode (ALLM)

Време е да победуваш во повеќе игри. ALLM драстично го намалува доцнењето на сликата, па така, кога ќе притиснеш некое копче можеш веднаш да видиш како акцијата симултано се одвива на екранот.

Гејминг перформанси без сецкање и кочење

Freesync Premium Pro

Откриј ја повторно радоста на играњето со слика која се движи со брзината со којашто би требало да се движи. Neo QLED активно ја синхронизира брзината на кадрите на GPU со правилната стапка на освежување и така го намалува сецкањето.

* Доживувањето при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и графичкиот процесор.

17:00 часот

Опушти се за вечер полна со забава

Претвори 1 екран во 4 екрани

Multi View

Сакаш да гледаш повеќе спортски натпревари одеднаш?
Multi View е најдобриот начин да гледаш повеќе содржини во исто време и да ги приспособиш конфигурациите по свој вкус.

  • * Поддржува паметни телефони кои функционираат со Android OS и iOS. Погледнете ја страницата за поддршка за повеќе детали за компатибилни мобилни уреди.
  • * Карактеристиката Multi View за поделба на 4 екрани е поддржана само за 8K моделите.

Бесконечен свет на забава

Апликации за содржина

Добиј пристап до врвни светски услуги за стриминг, вклучувајќи Netflix, Disney+ и Apple TV+, сите на едно место со својот Neo QLED.

* Достапноста на услугите за стриминг се разликува во зависност од регионот.

Бесплатна ТВ, без обврски

Samsung TV Plus

Не се потребни повеќе дополнителни планови за претплата или плаќања со Samsung TV Plus. Имаш пристап до стотици канали кои ги опфаќаат сите интереси кои се заедно групирани за полесно да ги откриеш.

* Услугите за содржина може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување.

19:30 часот

Заврши го вечерниот тренинг пред да си легнеш

Вежбање со популарни фитнес професионалци

Samsung Health—Фитнес содржина

Уживај во одлична библиотека со најдобрите содржини за домашен тренинг, кои се движат од медитација до рутини за вежбање со висок интензитет. Може и да гледаш како вежбаш истовремено со тренерот преку тенката камера поврзана со твојот Neo QLED.

  • * Услугата е достапна во САД, Канада, Кореја и Обединетото кралство. Уредите што поддржуваат Smart Trainer може да се разликуваат во зависност од земјата. Партнерите за услуги и содржина може да се разликуваат во зависност од регионот.
  • * Потребна е компатибилна дополнителна опрема (на пр. камера). Се продава одделно.
  • * Достапноста на давателите на содржина може да се разликува во зависност од земјата и регионот.

21:20 часот

'Одјавете се за вечерта и оставете сè да заврши телевизорот

Најдобриот куќен батлер

SmartThings

Опушти се и остави го паметниот батлер да го заврши останатото. Neo QLED може беспрекорно да се поврзува, да ги следи и контролира вашите уреди наместо тебе.

  • * Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, добавувачот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување (посетете ја [*] за повеќе информации
  • * Потребно е поврзување со Wi-Fi, Bluetooth или друга безжична мрежа и уреди регистрирани во апликацијата SmartThings.
  • * Поврзаните уреди се продаваат одделно.

Направи го твојот избор

Повеќе гласовни асистенти

Bixby, Amazon Alexa или Google Assistant—сите се вградени во твојот телевизор и подготвени да ти го дадат најдоброто доживување на забавата и да ти помогнат да гледаш попаметно.

  • * Samsung може во кое било време и по сопствено убедување, без претходно предупредување или известување, да ги промени услугите за гласовен асистент или да го одложи и/или прекине давањето на услугите за гласовен асистент или кој било дел од услугата. Наведените содржини, ТВ услуги и можности може да не се достапни во сите региони и територии.
  • * Гласовната команда Bixby препознава англиски (САД/Обединетото Кралство), француски, шпански, германски, италијански, кинески и корејски јазик. Не ги препознава сите акценти, дијалекти и изрази.
  • * Amazon, Alexa и сите поврзани логоа се трговски марки на Amazon.com, Inc. или нејзините поврзани компании.
  • *Google е трговска марка на компанијата Google LLC.

* Услугата Smart и GUI може да се разликуваат во зависност од моделот и регионот.

* Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub.

* Вистинскиот производ и далечинскиот управувач може да се разликуваат од оние на сликата.

* Сликите се симулирани и служат само за илустрација. Спецификациите за изгледот и дизајнот кои не влијаат на перформансот на производот подлежат на промени без известување.

* Дополнителни детали за производот може да се најдат на страницата со детали за производот за секој модел.

* Сценариото за услугата подлежи на промена без известување.

* Достапноста на услугите подлежи на промена без претходно известување.

* За карактеристиката за отсликување компјутер на телевизор потребно е поврзување на интернет на телевизорот и на компјутерот.