75" S95D OLED 4K Tizen OS Smart TV (2024)

75" S95D OLED 4K Tizen OS Smart TV (2024)

QE77S95DATXXH

Одбери Големина

  • NQ4 AI Gen2 процесор
    NQ4 AI Gen2 процесор
  • OLED Glare Free
    OLED Glare Free
  • OLED HDR Pro
    OLED HDR Pro

Нова ера на Samsung AI телевизори

Нова ера на Samsung AI телевизори

Топ 4 карактеристики

NQ4 AI Gen2 Processor Icon

NQ4 AI Gen2 процесор

Почувствувај ја целосната моќ на вештачката интелигенција во 4K

OLED Glare Free Icon

OLED Glare Free

Гледај длабоки црни тонови без отсјај што го одвлекува вниманието

OLED HDR Pro Icon

OLED HDR Pro

Помоќно осветлување и побогат контраст

Samsung Tizen OS Icon

Samsung Tizen OS

Скалирај ја забавата со Samsung Tizen OS

NQ4 AI Gen2 процесор

Почувствувај ја целосната моќ на вештачката интелигенција во 4K

Нашиот NQ4 AI Gen2 процесор создава неспоредливо искуство во 4K резолуција. Напојувана од 20 AI невронски мрежи, технологијата на скалирање ги оптимизира сликата и звукот во искуство во 4K резолуција кога стримаш OTT услуги, играш видео игри или гледаш спортови во живо. А со единствените технологии, како што се извонредното мапирање бои и подобрувачот на осветлување на OLED, гледај бескомпромисно осветлување, боја, контраст и детали.

NQ4 AI Gen2 Processor chip descends on the TV's main board and it lights up with waves of power surging from the chip to the rest of the TV. NQ4 AI Gen2 Processor chip descends on the TV's main board and it lights up with waves of power surging from the chip to the rest of the TV.
Перформанси во споредба со 2024 QLED Q70D
* Искуството при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. * 4K AI скалирањето може да не важи за поврзување со персонален компјутер и режим на игри.

OLED Glare Free

Гледај длабоки црни тонови без отсјај што го одвлекува вниманието

Нашата технологија што штити од отсјај значително го намалува отсјајот од надворешните извори на светлина и ти овозможува да ги гледаш брилијантните црни тонови и експресивноста на бои на OLED, без рефлексии што го одвлекуваат вниманието.

* UL верификацијата ја потврдува „OLED Glare Free“ карактеристиката така што ги проценува производите според стандардот за тестирање Unified Glare Rating (UGR) (унифицирана процена на отсјај) којшто го постави Меѓународната комисија за осветлување (CIE) и според стандардот за тестирање којшто го постави Меѓународната организација за стандардизација.

OLED HDR Pro

Помоќно осветлување и побогат контраст целосно овозможени во секој пиксел

Маестрално искуство на гледање со секој пиксел што создава помоќни светли и темни бои. OLED HDR Pro достигнува 70 % поголемо осветлување од OLED HDR+, така што добиваш побогат контраст дополнително овозможен од нашиот NQ4 AI Gen2 процесор што динамично ги мапира тоновите во секоја сцена за да го зголеми уживањето при гледање.

A dimly lit building in "SDR" quality is transformed by "OLED HDR Pro" technology to reveal bright highlights and hidden details that make the intricate design of the building come to life. A dimly lit building in "SDR" quality is transformed by "OLED HDR Pro" technology to reveal bright highlights and hidden details that make the intricate design of the building come to life.
* Опсегот на HDR осветленоста се заснова врз внатрешни стандарди на тестирање и подлежи на промена во согласност со условите на гледање или спецификациите.

Квалитет на слика

OLED

Длабоки црни, чисти бели и живописни бои

Единствениот OLED на Samsung изразува длабоки црни, чисти бели и цела палета живописни бои. Со врвните самоосветлувачки пикесли, гледаш чиста, светла и прецизна слика како никогаш досега.

Експертско калибрирање

Професионална калибрација на бои од експертите

Уживај во соодветна репродукција на бои што е веродостојна на оригиналната содржина. Благодарение на нашето експертско калибрирање, добиваш веродостојни бои што се приспособуваат и на најдискретните промени во нијансите.

4K AI скалирање

Скалирај ја содржината во 4K искуство

Нашата 4K AI технологија на скалирање напојувана од 20 AI невронски мрежи ја трансформира содржината во речиси 4K резолуција.

* Искуството при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. * Скалирањето може да не важи за поврзување со персонален компјутер и режим на игри.

Потврдено од PANTONE

Уживај во автентични бои потврдени од PANTONE

Потврдено од PANTONE за прецизни прикази на 2.030 PANTONE бои и новододадени 110 нијанси на бојата на кожата. За да можеш да уживаш во соодветно и реалистично искуство при гледање, подобро од кога било досега.

Real Depth Enhancer

Длабочината е доловена исто како со човечкото око

Real Depth Enhancer сега го отсликува начинот на кој човечките очи ја обработуваат длабочината со зголемување на контрастот во преден план. Искуси подобрено чувство на реализам со ТВ што ја доловува длабочината исто како човечкото око.

* Доживувањето при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот.

Режим EyeComfort

Интелигентна слика оптимизирана за твоите очи

Со уникатниот режим EyeComfort на Samsung автоматски приспособи ги осветлувањето и боите на твојот екран во согласност со условите. По зајдисонце, поставките на екранот се попријатни за очите.

* Услугите за автоматско претходно вчитување подлежат на промени без претходно известување и може да се разликуваат во зависност од регионот.

Samsung Tizen OS (Само за ЕУ)

Скалирај ја забавата со Samsung Tizen OS

Искуси повеќе со твојот телевизор со најновите апликации и услуги на Samsung Tizen OS. Уживај во бесплатните телевизиски канали во живо и илјадниците филмови со Samsung TV Plus и беспрекорното гејмање на облак со Gaming Hub. Можеш да управуваш со секојдневните активности со Daily+ и да ги контролираш паметните уреди од твојот телевизор со SmartThings.

* Содржината и услугите може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување. * Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub.*За некои содржини и услуги потребна е регистрација и претплата.*(Со исклучок на Кина, Турција, Израел) Потребна е корисничка сметка на Samsung за да е достапен целиот спектар карактеристики на Samsung Tizen OS, вклучувајќи ги карактеристиките и апликациите на паметниот телевизор. Ако одлучиш да не се најавиш, ќе можеш да се поврзеш само на терестријална телевизија (важи само за уреди со тјунери) и на надворешни уреди, на пр. преку HDMI. Можеби ќе треба да користиш посебен уред (пр. компјутер или мобилен телефон) за да креираш корисничка сметка на Samsung.

Samsung Tizen OS (Други)

Скалирај ја забавата со Samsung Tizen OS

Искуси повеќе со твојот телевизор со најновите апликации и услуги на Samsung Tizen OS. Уживај во бесплатните телевизиски канали во живо и илјадниците филмови со Samsung TV Plus и беспрекорното гејмање на облак со Gaming Hub. Можеш да управуваш со секојдневните активности со Daily+ и да ги контролираш паметните уреди од твојот телевизор со SmartThings.

* Содржината и услугите може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување. * Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub.* За некои содржини и услуги потребна е регистрација и претплата.* (Со исклучок на Кина, Турција, Израел) Потребна е корисничка сметка на Samsung за да е достапен целиот спектар карактеристики на Samsung Tizen OS, вклучувајќи ги карактеристиките и апликациите на паметниот телевизор. Ако одлучиш да не се најавиш, ќе можеш да се поврзеш само на терестријална телевизија (важи само за уреди со тјунери) и на надворешни уреди, на пр. преку HDMI. Можеби ќе треба да користиш посебен уред (на пр. компјутер или мобилен телефон) за да креираш корисничка сметка на Samsung.

Гејминг искуство

Motion Xcelerator 144 Hz

Искуси ја јасноста на движењата во содржината на твоите игрите кои ги сакаш до 4K 144 Hz

Motion Xcelerator 144 Hz обезбедува ултранепречена акција, без доцнење и заматување при движење. Можеш да уживаш во чисти слики и молскавични брзини за VRR игрите до 4K 144 Hz.

* 4K 144 hz е достапно само за игри поврзани со компјутер што поддржува такви спецификации (потребна е графичка картичка на компјутер). Перформансите може да се разликуваат.

AI Auto Game Mode

Искуси беспрекорно гејмање со автоматска оптимизација на поставките предводена од AI

Дозволи телевизорот автоматски да го препознае типот на игри што ги играш и да обезбеди поставувања за секој тип игра. Ослободи се од маката за поставување на игрите и едноставно само играј.

* AI Auto Game Mode е достапно само за одредени игри со конзола.* Достапноста може да се разликува во зависност од содржината на игрите и форматот.

FreeSync Premium Pro

Без кинење, сецкање и ниска латентност на HDR гејминг

Надоврзан на AMD FreeSync™ јадрената технологија за да го намали сецкањето и кочењето на сликата, FreeSync Premium Pro нуди вистинско HDR гејминг искуство. Создава извонредни високо динамични слики додека одржува мало доцнење за беспрекорно играње.

* Искуството при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и графичкиот процесор, како и од брзината на мрежното поврзување и пинг нивоата кога играте на облак.

Game Bar

Оптимизирај го гејмингот

Поголемите и пошироките телевизиски екрани со соодноси од 21:9 и 32:9 проширени погледи и подобрено гејминг искуство. Оптимизирај го повеќе начинот на играње со Game Bar за лесен пристап до различни поставки за игра.

* Super Ultrawide GameView (21:9, 32:9) е достапен за одредени персонални компјутери и игри со конзола што поддржуваат ултрашироки екрани. Можеби ќе биде потребна промена на резолуцијата на екранот на надворешниот уред.* Некои наслови на игри може да не ја поддржуваат или да имаат ограничена употреба на оваа функција.* Game Bar режимот за зголемување не е поддржан кај некои стапки на освежување.* Корисничкиот интерфејс на Game Bar подлежи на промени без претходно известување.

Синхронизација на боите

Уживај во извонредно осветлување што се синхронизира со твоите искуства за гледање и играње

Нурни се во динамично приспособени средини создадени од паметни светла што автоматски се синхронизираат со секоја содржина на екранот.

* Паметните светла се продаваат одделно.* Само во одредени региони.* Потребна е корисничка сметка на Samsung. Потребни се дополнителна инсталација на апликацијата Philips Hue Sync и платена претплата.

Звук

Dolby Atmos®

Искуство од следно ниво со Dolby Atmos со нагоре насочени звучници

Новите горни канални звучници на Samsung обезбедуваат surround-звук искуство од следно ниво. Заедно со Dolby Atmos, горните канални звучници обезбедуваат повеќедимензионално аудио што ти овозможува да нурнеш подлабоко во акцијата.

Q-Symphony

ТВ и Soundbar звучник во совршена хармонија

Опкружи се со звук од ТВ и soundbar звучник, споени во совршена хармонија. Q-Symphony технологијата им овозможува на ТВ и soundbar-звучниците да работат истовремено за да постигнат подобар сараунд звучен ефект, без да мора да се исклучат звучниците на ТВ.

* Компатибилноста за Q-Symphony може да се провери во спецификациите за soundbar звучникот. * Soundbar звучникот се продава одделно.

OTS+

Динамичен, реалистичен звук кој го следи секое дејство

Со вградените 4.2.2-канални звучници и следење на звукот на дејството со помош на AI, можеш да искусиш реалистично 3D аудио што те става во центарот на дејството.

Active Voice Amplifier Pro

Подобрувањето на гласовите напојувано од AI, ти дозволува да го слушнеш дијалогот без одвлекување на вниманието

Подобрената технологија на звук поткрепен со вештачка интелигенција го прави дијалогот кристално јасен, така што ги анализира заднинските звуци, јасноста на гласот и амбиенталната бучава за да ги изолира гласовите од другите звуци. Уживај во неспоредливо звучно искуство со јасен дијалог, дури и во средини што ти го одвлекуваат вниманието.

* Оваа карактеристика може да се активира во менито на телевизорот > интелигентен режим > Active Voice Amplifier Pro. Стандардната поставка за Active Voice Amplifier Pro е исклучена.

Adaptive Sound Pro

Автентичен звук како што замислил уметникот, ремастериран со AI аудио обработка

Adaptive Sound Pro optimizes sound by considering the characteristics of both your room and audio content. Experience improved voice clarity and vivid yet balanced sound just as the creators intended, thanks to AI audio processing that extracts and processes sound objects.

Adaptive Sound Pro го оптимизира звукот така што ги зема предвид карактеристиките на собата и аудио содржината. Искуси подобрена јасност на гласови и живописен но балансиран звук баш онака како што замислиле креаторите, благодарение на AI обработувањето на аудиото, што ги одвојува и обработува звучните предмети.

SmartThings

Вграден SmartThings Hub

Беспрекорно поврзи ги паметните уреди со твојот телевизор

Со вградена SmartThings платформа на твојот телевизор можеш беспрекорно да ги поврзеш и контролираш паметните уреди компатибилни со Matter и HCA стандардите, без потреба од дополнителен уред. Можеш да добиваш и известувања во врска со статусот на твоите паметни уреди директно од екранот на телевизор

360 Audio Mode

Сепросторен 3D звук што обзема со Galaxy Buds

Audio 360 режимот спарен со Galaxy Buds продуцира пореалистични звуци од твојот телевизор од слушалките. Директниот систем на повеќе канали и подобрениот head tracking можат да ја утврдат насоката на звукот кога ја движиш главата, со што овозможуваат вистинско 3D реалистично искуство.

* Достапно со Galaxy Buds 360 audio (Galaxy Buds Live/Buds/Buds2/Buds2 Pro).

3D преглед на мапа

Твојот телевизор како центар за контрола на твојот дом и IoT уредите

Подобро управувај со твојот дом следејќи и контролирајќи ги домашните уреди и IoT уредите од 3D мапата на твојот дом. Лесно гледај и добивај известувања во врска со статусот на твоите паметни уреди од екранот на телевизорот.

* Сликата е симулирана и служи само за илустрација. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување.

Multi View

Гледај сè на еден екран

Гледај го она што го има на телевизија и она од твојот мобилен на еден екран и тоа истовремено. Независно дали се спортски резултати во живо или видео водичи за игри, едноставно поврзи го телефонот и подели ги екраните како никогаш досега. Исто така може да уживаш во оптимизиран мултитаскинг и гледај содржина истовремено.

* Бројот на достапни прегледи и поддржани апликации/извори зависи од моделот на телевизор и може да се надгради без претходно известување. Потребна е корисничка сметка на Samsung.* Поддржува паметни телефони кои функционираат со Android OS и iOS во моделите Q70D↑.* Опцијата Multi View за телефонски уреди е достапна само на верзии со Android 4.2 или повисоки. За iOS уреди, опцијата AirPlay е поддржана на iOS 12.3 или понови верзии.* Вистинскиот интерфејс може да се разликува од прикажаниот на сликата.

Samsung Daily+

Samsung Daily+ (Други)

Полесно управувај со секојдневните активности и животниот стил преку Samsung Tizen OS

Преку Samsung Tizen OS системот на отворени апликации, Daily+ ти овозможува со леснотија да управуваш со секојдневните активности и животен стил од удобноста на твојот телевизор. Daily+ вклучува апликации и услуги како што се SmartThings и Workspace.

* Samsung не е одговорна за ниту една услуга од трета страна и не е одговорна за какви било штети или загуби предизвикани од какви било услуги од трети страни.* Достапните услуги и корисничкиот интерфејс подлежат на промени без претходно известување.

SmartThings

Паметно работење со SmartThings!

Оптимизирај ги твоите домашни уреди во паметен стил на живеење, приспособен на твоите потреби. Подобрено со нашиот вграден SmartThings центар, можеш да уживаш во приспособен паметен дом со различни уреди компатибилни со SmartThings што ќе го направат полесен секојдневниот живот.

* Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, давателот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување. * Потребно е поврзување со Wi-Fi, Bluetooth или други безжични мрежи и најава на корисничката сметка на Samsung. * Поврзаните уреди се продаваат одделно.* За употреба на мирна технологија (анг. calm technology) потребна е согласност и со известувањето за приватност на SmartThings и со регистрираниот уред.* Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување.

Дизајн

Infinity One дизајн

Апсолутната убавина на минимализмот

Не прави компромис помеѓу елеганцијата и воодушевувачкото искуство при гледање. Прекрасниот Infinity One дизајн ќе ја подигне софистицираноста на повисоко ниво со невозможно тенкиот профил.

One Connect што може да се прикачува

Решение за нередот што се прикачува на телевизорот

Независно каква е средината на монтирање, Attachable One Connect ти помага да го намалиш нередот од кабли.

Безбедност и одржливос

Samsung Knox Security

Твојата приватност. Обезбедена.

Твојата приватност е сега обезбедена на телевизорите на Samsung. Чувствителните податоци како што се пин-кодови и лозинки се заштитени од повеќе слоеви на софтвер и хардвер. Исто така, Samsung Knox Security ги заштитува домашните IoT уреди поврзани со твојот телевизор и автоматски блокира стартување на неовластени злонамерни апликации или пристап до фишинг сајтови. На крај, посветениот тим за безбедност на Samsung помага твојот телевизор да биде безбеден со редовни ажурирања.

* Samsung Knox важи за Samsung телевизори што имаат Tizen®, објавен од 2015 г.* Сигурносното ажурирање на софтверот е гарантирано најмалку три години од пуштањето на телевизорот во продажба.* Потребно е најновото ажурирање на софтверот.

AI Energy Mode

Благодарение на интелигентната анализа заштедува енергија

Штедењето енергија е лесно со SmartThings. Со вклучување AI Energy Mode, твојот телевизор автоматски ги препознава нивоата на опкружувачкото осветлување и ги анализира навиките на користење да го приспособи осветлувањето, што помага во намалување на вкупната потрошувачка на енергија. Исто така, ја анализира телевизиската содржина кадар по кадар за дискретно да го приспособи осветлувањето каде е можно, за да се намали потрошувачката на енергија.

Стапката на заштеда на енергија може да се разликува во зависност од регионите, моделите, големините, условите на гледање или видовите на содржина. *Производите испорачани во Eco режимот имаат некои од карактеристиките на AI Energy Mode, стандардно овозможени, па може да се намалат нивоата за заштеда на енергија во споредба со стандардниот режим со вклучување на AI Energy Mode.* AI Energy Mode не функционира со режимот за игри.* Заштедата на енергија е врз основа на резултатите од интерното тестирање и може да се разликува во зависност од содржината што се прикажува и нивоата на опкружувачкото осветлување.

SolarCell Remote

Далечински управувач направен од рециклирани материјали што се полни на сончева светлина или внатрешно осветлување

Благодарение на соларниот панел на задниот дел што може да го користиш за полнење, веќе не мора да користиш батерии за еднократна употреба, за SolarCell Remote бидејќи тие не се баш најдобри за животната средина.

* За да го наполните далечинскиот управувач преку соларна енергија, поставете го далечинскиот управувач свртен надолу, така што соларниот панел ќе биде свртен нагоре. Поставете го во дневната просторија со вклучени светла или, пак, може да го поставите во близина на прозорец каде ќе впива природна сончева светлина.* Во случај да се испразни батеријата на далечинскиот управувач, може да ја полните со USB-C кабел. За да го проверите преостанатото ниво на батерија на далечинскиот управувач, погледнете го менито на телевизорот (Поставки > Општи поставки и приватност > Енергија и заштеда на енергија > Достапна батерија на далечинскиот управувач).* Изгледот на дизајнот и копчето на SolarCell далечинското може да се разликува во зависност од регионот.* Далечинскиот управувач SolarCell Remote во моделите на телевизори од 2024 г. содржат најмалку 24 % рециклирана пластика (врз основа на тежината

Sound Wow together

Спецификации

Поддршка

Пронајди одговори на прашањето што го имаш за производот

Прирачник за корисниците и содржина за преземање
  • User Manual
    МАКЕДОНСКИ
  • User Manual
    АНГЛИСКИ
  • User Manual
    ХРВАТСКИ
  • User Manual
    СРПСКИ
Погледни ги дополнителните содржини

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи од производот се предмет на промена.