Galaxy Tab S6 Lite (Wi-Fi, 2024)
SM-P620NLGAEUC
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Промени го начинот на бележење
Galaxy Tab S6 Lite е сопатник кој можеш да го носиш секаде со себе и да фаќаш белешки. Доаѓа со голем 10,4-инчен екран на тенкa и лесна основа, One UI 6.1 на Android и S Pen пенкало во кутија и е подготвен за акција. Без разлика дали црташ, учиш или играш видеоигри, ова е таблет кој е создаден да биде секогаш со тебе.
*Мерено дијагонално како цел правоаголник без да се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и дупката за камера.**Сликата е симулирана.
Избери боја. Изрази го својот стил
Пофали се со својот уникатен стил со Galaxy Tab S6 Lite и S Pen пенкалото — и двата доаѓаат во три привлечни бои што одговараат на твојот стил. Избери од оксфорд сива, ментол зелена или светлорозова за впечатлив изглед што ќе те издвои од другите.
*Достапноста на бојата може да се разликува во зависност од земјата или регионот.
Најблиското кино е онаму каде што си ти
Помала рамка значи повеќе простор за поголем, 10,4-инчен екран на практичен и компактен таблет. Уживај во приватна импровизација на екран додека си в парк или, пак, направи филмски маратон во кревет со двојните хоризонтални звучници што овозможуваат богат 3D-звук.
*Мерено дијагонално како цел правоаголник без да се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли.Најди го својот најдобар агол
Потпри го екранот на еден од двата агли на футролата за полесно да гледаш. Независно дали одмораш на кауч или седиш во кафуле, едноставно приспособи го екранот за да ги гледаш омилените содржини, со поголема удобност.
Брзина + Меморија + Моќност = Врвни трки
Пробивај се на патеката, од трка на трка, на таблет кој победува. Полни брзо, работи непречено и не прекинувај ја конекцијата додека фаќаш неверојатни LTE и Wi-Fi брзини. Поради долготрајната батерија не мора да се грижиш дали ќе се намали брзината. Со microSD картичката која се проширува имаш поголем простор за зачувување на содржина и датотеки.
*Реалниот капацитет на просторот за складирање може да се разликува во зависност од земјата или регионот.**Micro SD картичката се продава одделно. До 1 TB. Надворешната меморија може да се користи за зачувување медиумски датотеки (слики, видеа и музички датотеки), но не апликации. Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и производителот.***Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет е 6.840 mAh (Номинален капацитет на батерија). Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.****Реалната брзина на мрежата може да се разликува во зависност од оддалеченоста и квалитетот на мрежата.*****Достапноста и датумот на објавување на прикажаната игра може да се разликува во зависност од регионот.******Сликите се симулирани за илустрација.
Подготви се за клучниот момент со овие трикови за учење
Со S Pen пенкалото може лесно држиш чекор со лекциите. Кога бележиш, може прво да напишеш, а подоцна да ги менуваш боите. Ако ги зачуваш белешките со ознаките за пребарување потоа можеш многу лесно да ги распоредиш. Дури и пишувај директно на PDF верзиите за да го намалиш нередот при учење. И кога ќе дојде клучниот момент, сѐ ќе ти биде организирано и подготвено.
*Quick Highliter и Smart Search се карактеристики на Samsung Note. Означувањето во PDF-датотеки е поддржано кога PDF-датотека е отворена со опцијата Write on PDF. **Опишаните S Pen пенкала може да бидат ограничени на одредени апликации. ***Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
Инспирирај се со S Pen пенкалото
S Pen пенкалото е пакет од инструменти за цртање во едно. Со природното држење, ниската стапка на доцнење и зачудувачката чувствителност на притисок, секогаш ќе ти биде корисно во сѐ што правиш, од цртање до уредување документи. И никогаш нема да го изгубиш S Pen пенкалото благодарение на магнетниот држач на таблетот.
*Достапноста на боите на производот може да се разликува во зависност од земјата, регионот и операторот.
Продуктивноста никогаш не била толку мобилна
Комплетна продуктивност како на компјутер, и тоа на тенок таблет со Samsung DeX. Со едноставно допирање на копчето DeX на брзиот панел за функции може да ги вклучиш функциите и да го користиш таблетот како компјутер. Отвори неколку прозорци одеднаш, повлечи и спушти фотографија во е-порака и вклучи повеќе функции со десен клик.
*Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
Цртај и поврзи се со PENUP
Уживај дома со Galaxy Tab S6 Lite цртајќи, боејќи и споделувајќи ги своите дела на апликацијата PENUP. PENUP те спојува со другите, овозможувајќи ти и црпеш инспирација и да бидеш инспирација, за да се забавувате заедно и кога сте одделени.
*Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
Безбедноста на секое ниво го заштитува она што е твое
Samsung Knox овозможува врвна безбедност. Твоите лични податоци се заштитени од злонамерни софтвери и напади со максимално искористување на повеќеслојната безбедносна платформа Knox, поддржана од хардверот.
*Сликите се симулирани за илустрација.
Екосистем Samsung Galaxy
Спој го таблетот со телефонот
Работи непречено на повеќе уреди. Може да копираш текст или слика од телефонот и да ја залепиш во таблетот и обратно. Или да си запишеш белешка за себе во Samsung Notes или, пак, да прелистуваш на Samsung Internet од таблетот и да ги отвориш тие апликации на телефонот за да продолжиш од каде што застана.
*Сите функции се поддржани на One UI 4.1. **Двата уреди мора да имаат One UI 4.1, да имаат вклучен Bluetooth и да бидат поврзани на истата сметка на Samsung.***Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
Остани поврзан и кога телефонот ти е надвор од опсег
Galaxy Tab S6 Lite беспрекорно се синхронизира со паметен телефон Galaxy, така што никогаш нема да пропуштиш ниту еден дојдовен повик. Ти овозможува и да одговориш на итни пораки, за да бидеш во тек цело време. Едноставно допри ја иконата во Quick Panel и ќе имаш беспрекорна поврзаност.
*Функцијата за повик и праќање пораки на други уреди е поддржана само помеѓу уреди Samsung кои имаат Android P и меморија од 3 GB или повеќе. Датумот на активирање на услугата може да се разликува во зависност од регионот, операторот и уредот.**За телефонирање и праќање пораки на други уреди потребно е двата уреди да бидат поврзани на иста корисничка сметка на Samsung.***За повици и праќање пораки на други уреди потребно е уредите да бидат првично спарени преку поставките за автоматски да се поврзат.****Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
Quick Share со хипербрзина
Споделувањето слики, видеа и документи е брзо и лесно со Quick Share. Со само неколку допири можеш за миг да праќаш датотеки од својот Galaxy телефон, Tab или Book на Galaxy уреди во близина — па, дури и на повеќе уреди. Сакаш да испратиш датотека на уред што не е Android? Лесно може да се сподели со QR-код или преку апликацијата Контакти.
*Достапно на уреди со Android OS 10 (Q OS) или понова верзија и One UI 2.1 или понова верзија.**Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува.
Спецификации
-
Процесор
2.4GHz, 2GHz
-
Дисплеј
10.4" (263.1mm)
-
Задна камера - Резолуција
8.0 MP
-
Тежина (g)
465
-
Време нa репродуцирање видео (часови)
До 14
-
CPU-брзина
2.4GHz, 2GHz
-
CPU-тип
Осмојадрен
-
Големина (Главен Дисплеј)
10.4" (263.1mm)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
2000 x 1200 (WUXGA+)
-
Технологија (Главен дисплеј)
TFT
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
Да
-
Задна камера - Резолуција
8.0 MP
-
Задна камера - Автоматски фокус
Да
-
Предна камера - Резолуција
5.0 MP
-
Задна камера - Блиц
Не
-
Резолуција на видеоснимање
FHD (1920 x 1080)@30fps
-
Меморија_(GB)
4
-
Склад (GB)
64
-
Достапен склад (GB)
48.1
-
Надворешен складишен простор
MicroSD (До 1TB)
-
USB-верзија
USB 2.0
-
Технологија на локација
GPS, Glonass, Beidou, Galileo, QZSS
-
Слушалки
3.5mm Stereo
-
MHL
Не
-
Wi-Fi
802.11a/b/g/n/ac 2.4GHz+5GHz, VHT80 MIMO
-
Директен Wi-Fi
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.3
-
NFC
Не
-
Профили Bluetooth
A2DP, AVRCP, DI, HID, HOGP, OPP, PAN
-
PC Sync.
Smart Switch (PC version)
-
Android
-
Боја
Ментол
-
Фактор на форма
Таблет
-
Aкцелерометар, Гиро сензор, Hall Сензор, RGB Сензор за светло
-
Димензии (ВxШxД, mm)
244.5 x 154.3 x 7.0
-
Тежина (g)
465
-
Време на користење на интернет (Wi-Fi) (часови)
До 13
-
Време нa репродуцирање видео (часови)
До 14
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
7040
-
Отстранлива
Не
-
Формат на видеорепродуцирање
MP4, M4V, 3GP, 3G2, AVI, FLV, MKV, WEBM
-
Резолуција на видеорепродуцирање
UHD 4K (3840 x 2160)@30fps
-
Формат на аудиорепродуцирање
MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA
-
Gear Support
Galaxy Buds2 Pro, Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds+, Galaxy Buds2, Galaxy Buds, Galaxy Buds FE
-
Мобилен TV
Не
-
SmartThings Support
Да
Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Често поставувани прашања
- Како да направите софтверско ресетирање на својот Samsung паметен
- Отклучете го Samsung Galaxy со претходен начин на заклучување на екранот
- Како да активирате и деактивирате режим на одржување
- Како да поправите неочекувани исклучувања на Samsung Galaxy Tab
- Како да го ажурирате телефонот или таблетот Samsung Galaxy
Неодамна прегледано