Како да користите Remote Access (Далечински пристап) на Samsung Smart TV
Ако сте посакале некогаш телевизорот да го дуплира компјутерот или лаптопот, ќе си ја остварите желбата со Samsung Smart TV. Кога сакате да пристапите до веб-страницата на MS Office 365или да го споделите екранот на компјутерот, постои лесен начин да пристапите далечински до компјутерот преку телевизорот.
Употребете го Remote Access (Далечински пристап) кога работите и учите дома
Како што врви времето, функциите што може да се вршат на телевизорот стануваат сè поразвиени. Телевизорот поддржува многу карактеристики, но ако компјутерот е достапен како што е на телевизорот, можностите за тоа што може да направите ќе бидат поголеми. Покрај далечинскиот пристап до компјутерот и пресликувањето на компјутерот, може директно да пристапите до MS Office 365 и да работите на документите на телевизорот. Видете ги карактеристиките што се достапни во Remote Access (Далечински пристап).
Три начини за поврзување преку Remote Access (Далечински пристап) на телевизорот
На панелот од менито за Remote Access (Далечински пристап) има три основни функции. Далечинскиот компјутер може да го контролирате далечински со компјутер преку IP-мрежа, функцијата за Screen Sharing (Споделување екран) да се преслика на компјутер или телефон поврзани на истата Wi-Fi мрежа и функција на Office 365 до која може да се пристапи директно преку веб-прегледувачот на телевизорот.
Функцијата за Remote PC (Далечински компјутер) ви овозможува да го контролирате компјутерот од Smart TV. Прво, треба да ги знаете точната IP-адреса на компјутерот, корисничкото име и лозинката за да ги користите карактеристиките за далечински компјутер. Поврзете ги тастатурата и глувчето со телевизорот и следете ги упатствата за тоа како да пристапите до компјутерот на телевизорот.
Како да го поврзете далечинскиот компјутер
Чекор 1. Изберете Source (Извор) на менито за Smart Hub (Паметен центар), па изберете Remote Access (Далечински пристап).
Чекор 2. Изберете Remote PC (Далечински компјутер) во панелот за менито Remote Access (Далечински пристап).
Чекор 3. Внесете ја IP-адресата од компјутерот, како и корисничката идентификација и лозинката на компјутерот.
Забелешка: оваа карактеристика е достапна во 2019 година и кај поновите модели на телевизори. Телевизорот и компјутерот мора да бидат поврзани преку мрежа.
Проверете ја Remote Desktop Activation (Активација на далечинската работна површина) на далечинскиот компјутер
Треба да бидете сигурни дека е активирана поставката Remote Desktop (Далечинска работна површина) на компјутерот. Појдете до менито на System (Систем) во контролниот панел на компјутерот и изберете Remote Desktop (Далечинска работна површина), а потоа активирајте Remote Desktop Activation (Активација на далечинската работна површина)
Поддржани состојби
Window: поддржано само од Window 7 Professional или понова верзија со RDP (Remote Desktop Protocol), освен win10 Home
MAC: Поддржано само од MAC OSX 10.5 или понова верзија со VNC (Virtual Network Computing for Mac)
Забелешка:
- ако врската на компјутерот MAC преку VNC е премногу бавна, треба да се инсталира апликација и да се намали резолуцијата.
- Нема аудиоподдршка за VNC. (според ограничувањето на протоколот)
- Поддржано само ако се користи идентична AP. (Без внесување IP, IP-листата е прикажана под идентичната AP)
- Поставката на компјутерот мора да биде „Allow remote control“ (Овозможи далечинска контрола), а Linux не е поддржан.
Remote Access (Далечински пристап) доаѓа опремен со Wi-Fi Direct, што го олеснува непреченото споделување на екранот помеѓу телевизорите и компјутерите. За да го споделите екранот од компјутерот на телевизорот или обратно, следете ги упатствата на екранот за да ја приспособите поставката и да го поврзете телевизорот со компјутерот преку Wi-Fi.
Како да активирате Screen Share (Споделување на екранот)
Чекор 1. На компјутерот изберете Management Center (Центар за управување) или Device (Уред) во областа за известување на лентата со задачи.
Чекор 2. Изберете Connect (Поврзи) или Project (Проектирај), а потоа изберете го телевизорот за да го завршите поврзувањето.
Забелешка:
- Screen Sharing (Споделување на екранот) е поддржано само во Window 10 Professional или понова верзија.
- Нема ограничување на резолуцијата, бидејќи екранот од компјутерот се снима во реално време и повторно ја кодира поддршката за телевизорот.
Може да пристапите на веб-страницата од MS Office 365 преку карактеристиката Remote Access (Далечински пристап) за да ги уредите Word, Excel и PowerPoint.
Оваа карактеристика се базира на Cloud Service (Услуга на облак) преку веб-прегледувачот на телевизорот. Затоа нема ограничување на OS.
Како да пристапите до Office 365
Чекор 1. Притиснете на иконата Office 365 на панелот за Remote Access (Далечински пристап).
Чекор 2. Внесете ID и лозинка за сметката на Microsoft Office .
Забелешка: некои симболи што не се поддржани од фонтот на корисничкиот интерфејс на Samsung One може да не се читливи.
Забелешка: кадрите на екранот од уредот и менито се само пример на англиски јазик, но ги има и на јазикот во вашата земја.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window