Како да го користите интелигентниот режим на телевизорите Samsung QLED

Паметните телевизори стануваат сè попаметни. Intelligent Mode (Интелигентен режим) му овозможува на телевизорот да ја препознава својата положба во собата и да ги набљудува шемите на користење за да Ви овозможи совршено доживување во гледањето.

Карактеристики на Intelligent Mode (Интелигентен режим)

Интелигентниот режим го подобрува доживувањето при гледање со тоа што ги препознава содржините, шемите на користење и околината околу телевизорот. Благодарение на AI-технологијата, интелигентниот режим автоматски ќе ги нагоди поставките, било да уживате во акционен филм во сончево утро или хорор во темница. Во продолжение се наведени четири опции за интелигентниот режим.

  • Adaptive Picture (Приспособлива слика): ја оптимизира светлината и дава најдобар квалитет на сликата во реално време врз основа на нивото на осветленост во собата и на содржината.
  • Adaptive Voice Amplifier (Приспособлив засилувач на гласот): го анализира околниот шум и дава оптимален звук врз основа на шумот.
  • Adaptive Sound+ (Приспособлив звук+): дава оптимизиран квалитет на звукот анализирајќи го просторот за гледање и акустичките компоненти на содржината.
  • Adaptive Volume (Приспособлива гласност): ја анализира историјата на користење на гласноста во временски периоди со цел автоматски да ја нагоди гласноста кога користите апликација или префрлате на надворешен извор на звук.

Забелешка:

  • Опциите се достапни само кога излезот на звукот од телевизорот е поставен на TV Speaker (Звучникот од телевизорот), освен за Adaptive Picture (Приспособлива слика).
  • Осветленоста на екранот може да се приспособи според шумот и осветленоста на околината. Ако не го сакате ова, може едноставно да го исклучите.

Како да го поставите Intelligent Mode (Интелигентен режим)

Може да ја вклучите и исклучите секоја карактеристика на Intelligent Mode (Интелигентен режим). Следете ги чекорите подолу за да го поставите интелигентниот режим на телевизорот.

 

Чекор 1. Притиснете на копчето Home (Почеток) на далечинскиот управувач и изберете Settings (Поставки).

Чекор 2. Одете долу на General (Општо) и изберете Intelligent Mode Settings (Поставки за интелигентен режим).

Чекор 3. Изберете ги опциите што сакате да ги активирате.

Забелешка:

  • Intelligent Mode (Интелигентен режим е поддржан само кај телевизорите QLED (освен серијата Q6), The Frame, The Serif и The Sero.
  • Погрижете се да нема пречки пред сензорот, кој обично се наоѓа на долната страна од телевизорот.
  • Сликите од екранот и од менито се само пример на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window