Како да го користите Ambient Mode (Амбиентален режим) на Samsung QLED TV
Телевизорите стануваат сè поголеми и заземаат многу простор во дневната соба. Може да направите многу повеќе со амбиенталниот режим на Samsung QLED TV, дури и ако не гледате телевизија. Да дознаеме што може да направите со Ambient Mode (Амбиентален режим).
Амбиент на QLED TV
Ambient Mode (Амбиентален режим) е карактеристика што ја има на Samsung QLED TV. QLED-моделите со оваа функција имаат копче за Ambient Mode (Амбиентален режим) на далечинскиот управувач за активирање на таа функција.
Во денешно време, телевизорот не е само електронски уред, туку и предмет за внатрешен декор. Амбиенталниот режим дава постилска алтернатива на црниот екран и го збогатува просторот за живеење со украсна содржина, информации и многу повеќе. Со Ambient Mode (Амбиентален режим) може да направите телевизорот да ја прикажува истата шарка како ѕидот зад него, со што ќе личи дека телевизорот исчезнал, а може и да прикажувате сопствени фотографии и слики на телевизорот. Покрај тоа, амбиенталниот режим ќе ви дава корисни информации, како што се време и временски услови.
Забелешка: Ambient Mode (Амбиентален режим) е достапен само кај моделите на QLED TV од 2018 година и кај моделот The Serif.
Започнете со Ambient Mode (Амбиентален режим)
Има два лесни начина за да го активирате Ambient Mode (Амбиентален режим). Може да го вклучите директно преку далечинскиот управувач или да изберете Ambient Mode (Амбиентален режим) преку менито во Smart Hub (Паметен центар).
- Далечински управувач: притиснете на копчето Ambient Mode (Амбиентален режим).
Smart Hub (Паметен центар): изберете ја иконата за Ambient Mode (Амбиентален режим).
Карактеристики на Ambient Mode (Амбиентален режим)
Ambient Mode (Амбиентален режим) нуди многу корисни функции што ќе ви го направат секојдневниот живот поефикасен и поелегантен. Може да добиете одредени информации што ви се потребни, да добиете помош за целосно опуштање, да го промените расположението во собата, да си направите сопствена галерија итн.
1. Routine (Рутина): уживајте во широк опсег на специјално дизајнирани рутини или креирајте сопствени рутини со помош на апликацијата SmartThings на мобилниот уред.
2. Special Edition (Специјално издание): уживајте во креативната уметност и содржината на внатрешниот дизајн од најдобрите уметници и дизајнери во светот.
3. За Mood (Расположение): уживајте во низата опции за да креирате амбиент според вашето расположение.
4. Relaxation (Релаксација): опуштете се со избор на смирувачка содржина инспирирана од природата за да ви одговара со расположението.
5. Décor (Декор): разубавете го просторот за живеење со голем број прекрасни сцени од природата, современ внатрешен дизајн, модерно осветлување и интересни семејни теми.
6. My Album (Мојот албум): претворете го просторот за живеење во лична галерија со низа рамки за приказ на фотографии со помош на апликацијата SmartThings на мобилниот уред. Може да го украсите телевизискиот екран со сопствени фотографии или слики.
7. Info (Информации): може да добиете корисни информации, како што се време, временски услови и мапа на светот.
8. Artwork (Уметничко дело): уживајте во прекрасни фотографии во просторот за живеење - професионално избрани од најдобрите збирки.
9. Background Theme (Тема на заднина): изберете од низа стилски теми со тапети што се прикажуваат на телевизорот во просторот за живеење за да понудат стилска алтернатива на црниот екран.
10. Music Wall (Музичка тапета): уживајте во слушањето музика во просторот за живеење. На телевизорот ќе се појавуваат визуелизации што се менуваат и соодветствуваат со фреквенцијата на музиката.
Како да испратите слики од телефонот на телевизорот
My Album (Мојот албум) од Ambient Mode (Амбиентален режим) ќе го претвори телевизорот во лична галерија. Испратете свои фотографии на телевизорот за да ја користите оваа карактеристика.
Следете ги чекорите наведени подолу.
Чекор 1. Активирајте ја апликацијата SmartThings, допрете на главното мени, а потоа на Devices (Уреди) за да ја внесете листата на уреди.
Чекор 2. Изберете го поврзаниот телевизор од листата на уреди и допрете на Ambient Mode (Амбиентален режим).
Чекор 3. Допрете на My Album (Мојот албум) на екранот за Ambient Mode (Амбиентален режим).
Чекор 4. Допрете Select photos (Избери фотографии) за да ги изберете своите фотографии.
Приспособете ги поставките за Ambient Mode (Амбиентален режим)
Приспособете го Ambient Mode (Амбиентален режим) како што сакате да биде. Може да ги менувате и нивото на Auto Brightness (Автоматска осветленост), времето Sleep After (Заспиј по) и Reset All Photos (Ресетирај ги сите фотографии). За да го направите тоа, притиснете на копчето Ambient (Амбиент) на далечинскиот управувач за да влезете во Ambient Mode (Амбиентален режим), па изберете Settings (Поставки).
- Auto Brightness (Автоматска осветленост): променете го нивото на автоматска осветленост за Ambient Mode (Амбиентален режим). Телевизорите со Ambient Mode (Амбиентален режим) имаат сензор за детекција на осветленоста. Екранот ќе се затемни при поставки за темнина за да се стопи во околината и да штеди енергија.
- Sleep After (Спиј по) (Ambient Off Timer - Тајмер за исклучување на режимот Амбиент): Поставете го времето кога да се исклучува Ambient Mode (Амбиентален режим) автоматски. Ако не внесете вредност за време, екранот ќе се исклучи. Стандардната вредност на тајмерот е 4 часа
- Ресетирајте ги сите Photos (Фотографии): исчистете ги сите фотографии пренесени од мобилниот уред.
Забелешка: сликите од екранот и од менито се само примери на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window