Како да го решите проблемот кога телевизор Samsung се вклучува постојано сам од себе

Најчестите причини за да се вклучи телевизорот сам од себе се ако има туѓа материја околу копчето за вклучување на далечинскиот управувач, ако има поврзано надворешни уреди на телевизорот, како и самите поставки. Ако е заглавено копчето за вклучување, ислистете го далечинскиот управувач. За да проверите како се поврзани надворешните уреди, постапете според чекорите во продолжение. 

Проверете во Дневникот за настани

Некогаш се јавува абнормално напојување поради надворешни уреди или наредби поврзани со CEC (Контрола на електронски уреди во домаќинството). Во овој случај, преку проверка на функцијата за историја на телевизорот може да откриете што предизвикува да се вклучува телевизирот сам од себе.

Чекор 1. Одете на Menu (Мени) и изберете Support (Поддршка).

мени за поддршка во телевизорот

Чекор 2. Кликнете на функцијата About TV (За телевизорот) и проверете ги дневниците за настани.

за менито во телевизорот

Забелешка: 

  • About TV (За телевизорот) е достапна кај производи произведени во 2019 година или подоцна.
  • Проверете дали е ажуриран фирмверот на телевизорот до најновата верзија.

1. Во историјата на евиденција ќе се појави „Power-on reason” (Причина за вклучување)

Ако се појави Power-on Reason (Причина за вклучување) во дневникот за настани, може да проверите зошто се вклучил телвизорот. Телевизорот може да се вклучи и преку мобилни апликации, сензори, BT и преку глас. Може да го решите проблемот ако ги исклучите или ги деактивирате поврзаните уреди што работат на телевизорот.

проверка на причината за вклучување
  • YouTube - Апликации како што се YouTube или SmartThings на уред поврзан со иста AP може да биде причина за вклучување на телевизорот.
  • Сензор - Се открива и се управува од сензор за осветленост поставен во Ambient Mode (Амбиентален режим).
  • WOL - Се вклучува преку функцијата eMac phy (Magic Packet).
  • BLE - Се вклучува преку функцијата Wake up (Разбуди се) на уред со BT. 

2. Во историјата на евиденција се појавува „CEC command“ (CEC-наредба)

Функцијата CEC ви овозможува да ги контролирате уредите поврзани преку HDMI со еден далечински управувач. Кога ќе се активира HDMI-уред, може да предизвика вклучување на телевизорот. Можете да го решите овој проблем ако ја деактивирате таа функција.

Home (Почеток) > Settings (Поставки) > General (Општо) > External Device Manager (Управник со надворешни уреди) > Anynet+ (HDMI-CEC)

проверка на наредбата cec

3. Во историјата на евиденција се појавува „One Invisible connection“ (Една невидлива врска)

Понекогаш телевизорот се вклучува/исклулува автоматски кога е слаба врската (AOC Tilt). Во овој случај, темелно проверете го поврзувањето на сите кабли помеѓу телевизорот и OCB.

проверка на една невидлива врска

Ресетирајте го телевизорот на оригиналните поставки

Ако горенаведените начини не функционираат, постои и ресетирање до фабрички вредности со што може да се вратат оригиналните поставки на телевизорот.

Home (Почеток) > Settings (Поставки) > General (Општо) > Reset (Ресетирај)

Забелешка: 

  • Сликите од екранот и од менито се само пример на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.
  • Ако и понатаму се јавува проблемот, обратете се во сервисниот центар на Samsung за да ви помогнат обучени техничари.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window