Како да го решите проблемот кога телевизор Samsung се исклучува постојано сам од себе
Ако телевизорот постојано се исклучува сам од себе, има неколку можни причини. Честите причини за исклучување на телевизорот сам од себе се во поставките и во надворешните уреди поврзани со телевизорот.
Начин 1: Извадете го кабелот од струја 30 секунди
Исклучете го телевизорот од штекер 30 секунди, па кога ќе го вклучите, ставете го приклучокот директно во исправен штекер. Ова се нарекува „меко ресетирање“ со што треба да се калибрира телевизорот.
Начин 2: Проверете ги поставките на телевизорот
Поставки за Eco Solution
Функцијата Eco Solution го исклучува телевизорот заради заштеда на енергија кога не реагирате долго време.
[Settings (Поставки) -> General (Општо) -> Eco Solution -> Auto Power Off (Автоматско исклучување) -> Select Off (Избери исклучено)]
Поставки за Sleep Timer (Тајмер за спиење)
Тајмерот за спиење го исклучува телевизорот по одреден период што е поставен фабрички.
[Settings (Поставки) -> General (Општо) -> System Manager (Управител со системот) -> Time (Време) -> Sleep Timer (Тајмер за спиење) -> Select Off (Избери исклучено)]
Ажурирање на софтверот
Софтверот на телевизорот треба секогаш да биде ажуриран.
[Settings (Поставки) -> Support (Поддршка) -> Software Update (Ажурирање на софтверот) -> Update Now (Ажурирај сега)]
Начин 3: Проверете ги врските
- Ако има поврзано Set-Top-уред, конзола за играње, компјутер или друг надворешен уред н ателевизорот, откачете ги каблите за напојување од надворешните уреди и вклучете ги пак. Ејранот на телевизорот може да се затемни ако се исклучи изворот што бил поврзан со телевизорот.
- Ако нема поврзнао надворешни уреди на телевизорот, поставете ги Sources (Извори) на телевизорот. [Settings (Поставки) -> Source (Извор) -> TV (Телевизор)]
- Задолжително користете сертигициран HDMI-кабел. Ако користите несертифициран HDMI-кабел, екранот може да стане црн или да се појави грешки при поврзувањето.
Забелешка:
- Сликите од екранот и од менито се само пример на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.
- Ако сте се обиделе со сите наведени начини и сè уште имате проблем со телевизорот, обратете се во Samsung Service Center за да ви помогнат обучени техничари.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window