ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ И ТАБЛЕТИ
Што е далечинска услуга?
Со Samsung далечинската услуга, еден од нашите специјално обучени агенти за корисничка поддршка ќе го прегледа вашиот Samsung паметен телефон или таблет од далечина за директно да ви помогне со производот.
Услуга
• Совети за нова функционалност
• Ажурирања на софтверот и апликациите
• Поставки на сметката (Samsung/Google™/е-пошта/итн.)
Предности
• Директна помош според вашите потреби, како да сте со агент за корисничка поддршка
• Оптимизирање на поставките на уредот и совети како да ги користите неговите функционалности
• Сите чекори се прикажуваат на екранот, во живо
Услови
• Уредот работи на Android 6.0 или понова верзија
• Уредот има стабилна интернет-врска
• На уредот е инсталирана апликацијата Smart Tutor
Како да пристапите до инсталацијата на Smart Tutor
За практична корисничка поддршка, пристапете до Далечинско управување на Samsung така што ќе ја преземете апликацијата Smart Tutor од поставувањата за уредот Samsung Galaxy, апликацијата Samsung Members или од менито „Контактирајте со нас“ во други апликации на Samsung.
Како да користите Далечинско управување
* Далечинско управување е достапно во текот на работното време на центарот за повици. Работното време се разликуваат во зависност од земјата или регионот.
* Времето на одговор може да се разликува во зависност од бројот на повици и други фактори. Повикувачот може да биде ставен на чекање и/или да му се понуди повратен повик подоцна.
* Користењето на услугите на „Smart Tutor“ може да биде ограничено во некои земји.
* Упатствата, достапноста на функциите и/или корисничките интерфејси може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот, верзијата на OS/One UI и земјата и може да се менуваат без известување.
* Услугата „Smart Tutor“ бара мрежно поврзување (податоци или Wi-Fi).
ПАМЕТНИ ТЕЛЕВИЗОРИ
Што е далечинска услуга?
Со Samsung далечинската услуга, еден од нашите специјално обучени агенти за корисничка поддршка ќе го прегледа вашиот Samsung телевизор од далечина за директно да ви помогне со производот.
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
-
Може ли агентот од корисничката поддршка на Samsung да ме види преку веб-камерата што е вградена во телевизорот?Не постои начин на којшто агентот од корисничката поддршка на Samsung може да пристапи до вашата вградена или поврзана камера без ваше знаење. Агентот може да го види само она што е прикажано на ТВ-екранот. Со ваша дозвола, ако агентот пристапи до апликација што ја користи камерата (Google Meet, MyFitness итн.), она што го фаќа камерата ќе се прикаже на ТВ-екранот и агентот ќе може да го види. Агентот никогаш нема да им пристапи на ваквите апликации додека е поврзан на вашиот телевизор, освен ако тоа не се бара од него за да тестира одредена функционалност на апликацијата. Камерата може да ја поставите во затворена положба, да го извадите приклучокот за УСБ или да го ставите затворачот за да спречите агентот да ве гледа додека пристапува до апликацијата.
-
Дали мојот уред треба да биде поврзан на интернет?Да, вашиот уред треба да биде поврзан на стабилна и брза мрежа за да може агентот од корисничката поддршка на Samsung да му пристапи и да управува со него.
-
Дали далечинската услуга е безбедна?Да, системот за далечинска услуга им овозможува на агентите на Samsung да се поврзат на вашиот уред само за една сесија. Кога еднаш ќе се прекине врската, Samsung не може да се поврзе пак без да изгенерирате нов ПИН-код.
-
Можат ли агентите на Samsung да му пристапат на мојот уред во секое време?Не, системот за далечинска услуга им овозможува на агентите на Samsung да се поврзат на вашиот уред само за една сесија. Кога ќе се прекине врската, Samsung ќе може да се поврзе повторно само ако изгенерирате нов ПИН-код. Сесијата веднаш ќе заврши и ако го исклучите телевизорот.
-
Може ли агентот од корисничката поддршка на Samsung да види што гледам?Да, агентот од корисничката поддршка на Samsung ќе може да ја види дојдовната слика. На тој начин агентот може да утврди дали проблемот е предизвикан од дојдовниот сигнал или од уредот. Пример: ако агентот се поврзе на уредот и види линија на сликата, тогаш знае дека линијата се создава од дојдовниот сигнал, а не од уредот. Ако агентот не ја гледа линијата, ќе знае дека има проблем со уредот.
-
Дали треба да платам за оваа услуга?Не, далечинската услуга е бесплатна за нашите корисници. Samsung се стреми постојано да им обезбедува најдобра поддршка на корисниците за своите производи.
-
Што може да направи агентот од корисничката поддршка на Samsung кога ќе биде поврзан на мојот уред?Кога ќе биде поврзан на вашиот уред, агентот од корисничката поддршка на Samsung може да управува со уредот како да се наоѓа пред него. Ако треба повторно да се поврзете со далечинската услуга, агентот може набрзина да провери кои поставки се сменети од претходната сесија дотогаш.
Code to Open Chat Window