Изберете ја вашата локација и јазик.
Vesti o podršci

Samsung препорачува користење на оригинални Samsung делови и дополнителна опрема

Мобилни Телефони
20/11/2019
Samsung препорачува користење на оригинални Samsung делови и дополнителна опрема (на пр. полначи, безжични полначи, кабли, USB-C адаптери итн.) и батерии за да се обезбедат оптимални перформанси на вашиот Samsung производ и неговата безбедност.

Постои многу фалсификувана дополнителна опрема за полнење и батерии кои не се дизајнирани според спецификациите на фирмата Samsung, а тоа може да резултира со проблеми во работата и безбедноста. Затоа, кога барате замена или дополнителна опрема за полнење, Samsung препорачува да се користи оригинална Samsung дополнителна опрема за полнење. Каде што е тоа можно, Samsung им советува на купувачите да ги посетат Samsung Experience Store или Samsung shop on-line или овластениот сервисен центар.

Ако ви треба услуга за Samsung уредот(ите), им препорачуваме на купувачите да посетат еден од овластените сервисни центри на фирмата Samsung за да проверат дали се користени оригинални делови сертификувани од фирмата Samsung.

Samsung не може да гарантира безбедност на не сертификуваната или фалсификувана дополнителна опрема за полнење и батерии. Samsung исто така не може да гарантира дека не сертификуваната или фалсификувана дополнителна опрема за полнење и батерии нема да го оштетат вашиот Samsung уред.

За понатамошни информации за безбедна и правилна употреба на вашиот Samsung уред (вклучувајќи ги и податоците за полнење на вашиот уред), видете го корисничкиот прирачник за вашиот Samsung уред.

Дополнителна поддршка, вклучувајќи и како да не контактирате, ќе пронајдете на www.samsung.com/support

Code to Open Chat Window