Дали NFC на уредот ќе работи ако е покриен со ЛЕД-капак?
NFC може да не е достапна дури е активирано ЛЕД-светлото од ЛЕД-капакот. Оригиналниот ЛЕД-капак Samsung е главно поделен на ЛЕД-капак со приказ (тип со задна заштита и фолија на екранот, ЛЕД-функцијата е на фолијата од екранот) и заден ЛЕД-капак (ЛЕД-функцијата е на задната страна од куќиштето), а употребата на NFC може да биде привремено ограничена за задниот ЛЕД-капак за приказ.
Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:
Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).
Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).
Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.
Карактеристики на ЛЕД-капакот
Според пораката што се прикажува кога ќе ги вклучите ЛЕД-екраните на куќиштето, „NFC не е достапна дури се користи Контрола на светло“. Тоа значи дека не ќе можете да читате или запишувате NFC-ознаки или да споделувате податоци меѓу уреди со NFC кога користите Контрола на светло.
- Начин на осветлување: Кога телефонот Galaxy ќе го свртите со лицето надолу, на ЛЕД-екраните ќе се прикажува светлосно шоу.
- Икони за ЛЕД-известувања: Ќе се прикажат икони за известувања на задната страна кога ќе пристигне известување.
- Тајмер за камера: Ако го вклучите тајмерот за задната камера, одбројувањето ќе се прикаже и на двата екрани и на капакот.
- Емотикони за задните камери: Кога ќе ја отворите апликацијата за камера и ќе бидат активни задните камери, на задниот капак ќе се прикаже ЛЕД-иконата што ја одбравте.
Забелешка: Поддржаните функции може да се разликуваат зависно од типот на оригиналниот ЛЕД-капак.
Што е NFC?
NFC е акроним што значи “Near Field Communication“ (Комуникација на блиско поле) и, како што кажува самиот назив, оваа функција овозможува комуникација во близок опсег меѓу компатибилни уреди. NFC-технологијата им овозможува на корисниците да вршат безбедни преноси, да разменуваат дигитална содржина и да поврзуваат електронски уреди со допир. Преносот преку NFC е во близок опсег (од допир до растојание од неколку сантиметри) и треба уредите да бидат близу еден до друг.
NFC е технологија што се користи кај безконтактните картички и најчестата примена на NFC-технологијата кај мобилните телефони е олеснување на плаќањето со Samsung Pay. NFC, исто така, може да се користи за брзо поврзување со безжични уреди и за пренос на податоци.
① Електрична струја
② Магнетно поле B добиено со струјна јамка
Како брзо да го вклучам и исклучам NFC?
Чекор 1. Двапати поминете со прстот од врвот на екранот надолу за да пристапите до брзите поставки.
Чекор 2. Поминете со прстот налево за да видите повеќе опции.
Чекор 3. Допрете на NFC за да го вклучите или да го исклучите.
Забелешка: достапните поставки и екрани може да се разликуваат во зависност од давателот на безжични услуги, од верзијата на софтверот и од уредот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window