Зошто Samsung не испорачува слушалки и полнач во кутијата?

Серија Galaxy S23

Паметните телефони на Samsung се испорачуваат со кабел за податоци USB Тип-C, но тие не се испорачуваат со слушалки или полнач во кутијата бидејќи сакаме да го минимизираме влијанието на нашите производи врз животната средина.

Сè повеќе корисници на Galaxy прават одржливи избори во нивниот секојдневен живот за да промовираат подобри навики за рециклирање. За да ја поддржиме нашата Galaxy заедница во ова патување, ги отстранивме слушалките и приклучоците за полначи од кутиите со паметни телефони Samsung Galaxy.

Samsung верува дека отстранувањето на слушалките и полначите од пакувањето на нашите уреди во кутија може да помогне во решавањето на растечкиот проблем со електронскиот отпад и непотребното дуплирање на овие предмети.

Постојните корисници на Galaxy се охрабруваат да продолжат да ги користат нивните сегашни слушалки и приклучокот за полнење, додека новите корисници ќе треба да го купат ова одделно. Полначите на Samsung сега се достапни по нови пониски цени. Дознајте повеќе за купување на полначи на Samsung Store. Можете исто така да најдете и повеќе информации за купување на слушалки на Samsung Store.

Имајте предвид: За најдобри перформанси и издржливост на батеријата, важно е да користите полначи со висока ефикасност, кои се исто така оригинални производи на Samsung.

Вашиот паметен телефон се ипорачува со кабел за податоци USB Тип-C

Во пакетот е вклучен USB кабел за податоци од тип C за прикачување на паметниот телефон на полнач.

USB-C е најчестиот тип на полнач за паметни телефони и други мобилни уреди, што овозможува пренос на податоци со голема брзина и проток на енергија и го полни Вашиот телефон побрзо. Кабелот USB-C е исто така реверзибилен, може да се приклучи на кој било начин и да се користи преку уредите Samsung Galaxy, така што новите модели на паметни телефони сè уште се компатибилни со постарите полначи.

Дали Samsung во иднина ќе ги изземе слушалките и полначот од пакетите на паметни телефони?

Samsung работи на глобалната транзиција на отстранување на слушалките и полначот од сите паметни телефони Galaxy. 

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window