Зошто моите слики со крупен кадар се заматени на Galaxy S23/S23+

Човек држи Galaxy S23 во хоризонтална положба за да сними слика

Кога со камерата на Galaxy S23/S23+ сликате крупен кадар од предмет, може да забележите дека областа околу предметот изгледа матно. Ова се случува поради тоа што задната широкоаголна камера на S23/S23+ има светол отвор, којшто Ви овозможува да снимате светли слики дури и во темни услови. Меѓутоа, овој посветол отвор значи дека ефектот за посилен селективен фокус може да предизвика заднината на сликите да изгледа матно.

Идните ажурирања на софтверот ќе го подобрат корисничкото искуство и ќе ја оптимизираат употребливоста на камерата.

Во меѓувреме, ако областа околу предметот што го фотографирате со крупен кадар на S23/S23+ изгледа заматено, може да се обидете со следниве чекори:

1 Обидете се да го сликнете предметот од поголемо растојание. На пример, ако предметот што го сликате е на растојание од 30 cm, оддалечете се малку
2 Обидете се да снимите слика така што ќе го држите телефонот во вертикална положба. Ако го држите телефонот во хоризонтална или дијагонална положба, тогаш заднината може да изгледа заматено

Кога снимате слика со крупен кадар на Galaxy S23 Ultra, тогаш камерата автоматски се префрла на широкоаголна камера, со што се активира функцијата Focus enhancer за да се спречи заматување. Меѓутоа, функцијата Focus enhancer не е поддржана во режим на висока резолуција, па областа околу предметот што го фотографирате може да изгледа заматено.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window