Зошто моите слики со крупен кадар се заматени на Galaxy S23/S23+
Кога со камерата на Galaxy S23/S23+ сликате крупен кадар од предмет, може да забележите дека областа околу предметот изгледа матно. Ова се случува поради тоа што задната широкоаголна камера на S23/S23+ има светол отвор, којшто Ви овозможува да снимате светли слики дури и во темни услови. Меѓутоа, овој посветол отвор значи дека ефектот за посилен селективен фокус може да предизвика заднината на сликите да изгледа матно.
Идните ажурирања на софтверот ќе го подобрат корисничкото искуство и ќе ја оптимизираат употребливоста на камерата.
Во меѓувреме, ако областа околу предметот што го фотографирате со крупен кадар на S23/S23+ изгледа заматено, може да се обидете со следниве чекори:
Кога снимате слика со крупен кадар на Galaxy S23 Ultra, тогаш камерата автоматски се префрла на широкоаголна камера, со што се активира функцијата Focus enhancer за да се спречи заматување. Меѓутоа, функцијата Focus enhancer не е поддржана во режим на висока резолуција, па областа околу предметот што го фотографирате може да изгледа заматено.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window