Што да направам ако врската со Bluetooth или Wi-Fi е нестабилна на мојот Galaxy Z Flip?
За разлика од обичните смартфони, Galaxy Z Flip е специјално дизајниран за да се преклопува надолу. Врз основа на оваа нова форма на уредот за преклопување од Samsung може да го превиткате целиот уред со рацете, а тоа може да влијае врз радиобрановите од Bluetooth, Wi-Fi и други мрежи.
Проверете ја прво следнава ситуација
Не прикачувајте лепенки со метал во делот од телефонот кај антената (странично на преклопениот екран)
Не прикачувајте на уредот капак изработен со метални материјали.
Се препорачува корисникот да го користи приложениот капак за да се избегне директен контакт со антената преку рацете.
Проверете ги поврзливоста и мрежните поставувања
Чекор 1. Активирајте ја апликацијата Settings (Поставки).
Чекор 2. Допрете Connections (Конекции).
Чекор 3. Вклучете го прекинувачот за Bluetooth за да го реактивирате.
Ако сè уште имате проблеми со поврзливоста, обидете се со следново за да ги ресетирате мрежните поставки на уредот.
Чекор 1. Активирајте ја апликацијата Settings (Поставки).
Чекор 2. Допрете на менито General management (Општо управување).
Чекор 3. Допрете на менито Reset (Ресетирај).
Чекор 4. Допрете на менито Reset network settings (Ресетирај ги мрежните поставувања).
Чекор 5. Допрете на копчето Reset settings (Ресетирај поставувања).
Забелешка: Кога ќе ги ресетирате мрежните поставувања на уредот, може да изгубите некои регистрирани информации кога ќе вршите ресетирање.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window