Што е заштитна фолија на Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4?
Кога ги отворате Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4, ќе забележите преклоплив екран и заштитна фолија прикачена на уредот. Во продолжение дознајте повеќе за карактеристиките наменети за заштита на уредите и за тоа што да правите ако имате проблеми со заштитната фолија.
Преклопливите телефони од Samsung користат екрани опремени со Infinity екран Флекс и ултратенко стакло коешто може да се преклопува без да се оштети уредот.
Со својот иновативен дизајн и ултратенко стакло, преклопливиот екран нуди корисничко искуство што го надминува едноставното превиткување и овозможува врвно визуелно доживување со помош на иновативната OLED-технологија. Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4 се дизајнирани да бидат нашите најцврсти преклопливи телефони досега претставувајќи посигурен екран со поцврста плоча на екранот зајакната со ексклузивно стакло Corning® Gorilla® Victus®+ за да спречи оштетување од надворешни удари.
Преклопливиот екран на Samsung е покриен со заштитна фолија, заштитен слој и ултратенко стакло на AMOLED екранот за да ги оптимизира живите бои, соодносот на контрастот и репродукцијата на боите, секој со следниве карактеристики:
- Заштитна фолија: поставена врз најгорниот слој од екранот, му дава поддршка на екранот да го издржи интензивниот притисок и може да се замени.
- Сензорски слој: изработен од пластика зајакната со влакна за да се добие поцврст и посилен слој за да биде телефонот лесен и заштитен.
- Заштитен слој: поставен врз ултратенкото стакло за да штити од надворешен отпор, ублажува удари и спречува фрагментација на екранот.
- Ултратенко стакло: тенко стакло коешто дава рамна површина и ја подобрува издржливоста на уредот во преклопливиот екран.
- AMOLED: секој пиксел емитува своја сопствена светлина и овозможува брза реакција, одлична репродукција и јасност на боите на тенок екран.
Имајте предвид: слојот со сензори се применува само кај Galaxy Fold4.
Заштитната фолија прикачена на преклопливиот екран е потрошен производ. Ако поминал одреден период, може да се појават гребаници, меурчиња и подигнување на заштитната фолија поради нормално трошење. Во некои случаи се оштетува само заштитната фолија. Уредот може да се користи без никакви проблеми со замена на заштитната фолија. Ако е оштетен заштитниот екран, обратете се во Samsung Support.
Бидете внимателни затоа што плочата може да се оштети ако произволно ја прикачите или извадите заштитната фолија. Се препорачува секогаш да го користите телефонот со прикачена заштитната фолија. Ако користите заштитна фолија што не е официјално сертифицирана од Samsung, екранот може да изгледа искривен или да се нарушат перформансите.
- Преклопливиот екран има некои фини свиоци во зависност од аголот, со тенко, флексибилно стакло и фолија за функцијата за преклопување. Брчките може да бидат видливи во преклопената област во центарот на екранот.
- Кога се нанесува силен удар однадвор, на екранот може да се појават разни обоени точки или линии. Ова може да биде видливо оштетување што се појавува внатре во екранот во форма на делумни црни дамки, автоматска осветленост или пукнатини на екранот.
- Бидете внимателни да не го удрите екранот однадвор, бидејќи ударот на ултратенкото стакло тогаш веројатно ќе предизвика напукнување или кршење, коешто може да се прошири и на околните области со што ќе доведе до појава на бела линија кога ќе го преклопувате уредот.
Кога користите преклопливи уреди, избегнувајте:
- Паѓање на уредот на под.
- Притискање на делот каде што се преклопува уредот или преклопување на екранот со туѓи предмети, како што се картички, клучеви, песок, метална честички, итн.
- Притискање на екранот со различни предмети, како што се пенкала, нокти, клучеви, итн., или паѓање предмети директно на екранот.
- Ставање на прстот помеѓу екраните кога го отворате уредот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window