Кои се карактеристиките на Samsung Clock?

Samsung Clock е карактеристика којашто може да ја најдете на кој било уред Galaxy. Апликацијата ви дава податоци за времето, временските услови и други корисни информации. 

Различни опции на Samsung Clock со иконата од апликацијата во центарот.

Карактеристики на Samsung Clock

 

  • Аларм

Функцијата „Аларм“ ви овозможува да креирате повеќе аларми со различни времиња, поставки и приспособени карактеристики. Постојат меморирани аларми како помош да бидете во тек со секојдневните рутински задачи, поставки за одложување кога ви треба уште малку време да се одморите, функција за вибрации која дополнително ќе ве затресе заедно со алармот, а ќе може и да поставите аларм да се повторува секојдневно или во одредени денови во седмицата.

Режимот „Време за спиење“ претставува карактеристика која автоматски го вклучува телефонот на сиви бои и го запира звукот на сите повици/звуци дури спиете. Исто така, доаѓа со совети како помош да одржувате здрави навики за спиење со што секоја ноќ ќе биде целосен одмор.

Ако имате овозможено Bixby на телефонот, може да користите специјален „Bixby“ параметар којшто има сопствени звуци и теми. Можете, исто така, да го конфигурирате Samsung Clock со репродукторот за музика или со апликации како што се Spotify ™ за да креирате приспособени звуци со кои секој аларм ќе биде уникатен.

 

  • Светски часовник

Функцијата Samsung Clock автоматски ги прикажува времето и временските услови таму каде што се наоѓате, но со функцијата „Светски часовник“ можете да изберете кој било град во светот и да ги проверите тековното време и временските услови на тоа место. Доаѓа и со Конвертор за временска зона, поставка којашто ви овозможува да ја видите времснаката разлика помеѓу тековната локација и кој било град што ќе го одберете. Доколку сакате поинтерактивно функционирање, променете ги поставките за Светски часовник од „Приказ на листа“ во „Приказ на мапа“ и ќе добиете визуелен водич за тоа каде точно се наоѓа секој град во поставките за светски часовник.

 

  • Стоперица

Стоперицата ви овозможува точно мерење на времето до последната секунда и доаѓа со функција „Кругови“ за да ви помогне да го следите времето на круговите додека се вртат непрекинато. Можете да ги паузирате, продолжите, па дури и да ги копирате изминатите кругови, па секогаш ќе имате евиденција ако треба да го следите времето.

 

  • Тајмер

Користете ја функцијата „Тајмер“ кога ќе сакате да работите на повеќе задачи истовремено за да водите сметка за времето. Тајмерот си работи во заднина и ви овозможува да се фокусирате на други задачи (на пример готвење, вежбање или учење) за кое било времетраење без да ви се одзема вниманието со постојано проверување на часовникот.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window