Сензорот за близина не работи правилно

Кога разговарате на телефон со уредот на уво, екранот ќе се исклучи автоматски, а тоа е природна реакција на сензорот за близина. Кога нешто ќе го блокира сензорот за близина, екранот на допир автоматски ќе се заклучи (се исклучува екранот) и ќе се отклучи кога ќе се деблокира. Со ова се спречуваат случајни интеракции во текот на телефонските повици и се зачувува енергијата во батеријата.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Принцип и локација на сензорот за близина

Сензорот за близина се состои од компонента за емитување светлина и компонента за примање светлина. Инфрацрвените зраци од компонентата за емитување светлина ја анализираат светлината што се одразува од физичките предмети и го мерат растојанието помеѓу предметот и уредот.

Иако секој модел е различен, општо земено, сензорот за близина се наоѓа на горниот дел од предната страна на екранот. Серијата Galaxy S21 има бескраен екран со што се минимизира рамката, па затоа сензорот за близина се наоѓа на горниот внатрешен дел од екранот.

Забелешка: кај моделите со сензор за близина што се наоѓа внатрешно на задната страна од екранот, сензорот за близина може да се активира и да емитува трепкачко светло коешто може да се појави како ослабено светло на врвот од екранот. Имајте предвид дека ова не е проблем со екранот или перформансите.

сензор за близина

Кога не работи сензорот за близина

Сензорите за близина кај моделите по серијата Galaxy S5 не може да се вклучат или исклучат. Ако сензорот за близина не работи правилно, проверете ги следниве работи.

Проверка 1. Како да поставите (Доп. двапати за да го вкл. екр.)

Ако екранот не се вклучи во текот на повиците или по нив, исклучете ја карактеристиката Доп. двапати за да го вкл. екр.

напредни функции напредни функции

Чекор 1. Отворете во Поставувања и одете до Напредни функции.

Движења и гестови Движења и гестови

Чекор 2. Изберете Движења и гестови.

Допрете двапати за да го вклучите екранот Допрете двапати за да го вклучите екранот

Чекор 3. Исклучете го прекинувачот Доп. двапати за да го вкл. екр.

Проверка 2. Исчистете го сензорот со мека крпа

Сензорот за близина се наоѓа на врвот од телефонот, иако точната местоположба се разликува според моделот. Исчистете го предниот дел на уредот со чиста и мека крпа.

Забелешка:

  • Сензорот за близина може да не работи правилно поради статички електрицитет од коса или додатоци, како што се штитници за екран.
  • Кога зборувате на звучник или преку Bluetooth-слушалки, сензорот за близина ќе биде деактивиран. Функцијата за заклучен екран (Исклучен екран) нема да работи, па ќе треба да го користите својот екран за време на повикот. Сензорот за близина ќе функционира при повици што не се вршат преку звучник или Bluetooth.

Проверка 3. Дијагностика на проблеми со сензорот за близина од апликацијата Samsung Members

побарајте помош во Samsung Members побарајте помош во Samsung Members

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Samsung Members и изберете Поб. помош на дното од екранот.

Дијагностика Дијагностика

Чекор 2. Допрете на Види тестирања што се наоѓа во Дијагностика.

препознавање близина препознавање близина

Чекор 3. Изберете Препознавање близина за да започне дијагностиката автоматски.

препознавање близина на ставени дланки препознавање близина на ставени дланки

Чекор 4. Следете ги упатствата на екранот и ставете ги дланките многу блиску до врвот на екранот, но не допирајте го.

резултати од препознавање близина резултати од препознавање близина

Чекор 5. Откако ќе завршите со дијагностика, може веднаш да ги видите резултатите од состојбата на уредот на екранот.

Проверка 4. Отстранете ги сите додатоци

Заштитни фолии, футроли, лепенки или штитници за стаклени екрани од трета страна може да го блокираат сензорот и треба да се отстранат. Се препорачува да се користат само додатоци одобрени од Samsung.

Проверка 5. Престартувајте го телефонот

Откако ќе завршите со повикот, престартувајте го телефонот со влечење два прста надолу од врвот на телефонот за да ги отворите Брзи поставки. Допрете на иконата Напојување. Допрете на Престартувај, а потоа допрете на Престартувај повторно.

Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window