Samsung Galaxy Watch не вибрира
Ако часовникот не вибрира кога е потребно, проверете дали режимот Само часовник е исклучен и проверете ја опцијата за вибрациja за предупредувања и известувања за исклучување на Bluetooth. Сепак, ако проблемот продолжи, проверете го часовникот дали има физички оштетувања.
ЧЕКОР 1. Исклучете го режимот Само часовник на Samsung паметниот часовник
Забелешка: Достапните функции, опции на мени, и поставки можат да се разликуваат во зависност од верзијата на часовникот и софтверот.
За да го исклучите режимот Само часовник, притиснете и држете го копчето Напојување 3 секунди. Ќе се појави екран со логото на часовникот. Режимот Само часовник ќе се исклучи, и сите други функции ќе може да се користат.
ЧЕКОР 2. Управувајте со предупредувањата за прекин на Bluetooth поврзување на паметниот часовник Samsung
Забелешка: Достапните функции, опции на мени, и поставки можат да се разликуваат во зависност од верзијата на часовникот и софтверот.
Од почетниот екран на часовникот, лизгајте нагоре, потоа отворете Поставки. Исто така, можете да лизгате надолу од горниот дел на екранот за да го отворите панелот Брзи поставки, потоа допрете на иконата Поставки.
Допрете на Поврзувања, потоа допрете на Предупредувања за прекин на поврзување. Изберете ја саканата опција.
ЧЕКОР 3. Прилагодете ги поставките за вибрација на паметниот часовник Samsung
Забелешка: Доколку часовникот не испушта звуци или вибрира, можеби случајно сте ги исклучиле поставките за звук.
Од почетниот екран на часовникот, лизгајте нагоре, потоа отворете Поставки. Исто така, можете да лизгате надолу од горниот дел на екранот за да го отворите панелот Брзи поставки, потоа допрете на иконата Поставки.
Лизгајте и допрете на Звуци и вибрација, потоа допрете на Режим на звук. Проверете дали е наместено на Звук, потоа допрете на прекинувачот веднаш до Вибрација со звук.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window