Редовно престартувајте го телефонот Galaxy за да спречите успорување или замрзнување

Ако телефонот наизменично реагира побавно или замрзнува, може да побарате помош во сервисен центар за Samsung, но прво престартувајте го за да проверите дали е решен проблемот. Проверете во водичот подолу за повеќе детали.

Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:

Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).

Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Престартувањето на телефонот Galaxy нека ви стане секојдневна навика

Повременото престартување може да спречи проблеми со телефонот Galaxy. Ако телефонот наеднаш замрзне или е многу бавен, прво обидете се да го престартувате. Понекогаш може да се реши проблемот само со престартување на телефонот. Се препорачува да го престартувате периодично за да видите дали тоа го решава проблемот пред да појдете во сервисен центар на Samsung.

Како да го автоматизирате периодичното престартување

Кај телефоните Galaxy има можност да се постави автоматско периодично престартување. Следете ги чекорите подолу за да ја активирате карактеристиката за автоматско престартување во одредено време.

Чекор 1. Отворете Settings (Поставyвања) и изберете Battery and device care (Батерија и грижа за уред).

Чекор 2. Допрете на More options (Повеќе опции) (три вертикални точки).

постави автоматско престартување чекор1

Чекор 3. Изберете Automation (Автоматизација).

Чекор 4. Допрете на Auto restart at set times (Автоматски рестартирај во поставени времиња).

постави автоматско престартување чекор2

Чекор 5. Поставете Schedule (Распоред). Телефонот ќе се престартува автоматски во рок од 1 час од времето што сте го поставиле.

постави-автоматско-престартување чекор3

Телефонот ќе се престартува само кога:

  • Екранот е исклучен.
  • Телефонот не се користи.
  • Батеријата е над 30%.
  • СИМ-картичката е отклучена.

Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат според моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако забележувате тешкотии со мобилните телефони, таблетите или преносни уреди од Samsung, може да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members. Дознајте повеќе за испраќањето извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window