Слушајте ги своите медиуми со 360 Audio на Galaxy Buds Pro

Почувствувајте го извонредниот, реален звук кој од сите страни доаѓа до вас. Со 360 Audio, Galaxy Buds Pro ве става во центарот на вашето омилено видео, филм или ТВ-шоу. Интелигентниот сензор за следење на движење точно го посочува правецот на звукот додека ја движите главата, овозможувајќи моќно чувство за реализам во вашето искуство со слушањето.

Пред да ги испробате долу наведените препораките како ваши решенија, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на уредот се ажурирани со најновата верзија. Проверете како да го ажурирате софтверот на вашиот мобилен уред по следниот редослед.

Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.

Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Опкружени со звук со 360 Audio

Тридимензионално, функцијата 360 Audio обезбедува звук што ве опкружува од 360 степени за извонредно опкружување додека уживате во медиумите. Ги следи движењата на главата за да имате чувство дека звукот доаѓа од екранот со промена на волуменот на звукот на левата и десната слушалка.

 

Како функционира surround звукот од 360 стапени на слушалките Galaxy Buds Pro

Забелешка: Поддршката за функцијата 360 Audio може да варира во зависност од апликацијата и содржината на компатибилниот уред Samsung One UI 3.1 или понов.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Galaxy Wearable и допрете Напредно мени.

Чекор 2. Допрете 360 ​​Audio. Па подготвени сте за уживање во звук што Ве опкружува од 360 степени.

Функцијата 360 Audio во апликацијата Galaxy Wearable

Совети во случај на проблеми со звукот при употребата на функцијата 360 Audio

  • Проверете дали слушалките се правилно поставени во ушите

Ако при користењето на функцијата 360 Audio имате проблем со звукот, проверете дали слушалките се совршено поставени во ушите. Ако слушалките не ги носите правилно, тие може да не ја поддржуваат функцијата 360 Аудио, или квалитетот на звукот може да биде слаб.

Држете ги слушалките така што ќе ги гледате втиснатите знаци за насока, вметнете ги слушалките во ушите и потоа наместете ги со вртење додека не се сместат удобно во ушите. Сензорите чувствителни на допир ќе ги препознаат слушалките кога ги ставате. Потоа, слушалката ќе испушти звук кој ве известува дека е препознаена.

  • Проверете дали слушалките се близу до поврзаниот уред

Осигурете се дека слушалките и приклучениот уред се близу еден до друг. Препорачуваме оваа функција да ја користите на растојание од дофат на раката. Ако не, може да почувствувате дека звукот не се репродуцира непречено и повремено се исклучува.

Забелешки:

  • Оваа функција можеби не е поддржана поради начинот на репродукција на медиумите.
  • Кога сте во области со слаб прием на сигнал, врската со мобилниот уред може привремено да се изгуби.
  • Снимките на екранот и менито на уредот може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window