Како се употребува PowerShare на вашиот Galaxy телефон
Note10/Note10+ овозможува полнење преку друг уред без да мора да употребите полнач. Можете да го полните вашиот Note10/Note10+ и друг уред истовремено.
Полнење преку друг уред
Ако батеријата на нечиј уред е испразнета, автоматски можете да префрлите малку енергија од вашиот Note10/Note10+. Само активирајте ја опцијата Wireless PowerShare во панелот за известувања, а потоа поставете го другиот уред со задната страна точно во средината врз задната страна на вашиот Note10/Note10+. Кога ќе се префрли доволно енергија, само раздвојте ги или почекајте додека уредот не се наполни целосно.
Поддржува паметни телефони сертифицирани со WPC Qi и уреди за носење на телото од Samsung
- Телефони: Samsung или паметни телефони од друг бренд што поддржуваат безжично полнење (уреди сертифицирани со WPC Qi.). Различни уреди може да се полнат со различна брзина. ※ Уредите од други фирми може да варираат во зависност од поставките за уредот или дизајнот, дури и за уреди сертифицирани со WPC Qi
- Во случај на уред што се носи на телото, ограничено е само на уреди од Samsung (Gear S3/Sport, Galaxy Watch, Galaxy Watch Active, Galaxy Buds)
Забелешка: Локацијата на делот за полнење може да варира зависно од моделот на уред. Можеби ќе треба да ги подместувате уредите додека не се поврзат еден со друг.
Погледнете го нашето видео долу каде што е прикажано како функционира.
Додека вашиот Note10/Note10+ е приклучен со полнач со кабел, можете истовремено да полните уште еден телефон.
Следете ги чекорите долу за да го активирате двојното полнење:
Ефикасноста на безжичното полнење зависи од растојанието меѓу деловите за полнење вградени во уредите. Можеби ќе треба да ги подместувате уредите и да им ја менувате позицијата додека не се поврзат еден со друг.
Во зависност од типот на додатоци или футролата што ја употребувате на уредот, функцијата Wireless PowerShare може да не функционира правилно. Препорачуваме да ги отстраните сите додатоци и заштитни футроли пред да ја употребувате функцијата.
Исто така, проверете дали задните страни на уредите се чисти, односно дали има на нив прав, нечистотии или дали се мокри и тоа секојпат пред употребата на функцијата.
Забелешка: Само уредите што поддржуваат безжично полнење може да се полнат со помош на оваа функција. Брзината на полнење или ефикасноста може да варираат во зависност од состојбата на уредот или околната средина.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window