Проблеми при полнење со жичени полначи
Има неколку причини зошто не се полни телефонот со жичен полнач. Главно, најчестите проблеми се поврзани со каблите, полначите или адаптерите што се неисправни или некомпатибилни со уредот. Освен тоа, насобирањето прашина или нечистотија во портата за полнење на уредот, кабелот, адаптерот или компјутерот може да попречи при правилно полнење.
Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:
Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).
Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).
Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.
Проверка 1. Проверете го полначот или кабелот за полнење
Проверете дали полначот е овластен од Samsung и дали е компатибилен со Вашиот уред.
Дури и ако адаптерите или каблите за полнење се слични, квалитетот и брзината на полнење може да се разликуваат. За да го продолжите работниот век на уредот Galaxy, задолжително користете полначи и кабли за полнење овластени од Samsung што се компатибилни со Вашиот конкретен уред затоа што се наменети да го продолжат векот на батеријата. Ако користите производи што не се конкретно наменети за мобилни уреди (патни или стандардни полначи) или производи што не се овластени од Samsung, уредот може да се оштети или да не се полни правилно.
Проверете дали е оштетен адаптерот или кабелот за полнење
Проверете дали има оштетување на адаптерот или на кабелот за полнење. Ако забележите некакви проблеми, како на пример пукнатини или соголени жици, веднаш запрете со користење на кабелот. Каблите за полнење мора добро да влезат во портата за полнење и не треба да бидат лабави или лошо поставени. Откачете ги и пак поврзете ги сите кабли за полнење, УСБ-приклучоци и порти за полнење, а потоа проверете го поврзувањето.
Обидете се со различен адаптер или кабел за полнење
Ако нема забележливо оштетување, користете друг адаптер или кабел за полнење. Може да се обидете и да поврзете друг уред на адаптерот или кабелот за полнење за да проверите дали полни правилно.
Проверете дали има други проблеми
Доколку нема други проблеми со адаптерот или кабелот за полнење, проверете дали проблемот е во кабелот за напојување. Наместо да го полните уредот преку лаптоп или компјутер, обидете се преку штекер за струја.
Проверка 2. Исчистете ја туѓата нечистотија од портата за полнење
Една од најчестите причини за проблеми со полнењето е нечистотијата насобрана на портата за полнење. Ако се собере нечистотија или влакненца на портата за полнење, веројатно кабелот за полнење не ќе може да се поврзе правилно на терминалите за полнење на уредот. Тоа може да предизвика проблеми при полнењето.
Чекор 1. Вклучете го уредот.
Чекор 2. Видете во внатрешноста на портата за полнење со помош на светилка. Ако има прашина или нечистотија близу металниот терминал, тогаш е потребно чистење.
Чекор 3. Дувнете нежно во портата за полнење за да ги отстраните прашината и нечистотијата.
Чекор 4. Ако е целосно блокирана портата за полнење, побарајте професионална помош во најблискиот сервисен центар.
Проверка 3. Опција за брзо полнење
Ако уредот поддржува брзо полнење, тогаш се препорачува AFC (Приспособливо брзо полнење). Ако уредот се полни бавно, проверете дали е овозможена опцијата Брзо полнење на уредот.
Забелешка:
- Не може да ја овозможите или да ја оневозможите оваа карактеристика во тек на полнење.
- Брзото полнење нема да биде овозможено кога уредот ќе биде поврзан на компјутер или УСБ-уред што не поддржува Брзо полнење.
Проверка 4. Известување за грешка со забележана влага
Постои ризик да се предизвика оштетување во внатрешните струјни кола на уредот кога има влага на УСБ-портата или полначот. Ако се случи ова, уредот ќе Ве извести за влага или нечистотија. Дури и ако уредот е водоотпорен и отпорен на прашина, целосното сушење на уредот може да помогне при нормално функционирање на уредот.
Избришете го уредот со мека и чиста крпа или оставете го на добро проветрено место за да се исуши. Ако забележите проблеми со полнењето дури и при целосно наполнет уред, побарајте помош од професионален инженер.
Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат зависно од моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window