Како да ја користите функцијата за Помош за белешки на Galaxy S24
Функцијата за Помош за белешки на Galaxy S24 е дизајнирана да ја подобри ефикасноста на корисникот со поедноставување на задачите поврзани со фаќање белешки и организација. Меѓу другото, вклучува функции како што се автоматско форматирање, резимирање и преведување.
Забелешка: ако користите S Pen за да фаќате белешки, вашиот ракопис мора да биде читлив за Помош за белешки да даде оптимални резултати.
За да ги користите функциите во рамките на Помош за белешки, прво одете до функцијата.
- Автоматски формат
Функцијата Автоматски формат ги преструктуира вашите белешки за подобра читливост со користење на заглавија, точки и друго.
Забелешка: белешката мора да содржи најмалку 200 знаци за да функционира функцијата Автоматски формат.
* Исто така, можете да ја копирате или да додадете преформатираната белешка на постојната или на нова белешка. Дополнително, можете да ја замените оригиналната белешка со преформатираниот текст.
- Резимирај
Функцијата Резимирај ја анализира содржината на вашите белешки и создава кондензирана верзија што ги содржи сите клучни информации.
Забелешка: белешката мора да содржи најмалку 200 знаци за да функционира функцијата Резимирај.
* Исто така, можете да ја копирате или да ја додадете резимираната белешка на постојната или на нова белешка. Дополнително, можете да ја замените оригиналната белешка со резимираниот текст.
- Поправка на правописот
Функцијата за Поправка на правописот на Помош за белешки ги идентификува и ревидира правописните и интерпункциските грешки во вашите белешки. Сите направени промени ќе бидат подвлечени со сино.
* Исто така, можете да ја копирате или да ја додадете ревидираната белешка на постојната или на нова белешка. Дополнително, можете да ја замените оригиналната белешка со ревидираниот текст.
- Преведи
Преведи на Помош за белешки ги претвора вашите белешки од еден јазик во друг.
Забелешки:
- Во моментот на објавување, поддржани се 13 јазици (17 региони), а ќе се додадат повеќе јазици во идните ажурирања.
- Поддржани јазици (региони)
поедноставен кинески, англиски (Индија, Обединетото Кралство, САД), француски, германски, хинди, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски (Бразил), шпански (Мексико, Шпанија, САД), тајландски, виетнамски.
* Исто така, можете да ја копирате или да ја додадете преведената белешка на постојната или на нова белешка. Дополнително, можете да ја замените оригиналната белешка со преведениот текст.
Функцијата Генерирај насловна ви овозможува да создадете уникатни икони со сликички за вашите белешки за да можете да разликувате една група од друга, што го олеснува лоцирањето одредени белешки.
* Исто така, можете да го промените стилот или бојата на насловната така што ќе отворите белешка > икона за Повеќе опции (три вертикални точки) > Уреди насловна.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window