Како да користите Always On Display
Always On Display е карактеристика којашто ве одржува поврзани со тоа што ќе ви дозволи да ги гледате известувањата на екранот за заклучување без да го допирате телефонот. Можете, исто така, да го приспособите екранот за заклучување за да го прикажува само тоа што сакате да го видите, како што се датум, време, временска прогноза, календар или Bixby Routines. За да дознаете повеќе начини како да го направите Always On Display што е можно поефикасен, тогаш прочитајте во продолжение.
Како да го активирам Always On Display?
За да го активирате Always On Display, постапете според следниве чекори:
Имајте предвид:
- Always On Display и некои од неговите карактеристики се достапни само на одредени уреди. Ако Вашиот уред се разликува од прикажаните примери, веројатно не ќе можете да ги користите најновите карактеристики на Always On Display. Уверете се дека ја користите најновата верзија од софтверот.
- Активирањето на Режимот за штедење енергија ќе го оневозможи Always On Display. За да ја користите функцијата Always On Display, мора да ја го исклучите режимот за штедење енергија.
Како да ги променам поставувањата?
За да ги промените поставувањата за Always On Display, отворете Always On Display преку менито Поставувања. Оттаму изберете ги претпочитаните поставувања за Always On Display.
1. Изберете го претпочитаниот режим на прикажување:
- Допрете за да се прикаже: Always On Display ќе се прикаже неколку секунди кога ќе го допрете екранот.
- Прикажувај секогаш: Always On Display ќе биде прикажан цело време.
- Прикажи според распоред: Always On Display ќе се прикажува само во поставеното време. Допрете на „Постави распоред“ за да го поставите времето за почеток и крај на прикажување.
- Прикажи за нови известувања: Always on Display ќе прикажува само нови известувања.
2. Допрете на „Стил на часовник“, а потоа изберете ги претпочитаниот тип часовник од достапните стилови, бои и изгледи. Ако сакате, може да поставите Ваши сопствени фотографии или гиф-слики. Кога ќе завршите со приспособување на типот на часовникот, допрете на „Завршено“ за да го зачувате.
3. Допрете на преклопното копче за да активирате или деактивирате „Автоматска осветленост“.
4. Допрете на „Ориентација на екранот“, а потоа изберете „Исправено“ или „Пејзажно“.
5. Допрете на стрелката за назад за да ги зачувате промените.
Како да одберам кои апликации да се прикажуваат?
Ако е активна функцијата Always On Display, стандардно секогаш ќе ги прикажува часовникот и известувањата. Меѓутоа, секогаш можете да додадете други апликации за прикажување, како на пример музика, календар, временска прогноза или Bixby Routines ако ги следите следниве чекори:
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window