Како да ги решавате проблемите со микрофонот на телефонот Galaxy кога не го препознава гласот добро
Во тек на повик, ако излезниот звук е многу слаб или ако гласовните наредби за Bixby или Google Assistant не бидат препознаени добро, следете го водичот подолу за да проверите.
Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:
Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).
Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).
Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.
Проверка 1. Исчистете го микрофонот од телефонот
Можеби телефонот не може да го препознае добро вашиот глас ако отворот за микрофон е блокиран со туѓи предмети, како на пример заштитна облога што се прикачува или заштитна фолија од винил што се става на телефонот пред купување. Микрофонот се наоѓа на дното од телефонот. Проверете дали има туѓи тела што го блокираат отворот за микрофонот и обидете се пак откако ќе ја отстраните пречката.
Проверка 2. Рестартирајте го телефонот
Со престартување може едноставно да се реши проблемот. По рестаритањето, проверете го излезниот звук дури се јавувате или обидете се со наредба за Bixby или Google Assistant. Следете ги чекорите подолу за да го рестартирајте телефонот.
Чекор 1. Поминете со прстот надолу од врвот на телефонскиот екран за да го отворите Quick panel (Брз панел).
Чекор 2. Допрете на иконата Power (Напојување) па допрете на Restart (Pесетирај).
Чекор 3. Ако се престартува телефонот нормално, проверете дали се јавува повторно истиот проблем.
Проверка 3. Стартувајте го телефонот во Безбедносен режим
Обидете се да го користите микрофонот во безбедносен режим. Ако нема проблем во Безбедносен режим, може да се работи за проблем предизвикан од инсталирана апликација на телефонот од трета страна. За да пронајдете која апликација го предизвикува проблемот, може да ги деинсталирате апликациите по редослед од последната инсталација.
Чекор 1. Отворете Quick settings (Брзи поставки). Допрете на иконата Power (Напојување) на врвот од екранот.
Чекор 2. Допрете и држете на Power off (Исклучување) дури не се прикаже иконата Safe mode (Безбеден режим).
Чекор 3. Допрете на Safe mode (Безбеден режим). Ако сте влегле успешно во Safe mode (Безбеден режим), ќе видите дека Safe mode (Безбеден режим) ќе се прикаже на дното од екранот.
Забелешка: сликите од екраните на уредот и менијата може да се разликуваат според моделот на уредот и верзијата на софтверот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window