Како да ги решите проблемите со преземање во Google Play

Не можете да ја преземете апликацијата од Google Play Store или се прикажуваат пораки за случајна грешка? Ова е веројатно најчестиот проблем со кој се соочуваат корисниците на Андроид кога добиваат пораки за „преземање“ или „на чекање“.Но, не грижете се, еве неколку совети за тоа како лесно да ги решите проблемите поврзани со Google Play Store.

Пред да ги испробате следниве препораки за да го решите овој проблем, проверете дали софтверот на вашиот уред и потребните апликации се ажурирани. Проверете како да го ажурирате софтверот на мобилниот уред според следните чекори.
 

Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.

Чекор 2. Допрете Преземање и инсталација.

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Прво проверете ја вашата интернет врска

Во повеќето случаи, грешките на Google Play Store се јавуваат поради прекината интернет врска или бавна интернет врска. Ако користите мобилни податоци, обидете се да го поврзете уредот со силна Wi-Fi мрежа. Ако во апликацијата Google Play Store нема преземања додека сте поврзани на Wi-Fi мрежата, можеби ќе треба да се провери Wi-Fi мрежата. Како општо правило, пред да започнете да преземате нешто од апликацијата Google Play Store, прво проверете дали вашиот телефон има стабилна интернет врска.

 

Како да се провери интернет врската

Ако сте поврзани на Wi-Fi мрежа, Wi-Fi статусот се наоѓа на лентата и можете да проверите дали интернет врската е слаба или силна. Ако користите мобилни податоци, проверете дали сте ги вклучиле во Брзите поставки. Следете ги овие чекори и проверете дали вашите мобилни податоци се достапни.
 

Чекор 1. Повлечете со прст надолу од врвот на екранот за да ги отворите Брзите поставки.

Чекор 2. Вклучете ги Мобилните податоци.

Брзи поставки за вклучување мобилни податоци

Забелешка: Google Play Store презема само по една апликација. Ако друга апликација се инсталира или се ажурира, почекајте да заврши процесот.

Ако нема доволно простор за складирање, преземањето нема да успее. Следете ги овие чекори за да проверите дали има доволно простор за складирање.

 

Чекор 1. Одете во Поставки > изберете Поддршка за уредот.

Чекор 2. Најдете и изберете Складирање > допрете Напредно на дното на екранот.

Чекор 3. Проверете ја слободната меморија.

 

Ако вашиот уред има помалку од 1 GB слободна меморија, ќе треба да ослободите простор. За да ослободите простор, можете, на пример, да направите резервна копија на вашите слики и видеа на облак и потоа да ги избришете или можете да избришете непотребни апликации.

Бришењето податоци и кеш меморија може да го реши проблемот со преземањето во апликацијата Google Play Store. Следете ги чекорите подолу за да избришете податоци и кеш меморија.

 

Чекор 1. Одете во Поставки и изберете Апликации.

Чекор 2. На прикажаната листа на апликации, изберете Google Play Store.

Чекор 3. Допрете Складирање > Избриши податоци или Избриши кеш меморија.

Како да ги избришете кеш меморијата и податоците

Обидете се да се најавите на вашата сметка на Google со следниве чекори.


Чекор 1. Одете во Поставки > Сметки и резервна копија.

Чекор 2. Допрете Сметки > Сметка на Google.

Чекор 3. Допрете Отстрани сметка.

Како да отстраните сметка

Чекор 4. Додај сметка > Пријавете се на Google со вашата Google сметка и лозинката.

Уредот можете да го рестартирате на еден од следните начини.
 

Начин 1. Притиснете и задржете го копчето за Вклучување > Допрете Рестартирање на  појавувачкото мени.

Начин 2 Со прст повлечете надолу, преместете го менито и допрете го копчето за Вклучување > Допрете Рестартирање на појавувачкото менито.
 

Ако користите S20, можете да го исклучите уредот со истовремено притискање и држење на копчето за напојување и копчето за намалување на јачината на звукот.

Забелешка: Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window