Како да ги синхронизирате контактите со Вашата сметка на Google и да ги прегледате

Телефонот Galaxy може да ги синхронизира контактите со многу различни услуги. Може да ги проверите и користите контактите зачувани на вашата сметка на Google со синхронизација на вашиот телефон. Кога контактите се синхронизираат со вашата сметка на Google, тие автоматски се синхронизираат сè додека сте поврзани на Интернет.

Пред да ги испробате препораките наведени подолу, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на уредот се ажурирани во најновата верзија. За да го ажурирате софтверот на вашиот мобилен уред, следете ги овие чекори:

Чекор 1. Одете во Поставки (Settings) > Ажурирање на софтвер.

Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај (Download and install).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Како да ја синхронизирате сметката на Google во апликацијата Контакти

 

За да ја синхронизирате сметката на Google, прво проверете дали сте поврзани на Интернет и потребна ви е сметката на Google. Следете ги чекорите подолу за да ги синхронизирате контактите на вашата сметка на Google со контактите на вашиот телефон.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Контакти и потоа допрете ја иконата Мени (трите хоризонтални линии).

Чекор 2. Допрете на Управување со контакти. 

Синхронизиција на контакти - чекор 1

Чекор 3. Изберете Синхронизација на контакти.

Чекор 4. Допрете го прекинувачот за да ја активирате вашата Сметка на Google.

Синхронизација на контакти - чекор 2

Чекор 5. Допрете Синхронизација за да започнете да ги синхронизирате контактите со вашата сметка на Google.

Синхронизиција на контакти - чекор 3

Откако ќе заврши синхронизацијата, Контактите зачувани во вашата сметка на Google се увезуваат во апликацијата Контакти. Можете да ги прегледувате не само контактите зачувани на вашиот телефон, туку и контактите увезени од вашата сметка на Google.

Забелешка:

  •   Може да додадете и повеќе сметки на Google ако изберете + Додај сметка
  •  Пред да синхронизирате, најавете се на вашата сметка на Google во веб-прелистувачот и направете резервна копија од контактите однапред. Контактите може да се избришат заради грешки во синхронизирањето, а откако ќе се избришат, контактите не можат да се обноват.

Ако сакате да ја поставите вашата сметка на Google како стандардна локација за складирање контакти, секој пат кога ќе зачувате нов контакт на вашиот телефон, тој ќе се синхронизира и зачувува на вашата сметка на Google. За да ја поставите вашата сметка на Google како стандардна локација за складирање:

Чекор 1. Изберете Поставете стандардна локација за складирање во менито Управување со контактите.

Чекор 2. Изберете Сметка на Google.

Поставување на стандардна локација за складирање

Забелешка: Кога креирате нов контакт, ако локацијата за складирање е поставена на Мој телефон или на друга сметка, тој нема да се зачува на сметката на Google.

Кога и да креирате нов контакт на вашиот телефон, можете да изберете каде ќе се зачува контактот. Ако изберете Сметка на Google и зачувате нов контакт, тој ќе се синхронизира со вашите контакти во вашата сметка на Google и може да се гледа на веб-страницата на Google. За да ги видите вашите синхронизирани контакти на Google, следете ги чекорите подолу.

Чекор 1. Пристапете до веб-страницата на Google преку веб-прелистувач.

Чекор 2. Откако ќе се најавите на вашата Сметка на Google, допрете ја иконата Профил.

Чекор 3. Допрете Управување со вашата сметка на Google.

Чекор 4. Допрете Луѓе и споделување и изберете Контакти.

Чекор 5. Ќе можете да ги видите сите информации за контактите зачувани на вашата Сметка на Google.

Забелешка: Локацијата на контактите и името на менито на веб- страницата на Google може да се променат во согласност со политиката на Google.

Забелешка: Снимките на екранот и менијата на уредот може да варираат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Ако имате тешкотии со мобилните телефони на Samsung, таблетите или уредите што се носат, можете да ни испратите прашање во апликацијата Samsung Members.

Ова ни овозможува да разгледаме подетално што се случува. Податоците се анонимни и се чуваат само за време на проверката. Дознајте повеќе за испраќање на извештај за грешка преку „Како се користи апликацијата Samsung Members“.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window