Како да снимате видеа со режимот SuperSteady од Galaxy
SuperSteady е функција на акционата камера која ви овозможува да снимате стабилни видеа кога се движите со голема брзина. Во такви ситуации, функцијата SuperSteady од Galaxy овозможува стабилно снимање како да користите гимбал или уред за стабилизација.
Како да го активирате режимот SuperSteady на Galaxy
Имајте предвид:
- Режимот SuperSteady може да ги намали брзините на затворање на блендата и тоа може да влијае врз квалитетот на видеото и да генерира шум на сликата при слаба осветленост. Потрудете се SuperSteady секогаш да го користите во добро осветлени средини.
- При абнормални услови на осветлување (како што е флуоресцентно осветлување), режимот SuperSteady може да ги зголеми брзините на затворање на блендата, а зачестеноста на треперењето може да предизвика појава на црни ленти на екранот.
- Акционата камера со Super Steady може да снима во резолуција QHD/FHD и не може да се користи истовремено со опцијата за видео HDR10+.
- Кога ќе се активира режимот SuperSteady, се препорачува да снимате со растојание од најмалку еден метар помеѓу камерата и фокусната точка. Снимањето на блиско растојание или со режим на зумирање од 0,6 пати може да предизвика замаглен екран.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window