Како да го ресетирате паметниот телефон користејќи ги претходниот PIN, лозинка или шема за заклучување на екранот
Ако сте ги заборавиле новиот PIN, лозинката или шемата за заклучување на екранот во рок од 72 часа од поставувањето, може да ги употребите претходните за да го отклучите својот паметен телефон.
Ве молиме имајте предвид: оваа карактеристика е достапна само на паметни телефони што работат на софтверот One UI 6.1 (или на понова верзија).
Услови за ресетирањето со користење на претходното заклучување на екранот
- Достапно само во рок од 72 часа од поставувањето на новиот PIN, лозинка или шема.
- Екранот се заклучува со помош на PIN, лозинка или шема, со или без биометрија.
- Штиклирано е полето Избриши го претходниот PIN сега.
Како се користи карактеристиката „Ресетирање со користење на претходното заклучување на екранот“?
По пет неуспешни обиди за внесување на Вашиот PIN, лозинка или шема, ќе се појави порака Ги заборавивте PIN-кодот/лозинката/шемата?.
Како да го избришам претходниот PIN, лозинка или шема?
При поставување нов PIN, лозинка или шема,се појавува екран со опција Избриши го претходниот PIN/лозинка/шема сега. Изберете ја опцијата и допрете OK ако сакате да го избришете претходното заклучување на екранот.
Ве молиме имајте предвид: полето Избриши го претходниот PIN сега не треба да биде штиклирано за да функционира карактеристиката „Ресетирање со претходното заклучување на екранот“.
Што треба да направам ако ги имам заборавено и претходниот PIN, лозинка или шема?
Можеби ќе мора да закажете поправкаи да се изврши ресетирање на фабричките поставки во сервисен центар. Ова ќе ги избрише сите податоци, па затоа се препорачува секогаш да правите резервна копија на своите податоци.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window