Како да управувате со датотеките на телефонот Galaxy

Уредите Galaxy имаат апликација Мои датотеки за пристап и управување со датотеки, како што се документи, слики, видеа, аудио записи, како и преземени датотеки. Датотеките може да ги преместите на микро SD картичка или на услугата Облак ако уредот нема доволно внатрешна меморија.

Пред да ги испробате препораките наведени подолу, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на уредот се ажурирани во најновата верзија. За да го ажурирате софтверот на вашиот мобилен уред, следете ги овие чекори:

Чекор 1. Одете во Поставки (Settings) > Ажурирање на софтвер.

Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај (Download and install).

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Како да ги најдете преземените датотеки

Апликацијата Мои датотеки автоматски ги организира вашите датотеки во категории, па така лесно можат да се најдат. Преземените датотеки можете да ги најдете во табулаторот Преземања.

1. чекор Стартувајте ја апликацијата Мои датотеки.

2. чекор  Допрете Преземања во Категориите. Потоа ќе ги видите преземените датотеки.

Преземени датотеки

Забелешка: Во Моите датотеки нема да биде достапна целата преземена содржина. Содржината што е преземена во рамките на апликација streaming што овозможува слушање или гледање офлајн, нормално ќе биде достапна само во самата апликација. Ова најчесто се должи на ограничувањата на авторските права. На пример, преземено видео од YouTube може да се најде и репродуцира само преку апликацијата YouTube.

Ако вашиот уред има слот за SD-картичка и SD-картичката е во него, можете да ги преместите вашите датотеки и папки од внатрешното складирање во SD-картичката.

 

1. чекор  Стартувајте ја апликацијата Мои датотеки.

2. чекор  Пронајдете ги датотеките или папките што сакате да ги преместите.

① Пребарување: Допрете ја иконата за да пребарувате датотека по име.

② Неодамнешни датотеки: Тука се прикажуваат неодамна користените датотеки. Допрете ја последната датотека за да ги видите сите неодамнешни датотеки.

③ Категории: Зачуваните датотеки на вашиот уред се организирани во категории врз основа на типот на датотеката.

④ Локации за складирање: Во зависност од тоа како го користите уредот, вашите датотеки може да се чуваат на различни локации. Допрете една од опциите за складирање за да ги видите сите датотеки што се зачувани во неа.

Преместување на датотеките

3. чекор  Допрете и задржете за да ги изберете датотеките или папките, а потоа допрете Помести или Копирај.

4. чекор  Вратете се на главниот екран на апликацијата Мои датотеки и потоа допрете SD-картичка.

Преместување на датотека

5. чекор  Во SD-картичката одете до папката во која сакате да ги преместите датотеките или папките, а потоа допрете Премести тука за да го завршите преместувањето.

Преместување на датотеки

Забелешка: Од моделите на Galaxy S21 не е вклучен слот за SD-картичка.

1. чекор  Отклучете го мобилниот уред и потоа поврзете го на вашиот компјутер или лаптоп користејќи USB кабел.

2. чекор  Ако за прв пат ги поврзете овој уред и компјутерот, можеби ќе треба да дадете дозвола за врската. Допрете Дозволи на скокачкиот прозорец на мобилниот уред.

3. чекор  Стандардно, поврзувањето е конфигурирано за пренос на датотеки. За пренос на датотеки, проверете дали сте избрале Пренесување датотеки / Android Auto. Поставките за режимот USB се достапни ако допрете на USB известувањето на Брзиот екран на вашиот уред.

Преместување на датотеки

4. чекор  Сега можете да ја користите апликацијата File Explorer на вашиот компјутер за да пребарувате и копирате датотеки.

Преместување на датотеки

Ако вашиот уред нема доволно простор или има датотеки што не ви се потребни, можете да ги избришете од апликацијата Мои датотеки.

1. чекор  Отворете ја апликацијата Мои датотеки и пронајдете ја датотеката што сакате да ја избришете.

2. чекор  Допрете и задржете го прстот на датотеката за да ја изберете.

Бришење на датотека

3. чекор  Допрете Избриши.

4. чекор  Допрете Премести во отпад. Датотеката ќе остане во Отпадот 30 дена пред трајно да биде избришана.

Бришење на датотека

Забелешка: Функцијата Отпад може да не е поддржана кај некои модели на уреди.

Функцијата Отпад во Моите датотеки треба да биде вклучена по зададени поставки, но за секој случај треба да проверите дали е вклучена.

1.  чекор  Отворете ја апликацијата Мои датотеки и допрете Повеќе опции (трите вертикални точки).

2. чекор  Одберете Поставки.

Бришење на датотека

3. чекор  Проверете дали прекинувачот до Отпадот е вклучен.

Бришење на датотека

Забелешка: Снимките на екранот и менито на уредот може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Ако забележите дека мобилните телефони на Samsung, таблетите или уредите што се носат работат невообичаено, можете да ни испратите прашање по пат на апликацијата Samsung Members.

Ова ни овозможува да разгледаме подетално што се случува. Податоците се анонимни и се чуваат само за време на проверката. Дознајте повеќе за испраќање на извештај за грешка преку „Како се користи апликацијата Samsung Members“.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window