Како да поправите неочекувани исклучувања на Samsung Galaxy Tab
Може да биде незгодно и фрустрирачки кога вашиот Samsung Galaxy Tab неочекувано се исклучува, особено за време на негово користење. Следете го ова упатство за да идентификувате што предизвикува исклучување на вашиот таблет и како да спречите тоа да се повтори.
1. Затворете ги апликациите што трошат најмногу батерија
Ако нивото на батеријата на вашиот Galaxy Tab е ниско, апликациите што бараат повеќе енергија може да го принудат неочекувано да се исклучи.
- Затворете ги апликациите
- Поставете ограничувања за користење во заднина
Забелешка: ажурирањата и известувањата може да доцнат ако овозможите Огранич. за користење во заднина.
2. Проверете го копчето за напојување или страничните копчиња
- Отстранете ги футролата и додатоците што може да ги покријат копчињата на уредот.
- Притискањето на одредена комбинација на копчиња повеќе од 5 секунди ќе го исклучи уредот.
- Проверете го копчето за напојување или страничните копчиња за да се уверите дека тие се движат непречено. Кога ќе ги притиснете копчињата, треба да слушнете мал, но јасен звук на кликнување.
- Ако некое копче е заглавено, може да предизвика брзо празнење на батеријата преку често вклучување и исклучување на екранот.
3. Наполнете го Galaxy Tab со Samsung полнач
За да избегнете проблеми со напојувањето и полнењето, се препорачува да користите оригинален Samsung полнач и USB-кабел за полнење на Samsung Galaxy таблетот.
Функцијата за автоматско рестартирање помага да се одржи вашиот таблет Samsung Galaxy во добра состојба со периодично рестартирање на таблетот. Може да се овозможи и оневозможи по потреба и ќе се појави само кога таблетот не се користи.
Безбеден режим ви овозможува да го стартувате таблетот со оневозможување на сите претходно инсталирани апликации од трети страни. Така, само стандардните апликации на Samsung ќе бидат активни, што ќе ви овозможи да одредите дали проблемите се предизвикани од апликации од трети страни.
1. Отворете го менито за напојување.
- На таблети со стандардно копче за вклучување, притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се прикаже Безбедниот режим.
- На таблети без копче за вклучување, следете ги упатствата подолу:
2. Користете го таблетот за да одредите дали проблемот е решен. Ако таблетот работи нормално, тогаш најверојатно причината за проблемот е неодамна инсталираната апликација.
- Ако проблемот е решен додека сте во Безбеден режим: треба да ги деинсталирате неодамна инсталираните апликации.
- Ако проблемот продолжи да се појавува додека сте во Безбеден режим: можеби ќе треба да закажете состанок со сервисен центар на Samsung.
3. Рестартирајте го таблетот за да се вратите во нормален режим на работа.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window