Како да ги најдете корисните функции на Samsung тастатурата на Вашиот телефон

Еве неколку корисни функции ако ја користите Samsung тастатурата. Лесно можете да поништувате и повторувате со само два прста, а и може да ја користите функцијата за превод, функцијата за препознавање глас, а со Samsung Pass лесно минувајте преку тастатурата. Погледнете го упатството дадено подолу.

Пред да се обидете со препораките дадени подолу, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на Вашиот уред се ажурирани до најновата верзија. За да го ажурирате софтверот на Вашиот мобилен уред следете ги овие чекори: 

Чекор 1. Одете на Поставки > Ажурирање софтвер.

Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.

Чекор 3. Следете ги упатствата дадени на екранот.

Наместо да го допирате копчето за бришење кога сакате да го избришете напишаното, може да лизгајте налево на тастатурата со два прста за да го поништите. Ако сакате повторно да го вратите избришаниот текст, лизгајте надесно на тастатурата со два прста за да го вратите избришаниот текст.

  • Поништи: Лизгајте налево.
Поништување преку тастатура.
  • Повтори: Лизгајте надесно.
Повторување преку тастатура.

Постои полесен и побрз начин да ги смените поставките за видот на формат на тастатура кога ја користите Samsung тастатурата. Нема потреба да ги отворате поставките на почетниот екран за да ги најдете. Ако сакате да го смените форматот на тастатурата додека ја користите Samsung тастатурата, следете ги следниве чекори.

Формат на тастатура чекор 1. Формат на тастатура чекор 1.

Чекор 1. Допрете на иконата за тастатура која се наоѓа на дното на тастатурата.

Формат на тастатура чекор 2. Формат на тастатура чекор 2.

Чекор 2. Допрете на иконата за поставки која се наоѓа на десната страна на Samsung тастатурата.

Формат на тастатура чекор 3. Формат на тастатура чекор 3.

Чекор 3. Допрете на јазик и видови.

Формат на тастатура чекор 4. Формат на тастатура чекор 4.

Чекор 4. Изберете го јазикот што го користите.

Формат на тастатура чекор 5. Формат на тастатура чекор 5.

Чекор 5. Изберете го видот јазик за влез што го користите.

Може да ја користите функцијата за преведување на Samsung тастатурата. Следете ги следниве чекори за лесно да преведувате користејќи ја Samsung тастатурата.

Преведување преку тастатура чекор 1. Преведување преку тастатура чекор 1.

Чекор 1. Допрете на повеќе опции (три хоризонтални точки) на горниот десен агол на тастатурата.

Преведување преку тастатура чекор 2. Преведување преку тастатура чекор 2.

Чекор 2. Изберете преведување.

Преведување преку тастатура чекор 3. Преведување преку тастатура чекор 3.

Чекор 3. Изберете го јазикот што сакате да го внесете и јазикот што сакате да го преведете.

Преведување преку тастатура чекор 4 Преведување преку тастатура чекор 4

Чекор 4. Впишете го текстот и допрете го копчето за преведување.

Samsung тастатурата Ви овозможува да внесувате долги текстови преку говорење. Следете ги следниве чекори.

Чекор 1. Допрете на иконата за микрофон која се наоѓа на горниот дел на тастатурата.

Чекор 2. Веднаш изговорете го она што сакате да се напише, а потоа допрете ја движечката икона за микрофон. Она што ќе го изговорите ќе се конвертира во текст и правилно ќе се внесе.

Внесување текст на тастатура преку говор чекор.

Ако користите Samsung Pass на Вашиот Galaxy телефон, можете практично да го извадите Samsung Pass и да го користите, истовремено користејќи ја Samsung тастатурата. Следете ги следниве чекори за лесно и практично да внесувате информации кои безбедно се складираат во Вашиот Samsung Pass.

Чекор 1. Допрете на повеќе опции (три хоризонтални точки) на горниот десен агол на тастатурата.

Чекор 2. Изберете ја иконата Samsung Pass

Чекор 3. Откако ќе се утврди Вашиот идентитет, ќе се прикаже бројот на сметката кој е зачуван во Samsung Pass. Допрете на бројот на сметката и тој ќе се внесе во полето за текст. Покрај тоа, може да се зачувуваат и повикуваат и други информации за картички, адреси и ID и лозинки.

Откријте повеќе за Samsung Pass на веб-страницата на Samsung.

Напомена: Екранските снимки и менијата може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Како да ја користите апликацијата Samsung Members

Ако искусувате тешкотии со Вашиот Samsung мобилен телефон, таблет или носиви електронски уреди, може да ни испратите прашање преку апликацијата Samsung Members. Откријте повеќе за тоа како да испратите извештај за грешка.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window