Како да го најдете бројот на моделот, серискиот број или бројот на IMEI на телефонот.
Сите мобилни уреди имаат уникатен идентитет што се состои од број на IMEI, сериски број и број на модел. Зависно од моделот на уредот, има неколку различни начини за да ја дознаете оваа информација.
Пред да се обидете со препораките дадени во продолжение, задолжително проверете дали софтверот на уредот и поврзаните апликации се ажурирани до најновата верзија. За ажурирање на софтверот од мобилниот уред, постапете според следниве чекори:
Чекор 1. Одете на Settings (Поставки) > Software update (Ажурирање на софтверот).
Чекор 2. Допрете на Download and install (Преземи и инсталирај).
Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.
Кој е бројот на моделот, серискиот број и бројот на IMEI
Серискиот број е уникатен број доделен од производителот (на пример Samsung) за помош при идентификација на поединечен уред, како телефон, таблет, телевизор и така натаму. На пример, серискиот број на вашиот телефон ќе биде различен од секој друг телефон што го направил Samsung. Серискиот број им ја олеснува работата на производителите за да ги организираат и следат нивните производи.
Од друга страна, IMEI или MEID се користи само за телефони или други комуникациски уреди. Во зависност од операторот, уредот ќе има или IMEI или MEID. Овие два броја се различни од серискиот број. Нив ги користат на меѓународно или глобално ниво, и тоа не само производителите. Двата типа броеви може да им помогнат на операторите да следат украден или загубен уред.
Бројот на моделот е специфичен број што се применува на широк опсег производи (т.е., Galaxy Note20, Galaxy Z Fold2, итн.). Бројот ќе се разликува зависно од годината на издавање, според бојата, операторот и некои други фактори. Секој модел што спаѓа во оваа категорија (иста боја, итн.) ќе го има истиот број на модел.
Чекор 1. Одете до Settings (Поставyвњa) и допрете на About phone (За телефонот).
Чекор 2. Деталите во врска со бројот на телефонот, IMEI, бројот на моделот и серискиот број ќе се прикажат на екранот.
Забелешка:
- Кај уреди од постари верзии, веројатно ќе треба да допрете на Status (Статус) за да ги видите овие податоци.
Зависно од уредот, бројот на IMEI, серискиот број и бројот на моделот може да бидат отпечатени на задната страна или под батеријата што се вади. Кај уреди со батерија што се вади, бројот на IMEI ќе биде на различни места зависно од моделот. Обично е наведен под батеријата, отпечатен на телефонот до дното на уредот.
Чекор 1. Видете на задната страна од уредот.
Чекор 2. IMEI, серискиот број и бројот на моделот се отпечатени на задната страна од уредот.
Забелешка:
- повеќето современи уреди имаат батерија што не се вади. Ако на вашиот уред не се вади батеријата, не обидувајте се да ја извадите затоа што може да го оштетите уредот и да ја поништите гаранцијата.
Чекор 1. Отворете ја апликацијата Phone (Телефон).
Чекор 2. Изберете *#06# на тастатурата.
Чекор 3. Деталите за IMEI и сериски број на уредот автоматски ќе се појават на екранот.
Забелешка: достапните поставки и екрани може да се разликуваат во зависност од давателот на безжични услуги, од верзијата на софтверот и од уредот.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window