Како да спречите случаен допир на смартфонот Galaxy

Ситуацијата кога случајно ќе повикате некого или ќе испратите порака додека вашиот телефон е во џеб или торба може да биде непријатна. Но, за вас веќе нема непријатности бидејќи вашиот телефон веќе има опција да ги спречи случајните повици. Во текстот подолу проверете што можете да направите за екранот да остане неактивен и да избегнете случајно допирање на екранот.

Пред да ги испробате следниве препораки за да го решите овој проблем, проверете дали софтверот на вашиот уред и потребните апликации се ажурирани. Проверете како да го ажурирате софтверот на уредот според следните чекори.

 

Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.

Чекор 2. Допрете Преземање и инсталација.

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

Како да ја вклучите заштитата од случајни допири

Чекор 1. Одете во Поставки > допрете Екран.

Чекор 2. Допрете го прекинувачот до Заштита од случаен допир за активирање на опцијата.

Како да се исклучи отклучување со отпечаток од прст на телефонот Galaxy Z Flip

 

 

Кај телефонот Galaxy Z Flip постои начин да се избегнат случајни допири со исклучување на поставката „Отклучување со отпечаток од прст“. 

 

Чекор 1. Отворете Поставки.

Чекор 2. Побарајте и изберете Отклучување со отпечаток од прст.

Чекор 3. Ако веќе сте го зачувале отпечатокот од прст, оваа опција можете да ја исклучите со допир на прекинувачот до Отклучување со отпечаток од прст.

Откако ќе вклучите Заштита од случаен допир, во темница можете да видите мало трепкачко светло големо колку пиксел на врвот на телефонот. Кога ќе го допрете екранот додека е вклучена опцијата за заштита од случаен допир и опцијата Always On Display е поставена на „Допри за приказ“, се појавува такво мало светло.

 

Тоа се случува зашто поради активираната опција Заштита од случаен допир се активира сензорот за близина и тоа не претставува дефект на производот. На некои модели кои имаат сензор за близина зад екранот, сензорот се вклучува за да утврди дали телефонот е во вашиот џеб кога екранот е вклучен во темна околина (10 лукса или помалку). Кога сензорот за близина работи, феноменот на трепкачко светло се јавува поради фотоелектричниот ефект. Со други зборови, треперењето на светлото сигнализира работа на сензорот со кој се спречува неправилно работење на телефонот. Колку е светлината на екранот ставена на поголем степен, толку е појако трепкачкото светло.

 

Моделите со сензор за близина поставени зад екранот се следниве:·       Galaxy A91, Galaxy A90 5G, серија Galaxy Note10, серија Galaxy S20, Galaxy Z Flip

Забелешка: Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Ако забележите невообичаено однесување на мобилните телефони, таблети или носиви уреди на Samsung, можете да ни поставите прашање преку апликацијата Samsung Members.

 

Така ќе можеме подобро да видиме што се случува. Податоците се анонимни и се чуваат само додека трае истрагата. Дознајте повеќе за тоа како да поднесете извештај за грешка во упатството Kako koristiti aplikaciju Samsung Members.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window