Како се става заштитна фолија на Galaxy Z Fold4

Дознајте како се става заштитна фолија на Galaxy Z Fold4 за да го заштитите екранот и да го одржувате во одлична форма постојано.

Видеотуторијал за ставање заштитна фолија Видеотуторијал за ставање заштитна фолија

За да ја ставите заштитната фолија на Galaxy Z Fold4 следете ги следниве чекори: 

1 Извадете ги сите делови од кутијата. Заштитните делови за екранот на Galaxy Z Fold4 5G се состојат од: заштитна фолија (2 листа), упатства, 2 отстранувачи на прашина, микрофиберен чистач, 1 валјак и апликатор.
2 Отстранете ја заштитната лента од апликаторот.
3 Убаво наместете го телефонот во апликаторот.
4 Убаво избришете го екранот на телефонот со микрофиберниот чистач.
5 Ставајте ги и тргајте ги отстранувачите на прашина еден по еден од екранот за да ги исчистите сите честички прашина.
6 Отстранете ја сината заштитна лента од задниот дел на заштитната фолија (во средината) и добро вметнете ја во жлебот за прицврстување на апликаторот.
7 Лизгајте го отстранувачот на заштитната лента лево/десно со валјакот.
8 Туркајте го валјакот нагоре додека го кревате горниот дел од заштитната фолија за да ја отстраните сината заштитна лента и да ја прицврстите на екранот.
9 Користете ги истите чекори за да ја прицврстите долната заштитна фолија.
10 Откако ќе ги прицврстите и горниот и долниот слој, поминете убаво со валјакот врз целата заштитна фолија со валјакот.
11 Отстранете ја проѕирната заштитна фолија на горниот дел од заштитната фолија и избришете ја со средството за чистење.

Имајте предвид: Откако ќе ја наместите заштитната фолија може да се појави линија на средината на екранот, која ќе исчезне по одреден период.

Благодариме за повратните информации